Контакт

Спорт

Македонските боксери ќе ги загреат ракавиците

Објавено пред

Едни од најдобрите од нашата земја во боксот се веќе во Италија во се аклиматизираат на тренинг кампот организиран од светската боксерска федерација.

dobivaj vesti na viber

Нашите токму на Апенините ќе се подготвуваат за натпреварувањето кое започнува на први септември почнува светското првенство во Милано на кое Македонија со четворица ќе се бори можеби и за медал.

„Медали очекуваме од поискусните Мумин и Димовски, додека од помладите секоја победа би била поздравена и добредојдена во намерата да се избори олимписка норма за Лондон 2012-та. За Димитар Ташков ова ќе биде прво големо натпреварување во сениорска конкуренција“.-изјави Петре Чурлиновски селектор на боксерската репрезентација.Иако Мумин е далеку попознат во македонската јавност за разлика од останатите боксери сепак најавите говорат дека заедно со Димовски ќе бидат оние кои можеби и ќе освојат и медал на ова натпреварување.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Драма во Шпанија: Тренерот на Жирона итно префрлен во болница

Објавено пред

Фудбалскиот тренер на Жирона, Мичел Санчез, напиша на социјалната мрежа X дека е хоспитализиран, но не ги наведе причините поради кои е примен во болница.

dobivaj vesti na viber

„Морав да бидам хоспитализиран и ќе бидам под лекарски надзор неколку дена“, напиша Санчез, додавајќи дека се чувствува добро и со нетрпение очекува да се врати на клупата.

Поради здравствената состојба, Санчез нема да го предводи тимот на натпреварот против Виљареал во сабота. Жирона моментално е на 15-то место на табелата, шест бода над зоната за испаѓање, а до крајот на првенството остануваат уште четири кола.

Ниту клубот, ниту тренерот не објавија повеќе детали за неговата здравствена состојба.

„Се чувствувам добро, под надзор сум на лекар и ги бројам деновите до враќањето на работа за да можеме да ја продолжиме борбата до крајот на сезоната. Ќе бидам отсутен од теренот, но во постојан контакт со стручниот штаб“, рече Санчес.

Минатата сезона, Санчез го предводеше каталонскиот клуб до историско трето место во шпанското првенство. Сепак, тимот се соочи со проблеми оваа сезона откако клучни играчи го напуштија клубот за време на летниот преоден рок, па Жирона е само 15-та на табелата со 38 бода, и сè уште не ја надминала борбата за опстанок.

Прикажи повеќе...

Спорт

Средба која се чека со години: Ана Ивановиќ и Ѓоковиќ повторно заедно?

Објавено пред

Ана Ивановиќ и Новак Ѓоковиќ би можеле повторно да се сретнат за прв пат по долго време.

dobivaj vesti na viber

На турнирот во Женева, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ги направи последните подготовки за Ролан Гарос, а се очекува да пристигне и некогашната српска тенисерка Ана Ивановиќ во својство на почесна гостинка и поранешна шампионка, пренесуваат српските медиуми.

Нивната средба би можела да се случи во многу деликатен момент за двајцата.

Имено, се повеќе се шпекулира дека Ана поминува низ брачна криза со Бастијан Швајнштајгер и дека развод е на повидок.

Од друга страна, Новак поминува низ чуден период. Од почетокот на годината, тој е далеку од препознатливо ниво, се откажа од мастерсот во Рим без конкретна причина, а се повеќе се шпекулира за крајот на неговата кариера.

Турнирот во Женева е закажан од 17 до 24 мај.

Прикажи повеќе...

Спорт

Алонсо се збогуваше со Леверкузен: „Разговарав со играчите“

Објавено пред

Веќе нема никаква дилема, Чаби Алонсо јавно потврди дека ја напушта клупата на Баер Леверкузен и дека ќе стане нов тренер на Реал Мадрид.

dobivaj vesti na viber

Официјална потврда дојде и од главниот актер.

На прес-конференцијата пред натпреварот од Бундеслигата против Борусија Дортмунд, Алонсо откри пред јавноста дека веќе разговарал со играчите и дека ќе се збогува со клубот во преостанатите два натпревари од сезоната.

„Оваа недела, клубот и јас се согласивме дека ова ќе бидат моите последни два натпревари во Леверкузен. Ова е вистинско време да го објавам тоа бидејќи секогаш имавме добра комуникација. Мораме да уживаме во овој момент со измешани емоции. Разговарав со играчите и персоналот, не беше лесно. Имавме одличен однос и тоа беше клучот. Тие веруваа во мене и ме следеа. Сакам да се збогувам на вистински начин овој викенд“, рече Алонсо.

Алонсо, поранешен шпански репрезентативец, играше за Реал Мадрид од 2009 до 2014 година за време на својата играчка кариера и освои бројни трофеи со Реал, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2014 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет22 минути

Пакистан: Индија ги нападна нашите воени бази, започнавме операција за одмазда

Пакистанската војска објави дека Индија извршила напади во текот на ноќта врз неколку пакистански воени бази, вклучувајќи локации во близина...

Свет31 минута

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано, нарекувајќи го...

Европа41 минута

Лидерите на најмоќните европски земји синоќа отпатуваа во Киев, тоа е одговор на Путин

Лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Полска отпатуваа во Киев на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски во знак...

Македонија46 минути

Истрага за убиството во Штип: 21-годишникот купил пиштол во Скопје и со умисла лишил од живот едно лице

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител...

Топ12 часа

Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола. Тој претходно, пред...

Свет14 часа

Полскиот премиер: „Срамно е да се биде на парада во Москва и да му се аплаудира на Путин“

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека сите што присуствувале на воената парада во Москва на Денот на победата се посрамотија....

Македонија19 часа

Измами со превозот на ученици – пријава против ексдиректорка на училиште од Куманово, шест вработени во МОН и две фирми

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука,...

Македонија19 часа

Во Кочани си дојдоа деца што цел живот ќе немаат раце, толку бргу ли нè заборавивте? – проговори мажот што се врза за бандера во Скопје

Мажoт, кој на скопскиот плоштад се залепи со селотејп за бандера, го направил тоа за да испрати силна порака и...

Македонија20 часа

„Да, виновен сум“ – Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина

Васил Јованов на денешното прво рочиште призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина Кулакова. Одговарајќи на прашање на...

Македонија20 часа

(Видео) Кузеска за убиството во Штип: Како е возможно турски државјанин да поседува пиштол

Безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. Македонија гори од насилство, убиства по улици, криминал и безредие. Вчерашното убиство во Штип...

Македонија22 часа

Време е да сфатиме дека „Генералка викенд“ треба да прерасне во генералка 365 дена, вели претседателката Сиљановска-Давкова   

Просторот околу скопскиот акведукт, кој со децении е депонија, треба да прерасне во парк, заклучија утрово претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот...

Македонија23 часа

(Видео) Убиецот имал четворица помагачи, сите се oд Турција и се приведени

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип. МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по...

Македонија1 ден

Уапсен убиецот што вчера пукаше во Штип

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент...

Македонија1 ден

„Влен“: 9 и 10 мај – црни денови во Куманово, албанските куќи гореа додека министрите на ДУИ се чешлаа

„Во темната колективна меморија на Албанците во Северна Македонија, 9 и 10 мај 2015 година ќе останат засекогаш како денови...

Топ1 ден

Извршен увид по пукањето во Штип: убиениот и напаѓачот се странски државјани

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено...

Европа1 ден

Британскиот премиер: Ќе направиме сè за да ја уништиме операцијата на руската флота во сенка

Велика Британија објави дека ќе санкционира до 100 танкери за нафта од таканаречената руска флота во сенка, со цел да...

Свет1 ден

Џеј-Ди Венс: Војната меѓу Индија и Пакистан не е наша работа

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Индија и Пакистан треба да ги деескалираат тензиите, но додаде дека САД не...

Свет1 ден

Американци: Вистина е, Пакистан собори индиски „рафал“ со авион од кинеско производство

Борбен авион Ј-10 од кинеско производство, кој им припаѓал на пакистанските воздухопловни сили, собори најмалку два индиски воени авиони, потврдија...

Топ1 ден

Пукање во Штип, едно лице повредено

Едно лице е повредено во пукање што се случило вчера вечер во кафуле на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Според...

Свет2 дена

(Видео) Папата Лав 14 го одржа првиот говор: „Бог нè сака сите, безусловно“

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав 14, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и го...