Контакт

Економија

Дојче Банк верува дека Грција ќе ги врати долговите

Објавено пред

Извршниот директор на Дојче Банк Јозеф Акерман изјави дека има целосна доверба во грчкиот премиер Јоргос Папандреу, кој порача дека неговата земја ќе стори се да си ги подмири обврските

Извршниот директор на Дојче Банк Јозеф Акерман изјави дека има целосна доверба во грчкиот премиер Јоргос Папандреу, кој порача дека неговата земја ќе стори се да  си ги подмири обврските.

Акерман, кој неодамна изрази сомневање во способноста на Грција, како што пренесува блумберг, сега е уверен дека Атина ќе ги врати сите долгови.

„Грчката влада ќе направи се што е потребно, а тоа се тешки реформи поради кои државните лидери можеби ќе мораат да ги жртвуваат своите политички кариери, но не постои алтернатива“, рече Акерман.

Грчкиот премиер Папандреу нагласи дека неговата земја знае да ја цени помошта од своите европски партнери и рече дека ќе ги врати долговите и истовремено ќе донесе низа закони за намалување на преобемниот бирократски систем, за намалување на корупцијата и за охрабрување на странските инвестиции./крај/вл/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Потпишан меморандум за соработка меѓу МИОА и МАСИТ

Објавено пред

Министерството за информатичко општество и администрација и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) се обврзуваат да ги продлабочат соработката и заедничкото поврзување со цел подобра имплементација на заедничките активности.

Овој меморандум има цел да обезбеди меѓусебна соработка помеѓу страните со цел да се искористат надлежностите и референтните познавања на проблематиката на ИКТ на секоја од страните во насока на:

– подобрување на ефикасноста на работата на ИКТ-секторот и ИКТ-кадрите;
– забрзување на развојот на ИКТ-секторот, развој на ИКТ-дејноста, усвојување и воведување современи технологии и методи на работење од/во ИКТ-индустријата и во работењето воопшто;
– подигнување на нивото на дигиталната писменост кај граѓаните преку организирање обуки;
– истражувањe за развој на техничко-технолошките достигнувања;
– организирање обуки за стручно усовршување ИТ-кадри;
– учество на ИКТ-индустријата во подготовката на законите и другите прописи во надлежност на првата страна;
– давање експертски мислења од ИКТ-областа, со акцент на дигиталната трансформација на комуникациите;
– унпаредување на условите за ефикасна и одржлива конкуренција на пазарот за електронски комуникации;
– унапредување на развојот и поттикнување инвестиции во јавните електронски комуникациски мрежи со воведување нови технологии и услуги, а особено со воведување на следните генерации на јавни електронски комуникациски мрежи;
– подобрување и олеснување на процесот на јавни набавки во ИКТ;
– донесување и имплементација на стандарди во областа на ИКТ и заштитата на мрежи и информациски системи.

Прикажи повеќе...

Економија

Царовска: Дуалното средно образование е можност за добро вработување

Објавено пред

Министерката за образование, Мила Царовска, и претставници на Делегацијата на германското стопанство во Македонија денес посетија средни стручни училишта во Велес и Кавадарци каде што се реализира дуално образование по германски модел и имаа работни средби со претставници на партнерските компании каде што се изведува практична настава.

Од ресорното Министерство информираат дека оваа учебна година дуално образование посетуваат вкупно 220 ученици. Од нив, годинава се запишани 85 ученици.

Царовска вели дека стручното образование продолжува и во услови на пандемија како одговор на потребите на стопанството за квалитетен и добро обучен кадар.

„Практичното (дуално) образование е одличен начин младите уште во текот на средното образование да се насочат кон професии кои се барани од компаниите, но и да дознаат што значи работа во реални услови. На овој начин обезбедуваме поголема вработливост на младите кои го завршиле стручното образование. Дури и во вонредни услови во кои се одвива образовниот процес оваа година овозможивме учениците од средните стручни школи да ја продолжат практичната настава. Секако, таа се реализира под посебни протоколи, со кои се гарантира нивна заштита“, изјави министерката.

Во Велес, во ССУ „Коле Неделковски“ учениците се обучуваат во струката техничар за производно и машинство, а практичната обука се изведува во компаниите „Брако“ и „Маркарт“ . Во Кавадарци, во средното стручно училиште „Киро Спанџов-Брко“ учениците се обучуваат во струката техничар за индустриска мехатроника, а практичната обука ја извршуваат во компанијата „Дрекселмајер“.

Во програмата за дуално образование се вклучени 7 училишта од 7 општини и 12 компании. Дуалното образование се реализира во Велес, Кавадарци, Охрид, Битола, Прилеп, а од оваа година во Скопје и Тетово.

Прикажи повеќе...

Економија

МЖСПП: Се набавуваат нови резервоари за пречистителната станица во Југохром

Објавено пред

Министерствотo за животна средина и просторно планирање информира дека во тек е реализација на три јавни набавки за обновување на пречистителната станица за редукција на шестовалентиот хром во Југохром, Јегуновце, и тоа за нови резервоари за пречистителната станица, за одржувањето на системот и за далечинско управување.

„Пречистителната станица за прочистување на загадените води со шестовалентен хром во околината на Јегуновце, поради дотраеност, во изминатиот период не работеше во полн капацитет. Поради исклучителното значење на прочистувањето на шестовалентниот хром и спречувањето на истекување или прелевање на загадената вода, Министерството направи дополнителни напори и одвои средства за покривање на трошоците за реконструкција на инсталацијата“, соопштија од Министерството.

Поставувањето на нови резервоари треба да заврши до средината на ноември.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Македонскиот државен врв на разговор со претседателот на Европскиот парламент: Подготвени сме за успешна приказна

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска остварија...

Македонија3 часа

Обвинение за поранешниот градоначалник​ на општина Чашка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение против поранешниот градоначалник на општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластување. Тој...

Европа3 часа

И покрај дневниот рекорд од над 11.000 заразени, Германците уверени дека вирусот може да се спречи

Централниот германски епидемиолошки институт „Роберт Кох“ денеска ја оцени актуелната епидемиолошка состојба и рекордниот број на новозаразени во земјата од...

Македонија6 часа

Првата меѓувладина конференција ќе биде позитивен сигнал и до регионот, порача Заев на онлајн средба со Борел

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни...

Регион6 часа

Во Хрватска повеќе од 1.500 новозаболени, десетмина починати во Загреб

Хрватскиот кризен штаб објави нови податоци според кои има повеќе од 1.500 новозаболени од коронавирус, а во Загреб има десетмина...

Свет7 часа

99-годишна жена од Шпанија го победи коронавирусот

Кога 99-годишната Флорентина Мартин се заразила со коронавирус во септември, нејзината внука стравувала дека ќе заврши сама на одделот за...

Македонија7 часа

Стевановиќ: Заразените со лесни симптоми да се лекуваат дома

Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние...

Свет8 часа

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори

Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека...

Македонија9 часа

Активни над 6.000 случаи со коронавирус, болниците се полнат

Во моментот како активни се водат 6.069 случаи на коронавирус на целата територија, од кои 2.983 се од Скопје. Само...

Свет21 час

Починал волонтер што учествувал во тестовите за вакцина против Ковид-19

Бразилската здравствена агенција „Анвиса“ потврди дека починал волонтер што учествувал во испитувања на вакцина против Ковид-19, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Станува...

Македонија24 часа

Дванаесетмина починати и нови 641 заразен од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нов случај на...

Топ1 ден

Кондовец со возило удрил во полицаец и побегнал, нападнати биле и полицајците што го пронашле

Во вечерните часови на 20 октомври, на скопската улица Ѓорче Петров, автомобил „ауди“, управуван од А. А. (26) од село...

Македонија1 ден

Инспекторите ќе можат да ги затвораат кафеаните со новите законски измени

Со новите построги мерки кои се во собраниска процедура инспекторите ќе можат веднаш да ги затвораат угостителските објекти до 30...

Свет1 ден

(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин...

Македонија1 ден

Филипче: Мерките мора да се донесат во најкраток можен рок

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека обидот на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението...

Македонија1 ден

Владата ги осуди изјавите на Каракачанов: Тие се недолични и недостојни

Владата ги осуди изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во...

Македонија1 ден

Царовска: Екскурзии годинава нема да се организираат, учениците можат на прошетка до пет километри

Екскурзии оваа година нема да се организираат, испратени се упатства од Бирото за развој на образование, истакна министерката за образование...

Македонија1 ден

Шеќеринска: И ние и Бугарија сме членки на НАТО, ова не е начин на кој треба да комуницираме

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за...

Регион1 ден

Нов рекорд во Хрватска – 1.424 нови случаи и 11 починати

Рекордни 1.424 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часаво Хрватска, а 11 лица починале, објави Националниот штаб...

Свет1 ден

Австралија пријави случај на повторна инфекција со коронавирус

Австралиските власти пријавија редок случај на Ковид-19 во Мелбурн, Викторија, станува збор за лице кое било позитивно тестирано во јули....

Досие