Економија
Берзанските индекси во благ пораст
На Македонската берза за хартии од вредност, денеска се оствари класичен промет во вредност од 6,644,615,27 денари што се реализира од 74 трансакции. Од оваа вредност 3,168,216,27 денари се остварија со тргувањето со обврзници, додека 3,476,399,00 денари со тргувањето од акции.
На Македонската берза за хартии од вредност, денеска се оствари класичен промет во вредност од 6,644,615,27 денари што се реализира од 74 трансакции. Од оваа вредност 3,168,216,27 денари се остварија со тргувањето со обврзници, додека 3,476,399,00 денари со тргувањето од акции.
На Официјалниот пазар се истргуваа 4,972,573,27 денари промет од 45 реализирани трансакции, додека на Редовниот пазар се оствари остатокот од 1,672,042,00 денари од 29 реализирани трансакции.
Вредноста на главниот берзански индекс МБИ10 во средата забележа благ пад на својата вредност за 0,11 проценти или 2,56 поени и ја достигна бројката од 2,355,34 индексни поени, додека останатите два индекса МБИД и ОМБ пораснаа од кој МБИД порасна за 1,06 проценти или 27,27 поени и индексот ОМБ порасна за 0,07 проценти и 0,07 во поени.
Прва по својот промет на Официјалниот пазар беше обврзницата од денационализација на Р. Македонија од деветата емисија со класичен промет од 3,106,747,56 денари од 15 трансакции, а со нив се истргуваа 65,092 по цена од 77,60 од вкупната вредност.
Втора по својот промет беше акцијата на Алкалоид Скопје со реализирани 1,181,447,00 денари од 15 трансакции реализирани со нив и при тоа се тргуваа по просечна цена од 3,899,17 денари, додека со нив се истргуваа 303 количина и се тргуваа во рамките од 3,851,00 денари како минимална достигната цена до 3,900,00 денари како максимална цена.
Трета по својот промет на овој пазар беше и акцијата на Гранит Скопје со остварени симболични 196,500,00 денари промет кои се тргуваа по просечна цена од 655,00 денари од акција и при тоа со нив се истргуваа 300 обични акции.
На Редовниот пазар за хартии најтргувана хартија од вредност беше акцијата на Македонски Телеком Скопје со остварени 727,100,00 денари од 6 реализирани трансакции и при тоа со нив се истргуваа 1,735 по просечна цена од 419,08 денари. Втора по својот промет бече и акцијата на Тутунска банка Скопје со остварени 357,220,00 денари преку 6 трансакции со нив и се тргуваа по просечна цена од 3,800,21 денари, а со нив се истргуваа 94 акции. Пет најтргувани хартии од вредност1. Р. Македонија обврзници од денацинализација 092. Алкалоид Скопје3. Македонски Телеком Скопје4. Тутунска банка Скопје5. Ветеринарно сточарски центар Куманово СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Арцелормиттал ЦРМ Скопје 8,85%2. Кјуби Скопје 2,50%3. Македонски Телеком Скопје 1,72%4. Ф-ка за цевки 11 Октомври Куманово 1,28%5. Гранит Скопје 1,15Хартии од вредност со најголем пад1. Макстил Скопје 2,75%2. Арцелормитал ХРМ Скопје 2,75%3. Стопанска банка Битола 0,88%4. Топлификација Скопје 0,33%5. Тутунска банка Скопје 0,22%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

