Спорт
Супериорна победа на Стојчев, Ситиќ изненади кај дамите
Бугаринот Петар Стојчев во машка и Карла Ситиќ во женска конкуренција се овогодинешните победници на Охридскиот пливачки маратон.
Бугаринот Петар Стојчев во машка и Карла Ситиќ во женска конкуренција се овогодинешните победници на Охридскиот пливачки маратон.
На 30-километарската патека „Климе Савин“, од Св. Наум до Охрид, Стојчев ја растури конкуренцијата забележувајќи ја вкупно деветтата победа во своето сеумнаесетто учество на маратонот. Стојчев од водечката група се одвои на 15-от километар создавајќи недостижна предност. На целта тој пристигна со време од 5 часа, 37 минути и 39 секунди, оставајќи ги зад себе германецот Александар Стуѕински и аргентинецот Дамиен Блаум.
“Мене не ми одговара пливање во група, некаде кај Пештани успеав да се одлепам и до крај да ја задржам предноста. Се решив да пливам ваква трка за да нема никаков сомнеж во мојата победа, како што тоа беше во последните две години. Сепак секоја победа е подеднакво важна без разлика дали е остварена со секунда предност или со предност од педесет метри“, изјави веднаш по пристигнувањето на целта Петар Стојчев.
И додека победата на Стојчев беше очекувана, изненадувањето се случи кај дамите. Сосема неочекувано до победата стигна Крла Ситиќ од Хрватска, нејзиното време на целта изнесуваше 5 часа, 47 минути и 18 секунди. Хрватската маратонка до победата стигна пред фаворизираните Естер Нуњез од Шпанија и Гиељо Пилар од Аргентина.
“Немам зборови со кои би можела да го искажам чувството по оваа победа. Условите за пливање беа одлични, се надевам дека ќе дојдам и следната година да ја бранам титулата“, изјави Карла Ситиќ.
На целта прв на победниците им честиташе претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, покровител на Охридскиот маратон.
На 24-то издание на пливачкиот маратон, Македонија беше претставена од петмина пливачи. Најдобро пласиран од нив, на шестата позиција беше Евгениј Поп Ацев кој на целта стигна со време од 5 часа, 45 минути и 15 секунди. Трката не ја заврши Мирчевски, Илиевски беше седумнаесетти, Младеновски позиција зад него, а Панчевски финишираше на дваесеттото место.крај/макфакс/н.ц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Да имаше Бог во фудбалот… Папата ќе беше тренер, а Ватикан светски шампион“
Режисерот на историската европска титула на Португалија, со интересна изјава откри што мисли за улогата на верата во спортот.
Летото во 2016 година, Фернандо Сантос и неговите избраници ѝ ја донесоа на Португалија историската прва титула на ЕУРО. Со голот на Едер во продолжението предизвика ја победија Франција со 1:0.
За титулата, 71-годишникот не им припишува никаква заслуга на повисоките сили.
„Да беше така, Ватикан секогаш ќе беше шампион. Ќе стававме свештеници да играат, Папата ќе беше тренер, а тие секогаш ќе беа шампиони! Бог ми помогна многу, но тоа беше на емоционално ниво. Ми даде мир, спокојство и никогаш не ме напушти. Сепак, тој не се грижи за тактички работи“, рече искусниот стручњак со насмевка, за португалски „Рекорд“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Штолц до ново злато со нов олимписки рекорд
Спектакуларната трка на 500 метри донесе историски исход, тројца лизгачи ја минаа патеката со подобро време од претходниот олимписки рекорд. Златото му припадна на Џордан Столц (21).
Американецот ја запре штоперицата на 33,77 секунди и постави нов олимписки рекорд.
Ова е неговото второ злато на овие Игри, бидејќи претходно триумфираше на 1.000 метри.
За да освои четири златни медали, Столц мора да ги освои преостанатите две трки – 1.500 метри во четврток и масовниот старт во сабота.
Сребрениот медал му припадна на Холанѓанецот Јенинг де Бо со 33,88, додека бронзата му припадна на Канаѓанецот Лоран Дубре, кој ја помина целта за 34,26 секунди.
Поранешниот олимписки шампион Тингуи Гао заврши само на седмата позиција.
Fptp/ EPA
Спорт
(ВИДЕО) Баерн ја продолжува агонијата на Вердер, Хофенхајм им се врати на победите
Вердер Бремен тоне сè подлабоко и подлабоко, во дуелот со Баерн Минхен немаа никакви шанси, на крајот Баварците триумфираа со 3:0.
Два гола од Хари Кејн и еден гол од Леон Горецка го потврдија триумфот на актуелниот лидер. Вердер нема победа од ноември, а ова беше нивниот осми пораз во 12 кола. Баерн ја прекина серијата лоши резултати, еден освоен бод во последните две рунси и ја врати предноста од шест бода во однос на Борусија Дортмунд.
Хофенхајм им се врати на победите, третопласираниот тим во лигата го победи Фрајбург дома со 3:0.
Мајсторскиот гол на Крамариќ во петтата минута беше поништен поради офсајд, но домашните лесно стигнаа до триумфот, со головите на Аслани, Кабрак и Гентри.
Леверкузен го декласираше Санкт Паули со 4:0. Ајнтрахт беше убедлив против Борусија Менхенгладбах со 3:0, а Хамбург победи кај Унион Берлин со 3:2.

