Спорт
Ограбени и кинески новинари на СП 2010
Четворица кинески новинари во четврток биле ограбени она улиците на Јоханесбург, од вооружени разбојници
Екипата на „Bejing News” се наоѓала во автомобил покрај патот, кога група ограбувачи им пришла и со оружена закана им ја зеле камерата и парите во вредност од околу 1.500 долари. „Кога излегувате од хотелот, мора да бидете многу внимателни. Обавезно скријте ги највредните работи во чевлите или во патиките, не ги отворајте прозорците на автомбилот“, порачал еден од ограбените кинески новинари, пренесува АФП.Конзулатот на Кина во Јоханесбург ги предупреди своите грѓани во текот на мундијалот да внимаваат каде се движат низ Јужна Африка и да не носат многу пари со себе. Ова е веќе втор грабеж на новинари во Јужна Африка во рок од 24 часа. Во средата, на мета беа португалскиот фотограф и двајца шпански новинари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Киву задоволен, Интер повторно лидер во Серија А
Фудбалерите на Интер ја победија Џенова во натпреварот од 15-то коло од Серија А, со што се вратија на врвот на табелата. Интер ги искористи неуспесите на Милан и Наполи, на врвот има бод повеќе од градскиот ривал и два бода повеќе од актуелниот шампион.
Несомнено е дека ќе има жестока борба за титулата во Серија А, во текот на целата сезона.
„Беше тежок натпревар. Џенова игра добро од доаѓањето на Даниеле Де Роси. Освоивме три бода и тоа е најважно“, рече тренерот на Интер, истакнувајќи дека некои италијански фудбалски стручњаци го потцениле неговиот тим.
„Нè потценија и нè отпишаа на почетокот на сезоната, нè ставија на осмото и десеттото место. Сепак, работиме напорно за да ја покажеме нашата вредност“, рече Киву.
На 19 декември, фудбалерите на Интер ќе играат во полуфиналето на Суперкупот на Италија против Болоња во Ријад. Победникот од овој дуел ќе се сретне во финалето на Суперкупот на Италија со подобриот од натпреварот помеѓу Наполи и Милан.
Foto/ depositphotos
Спорт
Наполи најде уште едно засилување во Манчестер јунајтед
По Скот Мектомини и Расмус Хојлунд, Наполи се подготвува да „посвои“ уште еден ретко користен играч на Манчестер Јунајтед. Станува збор за Коби Мајну, 20-годишникот роден во Стокпот, предградие на Манчестер.
Мејну е продукт на клупската кадемија, но во последните 18 месеци речиси и да не добива шанса од менаџерот Рубен Аморим и логично е дека размислува за заминување.
Португалецот се обиде да објасни дека причината е што игра на истата позиција со Бруно Фернандеш и дека не гледа како двајцата можат да бидат на теренот.
Добро информираниот италијански фудбалски „инсајдер“, Николо Скира, тврди дека луѓето од Наполи се во сериозни преговори со менаџерот на младиот Англичанец и дека е планирана позајмица во јануари, а потоа, како во случајот на Хојлунд, потенцијален откуп на договорот на крајот од сезоната.
Наполи има право да го откупи договорот на Хојлунд за 50 милиони евра во јуни 2026 година, што ќе го сторат според најавите.
Foto/ depositphotos
Спорт
Во Барселона се откажале од Влаховиќ, Србинот се договорил со Милан
Душан Влаховиќ беше цел на Барселона, но повеќе не, а сега ги договори сите лични услови со – Милан!
Ова го тврди каталонскиот „Спорт“, кој откри дека Барселона го следела развојот на ситуацијата во Јувентус, како и дека Влаховиќ бил потенцијална замена за Роберт Левандовски, најмногу поради фактот дека тој ќе стане слободен играч следното лето.
„Спорт“, истакнува дека Каталонците се откажале од неговиот трансфер поради фактот што тој доживеал сериозна повреда поради која ќе мора да паузира три месеци, но и затоа што бил неубедлив пред повредата.
Исто така проблем за Барселона била и платата што ја има Србинот. Влаховиќ од Јувентус, на годишно ниво добива нето плата од 12 милиони евра.
Во исто време, „Спорт“ тврди дека Влаховиќ од претходно водел интензивни преговори со Милан и дека кариерата ќе ја продолжи таму.
Кристофер Енкунку и Сантијаго Хименез не играат добро, не се по вкуст на Масимилијано Алегри, кој добро го познава Влаховиќ од периодот кога работеа заедно во Јувентус.
Влаховиќ, веројатно нема да потпише нов договор со Јувентус, што значи дека од 1 јануари, има право да потпише прелиминарен договор со друг клуб.
Foto/ depositphotos

