Контакт

Hitech

Дебитира 335 серија на Intel® Solid-State Drive

Објавено пред

Корпорацијата Intel во понеделникот објави дека започна со испорачувањето на првите дискови (SSD) направени со водечката 20 нанометарска NAND флеш меморија.

dobivaj vesti na viber

Новата серија Intel® Solid-State Drive 335 (Intel® SSD 335 Series) ја содржи најмалата и најефикасна NAND флеш ќелија на пазарот што и’ овозможува на компанијата да ја унапреди својата серија 300 клиент/потрошувач SSD дискови со помош на нова технологија.

Овие дискови нудат подобрување на целокупното работење на компјутерот, ја зголемуваат продуктивноста на апликациите и другите активности на процесирање како што се пребарување на интернет, гледање филмови, видео конференции итн.

Серијата 335 Intel е SATA диск со шест гигабајти во секунда (Gb/s) кој може да го замени традиционалниот, побавен хард диск (HDD) со цел да се добие побрз пристап до документи и програми. Интел SSD 335 има капацитет од 240 гигабајти (GB) кој последователно чита 500 мегабајти во секунда (MB/s) и 450 MB/s последователни записи за да им овозможи на корисниците комбинација од врвен перформанс и квалитет на Intel по поволна цена.

Овој производ е првиот диск на Intel кој ја користи најновата 20 нанометарска NAND флеш меморија која е заеднички производ со Intel/Micron flash технологија (IMFT). Taa bеше најавена во април, а испораката започна во декември 2011 година. Оваа NAND технологија користи структура на ќелиите која овозможува поагресивно скалирање на ќелиите за разлика од конвенционалните архитектури. Дваесет нанометарската 64Gb NAND меморија користи рамна структура на ќелиите, прва од ваков вид, за да ги надмине потешкотиите кои се јавуваат со напредни технологии и со тоа овозможуваат добар перформанс и доверливост на исто ниво како претходната 25 нанометарска генерација. Рамната структура на ќелиите успешно ги надминува скалабилните ограничувања на стандардната NAND портна ќелија со интегрирање на првиот Hi-K/metal gate stack со NAND производство.

„Intel SSD 335 користи Hi-K/metal технологија на рамни ќелии, која ги надминува скалабилните ограничувања и ја испорачува најмалата NAND ќелија,“ изјави Роб Крук, потпретседател на компанијата Intel и менаџер на групацијата „Intel Non-Volatile Memory (NVM) Solutions Group“.

„Со поместување на ограничувањата на технологиите и со користење на иновација во процесите, Интел може да продолжи со унапредување на SSD технологијата и да им помогне на корисниците да заштедат“, дополни Крук.

Intel SSD 335 нуди перформанс најдобар во својата класа, квалитет и вредност. По мерењето на случајни инпут/аутпут (I/O) операции во секунда (IOPS) користејќи 4KB IOPS, Интел SSD 335 чита до 42,000 IOPS и запишува со 52,000 IOPS. Достапен во 2,5 инчен форм фактор во 9,5мм кејс, тој е брза замена за конвенционалниот хард диск. Со 3 годишна гаранција, Интел SSD 335 серијата од денес е достапна ширум светот.

На сите оние кои ќе купат Intel SSD диск, достапен им е и Intel® SSD Toolbox со Intel® SSD Optimize, бесплатна услуга за корисниците на Microsoft Windows* што им овозможува моќен сет од менаџерски, информациски и дијагностички алатки за одржување на здравјето и перформансот на дискот. Достапен е во 11 јазици и е компатибилен со Windows* 8. За да си ја олеснат инсталацијата, сите Intel SSD корисници може да го преземат бесплатниот софтвер-Intel® Data Migration Software што ќе им помогне да ги клонираат сите содржини од претходниот диск (SSD или HDD) на кој било Intel SSD диск./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

ИТ-секторот пред пресврт: Вештачката интелигенција ќе замени половина од софтверот

Објавено пред

Повеќе од половина од постоечкиот деловен софтвер би можел да биде заменет со вештачка интелигенција (ВИ), изјави Артур Менш, директор и основач на компанијата „Мистрал АИ“.

dobivaj vesti na viber

Неговите коментари доаѓаат во време на растечка загриженост кај инвеститорите за иднината на софтверските компании, чии акции во последните месеци бележат пад, објави „Си-Ен-Би-Си“.

Стравувањата дека вештачката интелигенција може да ги преземе функциите на постоечките деловни програми веќе доведоа до распродажба на акции на големи софтверски компании.

Инвеститорите се сè позагрижени дека ВИ може да ги извршува задачите за кои денес се користи деловен софтвер, што би можело да ги загрози бизнис-моделите засновани на софтвер како услуга (СааС).

Вредноста на фондот „Ајшерс експендед тех – софрвер сектор“, кој ги вклучува компании како „Мајкрософт“ и „Сејлсфорс“, паднала за повеќе од 20 проценти годинава. Пад бележат и акциите на големите индиски софтверски компании како „Тата Консултанси Сервисис“ и „Инфосис“.

„Проценувам дека повеќе од половина од она што ИТ-секторот моментално го набавува во форма на СааС ќе премине на вештачка интелигенција“, изјави Менш на маргините на самитот „АИ Импакт“ во Њу Делхи. „Вештачката интелигенција ни овозможува да развиваме софтвер со брзина на светлината“, додаде тој.

Менш објасни дека компаниите, со „соодветна инфраструктура“, можат да ги поврзат своите податоци со ВИ-системи и да создадат апликации за специфични деловни задачи.

„Кај нашите клиенти гледаме дека за само неколку дена можеме да создадеме целосно прилагодени апликации за управување со работни процеси, на пример за набавка или синџири на снабдување. Пред пет години за тоа ви беше потребен специјализиран СааС“, истакна тој.

Според него, во тек е „промена на платформите“, при што компаниите се насочуваат кон користење ВИ наместо постојните СааС-решенија.

„За нас тоа е голема можност, бидејќи повеќе од 100 деловни клиенти веќе ни се јавија со желба да го редизајнираат својот ИТ-систем. Сакаат да се ослободат од решенија купени пред 20 години, кои стануваат прескапи“, рече Менш. „Тие ја гледаат вештачката интелигенција како начин системот да стане поефикасен и поевтин.“

Сепак, Менш нагласи дека софтверот наменет за системи за складирање податоци „нема да се промени“, бидејќи тој е одговорен за податоците во организацијата и често функционира во соработка со ВИ.

Слично мислење има и Бипул Синха, директор на компанијата „Рубрик“, кој за „Си-Ен-Би-Си“ изјави дека „софтверот за работни процеси“ може да биде значително нарушен од ВИ, но дека софтверот за податочна инфраструктура што ја овозможува ВИ ќе има корист.

Менш потврди дека компанијата оваа година планира да отвори прва канцеларија во Индија, со што влегува на пазар каде што за удел се натпреваруваат сите глобални технолошки гиганти.

Мистрал веќе соработува со меѓународни компании присутни во Индија, а сега активно бара клиенти со седиште во земјата, и во јавниот и во приватниот сектор.

За разлика од Европа, каде што гради сопствени центри за податоци, во Индија компанијата ќе воспостави партнерства со фирми кои веќе имаат физичка инфраструктура.

Индиската влада го поттикнува развојот на ВИ-модели што можат да работат локално, со податоци складирани во рамки на земјата. Големите јазични модели на „Мистрал“ веќе поддржуваат повеќе индиски јазици, меѓу кои хинди и панџаби.

„Тоа е нешто што долгорочно ќе биде исклучително важно за индискиот потрошувачки пазар“, заклучи Менш.

Прикажи повеќе...

Hitech

Нетфликс надмина 325 милиони претплатници, профитот нагло порасна

Објавено пред

Американската стриминг услуга Нетфликс надмина 325 милиони претплатници низ целиот свет, објавувајќи го своето прво ажурирање за бројот на претплатници за една година.

dobivaj vesti na viber

Компанијата ја заврши 2024 година со 301,6 милиони корисници кои плаќаат. Во последниот квартал, Нетфликс ги зголеми приходите за 17,6 проценти на годишно ниво на нешто над 12 милијарди долари. Нето добивката достигна 2,42 милијарди долари, што е зголемување од речиси 29 проценти во однос на претходната година.

Нетфликс моментално бара да го купи студиото и стриминг бизнисот на холивудскиот гигант Warner Bros Discovery. За да го финансира договорот, кој вреди околу 83 милијарди долари, Нетфликс соопшти дека ќе ги суспендира откупите на акции, објавувајќи го овој потег заедно со својот извештај за заработка.

Американските компании често користат откупи за да помогнат во одржувањето на цените на нивните акции.

Акциите на Нетфликс паднаа за дури 5 проценти во тргувањето по затворањето на берзата. Откако се појавија извештаите за плановите за преземање на Warner Bros, акциите изгубија околу 30 проценти од својата вредност. Нетфликс потоа се откажа од плановите да вклучи акции во трансакцијата и изјави дека ќе ја плати куповната цена во готово.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Фејсбук“ тестира наплата за споделување линкови

Објавено пред

Фејсбук тестира систем кој би можел да им наплаќа на корисниците за споделување линкови преку интернет, потег што би можел да се покаже како дополнителен удар за медиумите и другите издавачи. Мета, сопственикот на социјалната мрежа, потврди дека спроведува „ограничен тест“ во кој корисниците без платена претплата Meta Verified, која започнува од 12 евра месечно, можат да објавуваат само два надворешни линка месечно, објавува The Guardian.

dobivaj vesti na viber

Што носи новиот тест?

Се чини дека тестот вклучува подмножество на Фејсбук страници и кориснички профили кои го користат „Професионален режим“, кој е дизајниран првенствено за креаторите на содржини да ги монетизираат своите објави. Иако медиумските организации сè уште не се директно вклучени во тестот, овој потег би можел силно да ги погоди бидејќи би можел да ги одврати нивните читатели од споделување содржина.

Издавачите веќе забележаа огромен пад на веб-сообраќајот по одлуката на Мета во 2023 година да ги деприоритизира вестите и да се префрли на прикажување видеа и вирална, кратка содржина.

Сообраќајот од Фејсбук кон страниците со вести се опоравува оваа година, но според некои мерења во 2024 се намалил за дури 50% за една година.

Цел да се поттикнат претплатите
Најновиот тест е дел од кампањата на Мета за охрабрување на корисниците на Фејсбук да се претплатат на нивната услуга Meta Verified, која чини од 12 до речиси 500 евра месечно по профил, во зависност од нивото на услугата. Претплатата нуди дополнителни функции на сметката и повисоко ниво на безбедност.

Во снимки што ги споделуваат корисниците, Фејсбук предупредува: „Почнувајќи од 16 декември, одредени профили на Фејсбук без Meta Verified ќе бидат ограничени на споделување на две органски [т.е. бесплатни] објави месечно. Претплатете се на Meta Verified за да споделувате повеќе линкови на Фејсбук, плус да добиете значка за верификација и дополнителни бенефиции.“

Стратешка промена на Мета
Дејвид Батл, основач на медиумската консултантска куќа DJB Strategies, рече дека Мета „намерно се повлекувала од вестите неколку години“.

„По повлекувањето од плаќање на издавачите и целосното блокирање на линковите за вести во Канада како одговор на регулативата, јасно стави до знаење дека вестите повеќе не се стратешки“, рече Батл.

„Овој последен експеримент – кој засега ги исклучува издавачите – го зајакнува поместувањето од бесплатната дистрибуција кон монетизација на досегот, бидејќи Мета се стреми да извлече поголема вредност од своите постари платформи. Ова може да биде поврзано со нејзиниот скап и широко признат погрешен чекор во метаверзумот, бидејќи сега ги удвојува своите напори за вештачка интелигенција“, додаде тој.

Портпаролот на Мета рече: „Ова е ограничен тест за да се разбере дали можноста за објавување зголемен број поврзани објави додава дополнителна вредност за претплатниците на Meta Verified“.

За потсетување, Мета во јануари изјави дека ќе „заземе поперсонализиран пристап кон политичката содржина, така што луѓето кои сакаат да видат повеќе од неа во своите канали можат да ја видат“.

Се чини дека овој потег доведе до повторно оживување на вестите, според анализата на Press Gazette и Similarweb. Еден од најголемите победници беше британскиот „Експрес“, чиј сообраќај од „Фејсбук“ порасна за 26% за една година, а во март, социјалната мрежа учествуваше со дури 75% од вкупниот сообраќај на социјалните медиуми.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование....

Македонија7 часа

Гоце Наумовски стана нов уставен судија

Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по...

Македонија10 часа

Владата нема да купува нов авион: ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок...

Македонија12 часа

(Видео) За Мицкоски контролата на цените не е популизам, туку заштита на граѓаните, најави праведност и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите и кон оние што избегнуваат обврски

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За...

Македонија13 часа

(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена...

Македонија13 часа

„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица

„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства...

Македонија14 часа

(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце...

Македонија14 часа

(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на...

Македонија15 часа

Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување...

Македонија15 часа

Мицкоски да одговори кој бил со него во владиниот авион, бара СДСМ

Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на...

Македонија15 часа

Панчевски поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители, ги обвинува за злоупотреба

Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски, кој не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, најави дека ќе...

Македонија16 часа

(Фото) По ерата на Југославија, селото Драчево е првото село во Македонија што добива сопствено модерно кино

Општина Кисела Вода вчера вечер официјално го отвори новото кино во Домот на културата во Драчево. Проектот, реализиран во партнерство...

Свет17 часа

Документите за Епстин се толку сериозни што би можеле да бидат злосторства против човештвото, предупредија експерти на ОН

Милиони досиеја поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин укажуваат на глобална криминална мрежа што би можела да претставува злосторства...

Свет17 часа

(Видео) Најмалку десет скијачи исчезнаа во лавина во Калифорнија: започната е спасувачка операција

Најмалку 10 скијачи се водат како исчезнати, а шест други се заробени и чекаат спасување во услови на обилни снежни...

Европа17 часа

Мечка забележана во близина на Будимпешта

Мечка е видена во близина на Будимпешта. Животното веројатно не е од дивината, туку избегало од приватна фарма, објави општината...

Македонија18 часа

Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво

Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради...

Македонија18 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино. „Особено...

Македонија1 ден

Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд

Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино,...

Македонија1 ден

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија1 ден

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....