Регион
Можни немири на најавените протести во Бања Лука, полицијата подготвена да интервенира

Во пресрет на протестите кои ќе се одржат во сабота во главниот град на Република Српска (РС), Бања Лука, министерот за внатрешни работи на РС, Драган Лукач изјавил дека постојат информации дека „групи кои доаѓаат од Хрватска, Србија и Федерацијата БиХ“ ќе се обидат да предизвикаат нереди, пренесуваат тамошните медиуми.
Опозицијата и владејачката партија во Република Српска ги повикаа своите приврзаници на протести пред локалните избори што треба да се одржат во октомври, а додека опозицијата ќе протестира против невработеноста и корупцијата, приврзаниците на владејачката партија се повикани за да и дадат поддршка на владата.
Според Лукач, доколку инфилтрираните групи успејат во тоа да предизвикаат нереди, тогаш „големи маси ќе се упатат кон зградите на Собранието и Владата на Република Српска“. Министерот за внатрешни работи додал дека поради ова двете институции ќе бидат со максимално обезбедување, а за целосното обезбедување на двата протести ќе бидат ангажирани околу две илјади полицајци.
„Сите кои ќе ги нападнат институциите ќе бидат санкционирани, а институциите ќе бидат заштитени“, рекол Лукач, додавајќи дека во сите автобуси кои ќе доаѓаат во Бања Лука ќе има полицајци. Се очекува дека во градот ќе пристигнат од 100 до 150 автобуси со приврзаници на опозицијата, додека пак бројката со приврзаниците на владејачката партија, Алијансата на независните социјалдемократи (СНСД), ќе изнесува од 150 до 200 автобуси./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.