Економија
Слаба трговска недела на македонската берза
На Македонската берза со хартии од вредност, денеска беше остварен промет од вкупно 11.684.898,16 денари што се реализира од 142 трансакции.
На Македонската берза со хартии од вредност, денеска беше остварен промет од вкупно 11.684.898,16 денари што се реализира од 142 трансакции.
Од овој промет поголемиот дел во вредност од 10.610.138,16 денари се реализира на Официјалниот пазар додека 1.074.760,00 денари на Редовниот пазар.
На крајот на трговската недела повторно се оствари пад на вредноста на сите три индекси од кој најмногу од својата вредност изгуби индексот на Јавни поседувани друштва кој што падна за 1,29 проценти или 32,45 индексни поени за на крајот да забележи вредност од 2.476,87 индексни поени.
Индексот на 10 најликвидни компании забележа благ пад на својата вредност од 0,32 проценти или 7,32 поени и оствари вредност од 2.292,67 поени, и индексот на обврзници ОМБ исто изгуби од својата вредност за 0,13 поени или 0,12 проценти.
Први по прометот на тргување на Официјалниот пазар беше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје, со кои што се истргуваа 1.039 количина на обични акции по цена од 3.000,00 денари од акција и при тоа реализираа промет од 3.117.000,00 денари на промет од 15 трансакции.
Втора по својата вредност од тргување беше и акцијата на Алкалоид АД Скопје со кои што се истргуваа 695 акции по просечна цена од 3.685,14 денари и забележаа пад на цената споредено со тргувањето од четвртокот од 2,39 проценти и се тргуваа во рамките од 3,636,00 денари како најниска истргувана цена до 3,700,00 денари како највисока цена. Со нив се оствари вредност од 2.542.405,00 денари на класичен промет.
Трета најтргувана акција на Официјалниот пазар беше и акцијата на Гранит АД Скопје со кои остварија вредност од 1.474.330,00 денари промет од 26 трансакции и при тоа се тргуваа во рамките од 635,00 денари до 622,00 денари или нејзината просечна цена беше за 2,35 проценти помала во однос од четвртокот и таа изнесуваше 626,04 денари, додека со нив се истргуваа 2.355 количина на обични акции.
На Редовниот пазар за хартии од вредност најликвидна акција споредено по својот промет беше акцијата на Македонски Телеком АД Скопје со кои се истргуваа 1.104 количина по просечна цена од 500,00 денари од акција и остварија вредност од тргување во износ од 552.000,00 денари.
Втори по вредноста на тргувањето на Редовниот пазар беа и акциите на Тутунска банка АД Скопје со кои се оствари класичен промет од 148.000,00 денари на промет кој се реализира од две трансакции по просечна цена од 3.700,00 денари од акција, и при тоа со нив се истргуваа 40 обични акции.Пет најтргувани хартии од вредност1. Комерцијална банка АД Скопје2. Алкалоид АД Скопје3. Гранит АД Скопје 4. Стопанска банка АД Битола 5. Макпетрол АД Скопје Хартии од вредност со најголем раст1. Макстил АД Скопје 7,73%2. ОХИС АД Скопје 6,90%3. Охридска банка АД Скопје 3,53%4. Караорман АД Скопје 2,99%5. Земјоделски Комбинат АД Битола 2,13%Хартии од вредност со најголем пад1. Тетекс АД Тетово 8,62%2. Ф-ка за цефки 11 Октомври АД Куманово 8,53%3. Фершпед АД Скопје 4,08%4. Макпетрол АД Скопје 3,13%5. ОКТА АД Скопје 2,50%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

