Свет
Кофи Анан избран за специјален пратеник на ОН во Сирија
Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Кофи Анан назначен е за заеднички специјален пратеник на Обединетите нации и Арапската лига на Сирија во очи на почетокот на првата голема конференција посветена за таа земја која ја бојкотираат Русија и Кина.
Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Кофи Анан назначен е за заеднички специјален пратеник на Обединетите нации и Арапската лига на Сирија во очи на почетокот на првата голема конференција посветена за таа земја која ја бојкотираат Русија и Кина. Во заедничкото соопштение на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун и Набила ал-Арабија се наведува дека наскоро ќе биде наименуван и негов помошник. Именувањето е резултат на се поголемиот притисок на меѓународната заедница да се запре крвопролевањето во Сирија во која од почетокот на март лани загинале 7 600 луѓе. Задачана на Кофи Анан ќе биде да посредува во воспоставување на мирот и прекин на насилствата како и да се промовира мирно решение за сириската криза. Токму и тие прашања ќе бидат на дневен ред на конференцијата во Тунис на која околу 60 земји учесници ќе утврдат план за пружање на меѓународна хуманитарна помош на сирискиот народ.Конференцијата ја организира Арапската лига а Русија и Кина ставија вето на две резолуции на Советот за безбедност на ОН со кои се бара сирискиот претседател Башар Асад да ја напушти власта. Крај.бета.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Напад за време на вечерна молитва во Нигерија, има мртви и повредени
Во напад за кој се сомнева дека е извршен од бомбаш самоубиец врз џамија во нигериската држава Борно, се стравува дека има повеќе мртви и повредени. Силна експлозија одекнала за време на вечерната молитва во Мајдугури, главниот град на таа федерална држава, пишува Би-Би-Си.
Очевидци велат дека експлозијата се случила додека џамијата била полна со верници. Според првите неофицијални извештаи, најмалку седум лица загинале, но властите сè уште не издале официјална потврда за бројот на жртви.
A bomb exploded inside a mosque in Nigeria, resulting in many casualties and injuries. pic.twitter.com/G6Q976uS4z
— NEXTA (@nexta_tv) December 24, 2025
Досега, ниедна група не ја презеде одговорноста за нападот. Сепак, познато е дека милитантите во таа област претходно извршиле самоубиствени напади и напади со импровизирани експлозивни направи, а нивни цели честопати биле токму џамии и други места со голем број луѓе.
На социјалните мрежи се појавија непотврдени снимки на кои наводно се гледаат последиците од експлозијата. Тие прикажуваат луѓе собрани на пазарот додека воздухот е исполнет со честички прашина.
depositphotos
Свет
Израел одобри 19 нови населби на Западниот Брег, голем број земји со осуда
Велика Британија, Канада, Германија и голем број други земји ја осудија одлуката на Израел да одобри 19 нови населби на окупираниот Западен Брег, предупредувајќи дека потегот го крши меѓународното право и ризикува да поттикне понатамошна нестабилност. Во заеднички апел, тие ја повикаа израелската влада да ја поништи одлуката, пишува „Франс 24“.
Одлуката на израелскиот кабинет за безбедност беше осудена, заедно со Велика Британија, Канада и Германија, од Белгија, Данска, Франција, Ирска, Исланд, Италија, Јапонија, Малта, Холандија, Норвешка и Шпанија.
„Го повикуваме Израел да ја поништи оваа одлука, како и проширувањето на населбите“, според заедничкото соопштение објавено од Велика Британија.
„Ве потсетуваме дека ваквите еднострани дејствија, како дел од пошироко интензивирање на политиката на населување на Западниот Брег, не само што го кршат меѓународното право, туку и ризикуваат поттикнување на нестабилност“, се додава во соопштението.
Свет
Досието Епстин сè уште не е затворено: 700.000 документи чекаат проверка
Американското Министерство за правда соопшти дека уште околу 700.000 документи поврзани со Џефри Епстин чекаат на проверка. На прегледот работи тим од 200 аналитичари, а процесот се очекува да трае уште околу една недела. Досега се објавени приближно 750.000 записи, додека голем дел од преостанатите може да бидат дупликати, пишува „Гардијан“.
Иако законот наложуваше целосно објавување до 19 декември, документите досега беа делумно објавени и со многу затемнувања, што предизвика револт кај жртвите и најави за тужби. Неименуван функционер изјави дека процесот наскоро ќе заврши, но дека „теориите на заговор нема“.
Во најновиот бран беа објавени 30.000 документи, меѓу кои има и повеќе спомнувања на Доналд Трамп, вклучително и е-пошта од 2020 година со тврдења дека патувал со приватниот авион на Епстин. Министерството, сепак, предупреди дека меѓу објавените материјали има и лажни документи и снимки, нагласувајќи дека тие се објавуваат затоа што законот го бара тоа.
Последните документи откриваат и напори на ФБИ да идентификува можни соучесници, но поголемиот дел од имињата се затемнети. Ова предизвика силни политички реакции, при што лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, побара целосна транспарентност и објаснување зошто одредени лица не биле кривично гонети.

