Спорт
Ванкувер осми натпреварувачки ден
Алпско скијање Супер Џи (жени): Андреа Фишбахер од Австрија освои злато со време од 1.20.14 пред Тина Мазе од Словенија која освои сребро, а бронза освои американската Линдзи Вон.
Алпско скијање Супер Џи (жени): Андреа Фишбахер од Австрија освои злато со време од 1.20.14 пред Тина Мазе од Словенија која освои сребро, а бронза освои американската Линдзи Вон.
Ски скокови индивидуално (мажи): Симон Аман од Швајцарија освои злато пред Адам Малиш од Полска и Грегор Шлирензауер од Австрија.
Крос Кантри 30 километри (15 класично и 15 километри слободно- мажи): Маркус Хелнер од Шведска со време од 1.15.11 освои злато пред Тобијас Ангедерер од Германија а Јохан Олсон го освои бронзениот медал.
Брзо лизгање на 1500 метри(мажи): Марк Тутерт од Холандија освои злато со време од 1.45.57, Шани Дејвис до САД освои сребро. Бронзата ја освои Хавард Боко од Норвешка.
Брзо лизгање на 1500 метри (жени): Јанг Зоу од Кина го освои златото со време од 2.42.80 пред Еун Бул Ли од Јужна Кореја и Сунг Хи Парк од Јужна Кореја.
Брзо лизгање 1000 метри (мажи): Јунг Су Ли од Јужна Кореја го освои златниот медал пред Хо Сук Ли исто така од Јужна Кореја кој освои сребро и Антон Охно од САД кој освои бронза.
Карлинг (мажи): Норвешка- Данска 6:3, Франција- Германија 4:9, Кина- Велика Британија 4:9, Шведска- САД 7:8, Шведска- Франција 4:5, Канада- Велика Британија 7:6, Русија- Словенија 4:2.
Карлинг (жени): Шведска- Русија 1:10, САД- Велика Британија 6:5, Данска- Швајцарија 7:8, Германија- Кина 7:9,
Хокеј на мраз Група Ц (мажи): Германија- Белорусија 3:5.
Хокеј на мраз Група Б (мажи): Латвија- Словачка 0:6.
Хокеј на мраз Група а (мажи): Норвешка- Швајцарија 4:5.
Хокеј на мраз (жени): Швајцарија- Кина 0:6./крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Васкес ќе го продолжи договорот со Реал
Реал Мадрид речиси сигурно ќе го продолжи договорот со Лукас Васкез.
Реал ги прекина преговорите за нови договори до крајот на сезоната, бидејќи се очекува тимот да играа во финалето на Лигата на шампионите. Тимот оваа сезона ја освои титулата во Примера и игра во полуфиналето на Лигата на шампионите.
На многу играчи им истекуваат договори на крајот од сезоната и тренерот Карло Анчелоти треба да донесе одлука за составот за следната сезона, а како што пренесоа денеска шпанските медиуми, тренерот сака Васкез да остане уште една година.
Фудбалерот и управата сакаат соработката да продолжи, а Васкез се истакна со своите настапи во претходните недели.
Васкез ќе наполни 33 години во јули и е подготвен за 10-та сезона во Реал Мадрид, а двете страни се блиску до договор.
Се очекува Начо Фернандез и Лука Модриќ да го напуштат Сантијаго Бернабеу.
Спорт
Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер ќе отсуствува три недели поради повреда на мускулот.
Мегваер се повреди на тренинг, има шанса да игра во финалето на ФА Купот, а како што денеска објави „Скај Спортс“, се очекува да биде подготвен за Европското првенство.
Финалето на ФА Купот меѓу бранителот на титулата Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе се одигра на 25 мај во Лондон.
Европското првенство е закажано од 14 јуни до 14 јули во Германија.
Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг има големи проблеми во последната линија на тимот, бидејќи се повредени Рафаел Варан, Лисандро Мартинес и Виктор Линделоф.
Дефанзивецот Џони Еванс се врати на тренинзите но неизвесно е дали ќе биде во составот за натпреварот вечерашниот напревар Кристал Палас.
Спорт
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
Тони Надал, поранешниот тренер на Рафаел Надал, крена голема прашина со изјави за трката за најдобриот тенисер на сите времиња. Најчесто вујкото на Надал ги омаловажува успесите на Новак Ѓоковиќ.
Искусниот стручњак, кој ја прекина соработката со Надал во 2017 година, изјави дека Новак Ѓоковиќ постигнал се што имал, пред се затоа што за разлика од неговите ривали „не живее нормален живот“.
„Мислам дека Новак Ѓоковиќ беше мотивиран од желбата да напише приказна, да стане најдобар играч во историјата, додека Рафа, од друга страна, секогаш живеел сосема нормален живот. Рафа игра тенис, но живее нормално, јаде, игра фудбал и се занимава со други активности Се сеќавам на еден тренинг кога неговиот менаџер ни кажа дека Рафа не е професионален, а мојот одговор беше дека не ни сакам да биде, туку дека е доволно што дава се од себе кога е на теренот и дека во слободното време може да живее како и секој друг маж“, вели Тони.
Според него, Новак бил далеку повеќе фокусиран на деталите, поради што толку долго е во самиот врв на светскиот тенис.
„За разлика од Рафа, Новак е многу внимателен што јаде, како го поминува слободното време и има сосема поинаква визија од Рафа и Роџер. На крајот, сите тројца сакаа да бидат најдобри досега, а најважното нешто во тоа приказната беше колку се спремни да се жртвуваат“, заклучи искусниот тренер.