Македонија
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ во посета на семејството на Тарчуловски
Јохан Тарчуловски направил многу за Македонија, а неговата порака е дека ќе направи уште толку. Ако треба ќе остане во Хаг уште сто години, но никогаш нема да биде против својот народ и држава, вели неговата сопруга Соња Тарчуловска
„Денеска е ден кога оддаваме почит на сите оние коишто во 2001 година го дадоа својот живот на браникот на Република Македонија, но и се присетуваме на сите они кои се живи и кои со својот личен пример застанаа бранејќи ги националните и државните интереси на Република Македонија. Еден од нив е и нашиот жив херој, Јохан Тарчуловски, човекот којшто покажа дека Република Македонија му е пред сите свои идеали во животот, пред семејството, пред кариерата и сите останати работи. Денеска ние како ВМРО-ДПМНЕ сме овде кај семејството на Јохан Тарчуловски, уште еднаш да ја изразиме нашата поддршка во неговата борба за докажување на неговата невиност во којашто ние сите сме убедени“, рече Александар Бичиклиски пред посетата.Соња Тарчуловска ги поздрави и ја искажа поддршката на фамилиите на починатите во конфликтот од 2001 година.„Со останувањето на Јохан во Хаг, Македонија се уште има да докажува што било и како било. Сето тоа, јас мислам дека ќе се заврши до крајот на оваа година или евентуано на почетокот на наредната година“, рече Тарчуловска.Запрашана од новинарите дали Љубе Бошкоски, кој беше заедно со Тарчуловски одведен во Хаг и потоа ослободен, ја посетил, Тарчуловска речде дека ниту ја посетил, ниту и’ се јавил.„Јас не му посакувам ништо лошо нему, но морам да кажам дека не даде ниту морална поддршка, ниту респект ни почит кон она што го направи Јохан за него. Затоа што, на самото излегување, после пресудата, нивното поздравување и гушкање беше ќе ги чувам твоите деца исто како своите. Ниту има дојдено, ниту ми се има јавено. А јас не сакам да ме види мене, јас мислам дека има должност кон Јохан да ги види неговите деца“, вели Тарчуловска.Од средбите со својот сопруг во Хаг, Тарчуловска пренесува дека тој за Македонија направил многу и кога и да треба пак ќе направи.„Си го сака својот идентитет, својата држава, својот народ и единствено нешто што порачува од таму, ако треба уште сто години ќе остане таму, ама никогаш нема да биде против својот народ, како прво, и против својата држава“, вели Тарчуловска.Според неа, сите знаат зошто нејзиниот сопруг е во Хаг, а не покрај неа и децата, а тие што се подобро „запознаени подобро знаат, зошто е таму, зошто не треба да биде таму и знаат кој го однесе таму“, вели Тарчуловска.
Таа уште еднаш изрази длабоко сочувство со фамилиите на починатите, им упати поддршка да издржат во се’ и очекува правдината да се докаже. Тарчуловска им се заблагодари на сите македонските граѓани што даваат поддршка на нејзиното семејство, на медиумите и на премиерот Никола Груевски, што уште кога го однесле Тарчуловски им давал комплетна поддршка.Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Александар Бичиклиски, Стојче Крстевски и Билјана Бришкоска–Бошковска, денеска го посети домот на Јохан Тарчуловски, за уште еднаш да ја искажат поддршка од партијата на власт. Јохан Тарчуловски е во Хаг од 2004 година кога беше уапсен и обвинет дека водел полициска единица која извршила 10 убиства на жители на Љуботен и за сурово постапување кон цивили. Лани беше осуден на 12 години затвор, додека Љубе Бошкоски, кој заедно со него беше во Хаг, како министер кој имал директно моќ на команда и контрола врз полициските сили и знаел или имал причина да знае за злосторствата во Љуботен и дека можел да ги спречи или да ги казни виновниците, лани беше ослободен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во државата, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.
Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Членови на Советот за безбедност се: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов.
Македонија
Од денеска побезбедни онлајн купувања со платежни картички
Од денеска стапува во сила законската обврска за засилена автентикација при онлајн-плаќања со платежни картички. Наместо досегашната потврда со СМС-код, корисниците на платежни картички ќе добиваат известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобрат трансакцијата. Потврдата се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање лице. Без оваа потврда плаќањето нема да може да се изврши, дури и ако некој ги има податоците од картичката.
Целта е да се обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на лицето при плаќањата без физичко присуство.
Засилената автентикација како законска обврска за давателите на платежни услуги произлегува од Законот за платежните услуги и платните системи. Таа се воведува постепено во земјата и веќе е во примена при извршување онлајн-увид во платежните сметки од страна на клиентите, како и при извршување плаќања со платежни картички на физичките продажни места или со платни налози преку електронското или мобилното банкарство.
Македонија
Од денеска до 5 март пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 март 2026.
Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и на приватните универзитети во државата.
-Студентите што ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk, се наведува во објавата на МОН каде што се наведени и условите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и контакти за поддршка при аплицирањето.
Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е, исто така, отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови.

