Црна хроника
Два инцидента во скопско, пукање во училиште и на автобуска постојка

Два инцидента се случиле во средата во скопско Кондово, во едниот инцидент се пукало во училишен двор, а во вториот на автобуска постојка.
Првиот инцидент се случил околу 7.40 часот, кога кондовец отишол во тамошното основно училиште, бидејќи две лица го малтретирале неговиот син и му барале пари кои не им ги должел. Таткото отишол во училиштето за да разговара со таткото на едно од лицата кои го малтретирале синот. Но, тој почнал да го навредува неговиот син и се обидел да го нападне таткото, но вработените во училиштето го спречиле. По 15 минути во дворот на училиштето пристигнале двете лица кои го малтретирале синот и со пиштол му се заканувале на таткото. Откако им се спротивставил, влегле во возилата, а еден од нив при заминувањето испукал еден куршум.Другиот инцидент се случил околу 12.45 часот во близина на угостителскиот објект „Алинеја“, додека кондовец со неговата сопруга чекал автобус. Во еден момент застанале две патнички возила, од кои излегле шест лица кои имале бејзбол палки, а едниот од нив имал пиштол во раката по што започнале да му се закануваат и да го навредуваат кондовецот.Едниот од нив го репетирал пиштолот и го вперил кон кондовецот, но тој успеал да избега. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случаите./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.