Македонија
Зголемен број на издадени дозволи за градење
Бројот на издадени дозволи за градење во февруари годинава се зголемил за 11 насто во однос на истиот месец лани
Бројот на издадени дозволи за градење во февруари годинава се зголемил за 11 насто во однос на истиот месец лани.
Ова денеска го соопшти државниот завод за статистика, додавајќи дека вкупно се издадени 233 одобренија за градење, од кои 188 се за објекти за високоградба, 19 за нискоградба и 26 за реконструкција.
Според одобренијата издадени во февруари предвидената вредност на објектите изнесува 1,8 милијарди денари и е за 16,6 насто поголема во однос на истиот месец лани.
Предвидена е изградба на 360 станови со вкупна корисна површина од 31.318 метри квадратни. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ и ДУИ си ги делат криминалот и апчињата за заборавање, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Забележана е појавата на ширење на употребата на апчињата за заборавање од СДСМ и ДУИ. Очигледно, како што си го делеа криминалот, така си ги делат и лековите, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Според нив, ДУИ и СДСМ продолжуваат со деструктивни соопштенија, кои се резултат на нивната паника и вознемиреност поради драматичното губење на довербата од граѓаните.
„Вчерашното соопштение од ДУИ не е ништо повеќе од очајнички обид да се дефокусира јавноста од вистинските проблеми – криминалите што ги оставија зад себе и нивната неспособност да обезбедат правна држава.
ДУИ нема право да зборува за правда кога токму нивните функционери 20 години ја злоупотребуваа власта за лично богатење. Нивниот страв е оправдан – времето на недопирливост заврши. Правдата ќе ги стигне сите кои мислеа дека можат вечно да владеат, уништувајќи ја државата и народот.
ДУИ треба да се соочи со фактот дека ја претвори Македонија во држава со селективна правда и нефункционални институции. Наместо да покажат одговорност за пустошот што го оставија, тие упорно се обидуваат да шират паника и конфузија.
За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ е посветено на воспоставување ред и правда за сите граѓани – Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи и Бошњаци. Доста беше поделби и привилегирани граѓани од прв ред, додека остатокот беше оставен на маргините.
ДУИ треба да си одговори себеси – што направи за Албанците во Македонија во изминативе 20 години, освен што ги натера да се иселуваат?
Наместо да се занимаваат со конструктивни политики, тие продолжуваат со нападни и панични изјави кои го откриваат нивниот вистински страв – губењето на моќта и привилегиите.
Време е ДУИ и СДС да разберат дека граѓаните избраа промени, избраа правда и еднаквост. Наместо да произведуваат деструктивни реакции, им препорачуваме конечно да се вразумат, да се реформираат и да почнат да работат во интерес на државата.
Премиерот Мицкоски е фокусиран на реформи, на економски развој и на владеење на правото, а не на манипулативните конструкции на ДУИ и СДС.
Македонија оди напред, без корупција, без привилегирани елити и без политичари кои мислат дека се недопирливи. Времето на ДУИ и СДС заврши – времето на ред, правда и развој штотуку започна“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Забрана за камиони кон Деве Баир поради снегот
Забрана за движење на камиони утрово има и на патот кон Деве Баир.
„Во 09:55 часот Крива Паланка према Деве Баир поради обилни врнежи од снег е воведена забрана за движење на тешки товарни моторни возила“, обајви АМСМ во вонредниот извештај за состојбата на патиштата.
Македонија
Филипче за католички Божиќ: Да ги негуваме вистинските вредности за солидарност, единство и почит како основа за заеднички успех
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче повод големиот празник Христовото раѓање – Божиќ, во свое и во име на партијата упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Северна Македонија, д-р Киро Стојанов.
„На сите припадници на Католичката црква, како и на сите христијани коишто го слават Христовото раѓање, упатувам искрени честитки по повод денешниот голем празник. Од сѐ срце ви посакувам добро здравје, хармонија и благосостојба. Божиќ е симбол на нова надеж, заедништво и љубов. Во овие празнични денови да го насочиме вниманието кон вистинските вредности за солидарност, почит, меѓусебно разбирање и грижа едни за други. Само така можат да се пребродат и најтешките искушенија. Нека Божиќ биде поттик за нови почетоци и за заеднички успеси во годината што следи. Во божиќните и новогодишните празници посакувам да имате добра мисла, да ги поминете во мир и радост, меѓу своите сакани. Христос се роди!“, стои во честитиката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.