Македонија
Почнува вакцинацијата против свинскиот грип
При вакцинацијата на населението од новиот грип A(H1N1)предност ќе имаат ризичните групи, односно бремени жени над три месеци бременост, хронично болни деца над шест месеци и хронично болни возрасни лица со потврда од матичен лекар дека станува збор за лице со хронична болест
Почетокот на вакцинацијата симболично ќе го означи министерот за здравство Бујар Османи, кој ќе се имунизира во Градскиот завод за здравствена заштита.Вакцинацијата против новиот грип е бесплатна и ќе се врши во Центрите за јавно здравје ширум земјата, секој ден, во периодот од 8 до 20 часот за возрасни лица, како и во здравствените домови (во службите за вакцинација) за деца од 6 месеци до 18-годишна возраст. Во Македонија вчера пристигнаа дополнителни 20 илјади вакцини против новиот грип, производство на Baxster. Првите пет илјади вакцини против новиот грип од производителот Novartis донација од Турција, а на 21 ноември почна вакцинацијата против новиот грип на лекарите и медицинските сестри во државата. Министерството за здравство соопшти дека вакцините кои се употребуваат во Македонија се произведени од реномирани светски фарамацевтски компании и одобрени за употреба од страна на Агенциите за лекови на САД и ЕУ. Светската здравствена организација потврди дека вакцините против новиот грип се безбедни дури и за хронично болните, бремените жени и малите деца. Досега во светот вакцина против новиот грип примиле над 80 милиони лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

