Регион
Венчавката на ќерката на Ердоган со големи безбедносни мерки

Венчавката на ќерката на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Сумије, и на нејзиниот избраник инженерот во одбранбената индустрија Селџук Бајрактар е прославена во саботата во Истанбул под строги безбедносни мерки.
Околу 6.000 гости се повикани на венчавката во Центарот Јахја Кемал Бејатли во Центарот за сценски уметности во истанбулскиот кварт Кучукчекмече, на европскиот дел од Истанбул, пренесуваат турските медиум, кои објавија фотографија на 30-годишната Сумије Едроган, со коса прекриена со исламски зар, како седи во автомобилот предвиден за невестата.
Претседателот Ердоган и неговата сопруга имаат два сина, Бурак, кој ретко се објавува во јавноста, и Билал за кого се врзуваат некои финансиски афери, и две ќерки – Есра и Сумије.
Кум на венчавката на претседателовата ќерка ќе биде премиерот на заминување Ахмет Давутоглу, додека началникот на Генералштабот на турската армија, генералот Хулуси Акар, ќе биде кум на младоженецот, кој е сини на индустријалец и е инженер во воената индустрија.
Интересно е што Давутоглу минатата седмица, по разијдувањата со Ердоган, најави повлекување од премиерската должност и од челната позиција во владејачката Партија на правото и развојот (AKP). Неговото присуство на венчавката, се чини, е насочено кон негирањето на шпекулациите за сериозното недоразбирање со Ердоган, Владејачката партија на 22-ри мај треба да одржи конвенција на која ќе се одлучува кој ќе го замени Давутоглу на местото премиер и челник на партијата.
На церемонијата присуствува и поранешниот претседател Абдулах Ѓул, како и некои странски челници, меѓу кои се споменуваат од Катар и Пакистан.
Повеќе важни сообраќајница во Истанбул по повод венчавката, а поставени се и многубројни препреки во поширокиот круг околу центарот Кучукчекмече, во кое се одвиваше венчавката.
Сумије Ердоган дипломирала на London School of Economics, беше советник на владејачката партија за надворешна политика во времето кога нејзиниот татко беше премиер и според статутот на партијата нејзин челник, но го напушти тоа место откако Ердоган во 2014 година стана шеф на државата. Сега е потпретседателка на происламско здружение за заштита на правата на жените, Здружение за жени и демократија,
Селџук Бајрактар студирал на Техничкиот универзитет во Истанбул, како и на Универзитетот Пенсилванија во Масачусетс, а докторирал на Технолошкиот институт Џорџија во САД. Задолжен е за технологија во семејната компанија „Baykar Makina“, којашто произведува дронови и учествува во повеќе проекти за развој на одбранбените системи на Турција./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.