Македонија
ВМРО – ДПМНЕ – победа во 16 општини, Иванов води
Владеачката ВМРО – ДПМНЕ објави избор на свои градоначалници во 16 општини и убедливо водство на Ѓорге Иванов на претседателските избори
Владеачката ВМРО – ДПМНЕ објави избор на свои градоначалници во 16 општини и убедливо водство на Ѓорге Иванов на претседателските избори.
Ѓорче Иванов има двојно повеќе гласови од Љубомир Фрчковски од СДСМ и независниот кандидат Љубе Бошкоски, кои водат изедначена трка за влез во вториот круг, соопшти пратеникот Владимир Ѓорчев.
Според него, ВМРО ДПМНЕ освои градоначалнички места во првиот круг во Битола, Прилеп, Новаци, Пробиштип, Градско, Свети Николе, Крива паланка, Ранковце, Кратово, Кичево, валандово, Ѓорче Петров, Бутел, Цер и Вевчани, а пред победа е во Илинден./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Разрешена Миликије Халими – директорката на „Аеродроми“ чиешто образование лани предизвика лавина реакции
Миликије Халими е разрешена од директорската функција на „Аеродроми“, а за нов директор е именуван Игор Трајановски.
Таа во минатото беше градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ, а потоа и инспектор во Царина, по што лани беше назначена за нов директор на државната компанија „Аеродроми“.
Халими ја презеде функцијата од Трајче Ангеловски, а нејзиното именување го следеа контроверзии и реакции во јавноста, кои се однесуваа на тоа дали ги исполнува условите, односно дали поседува универзитетска диплома. Медиумите тогаш пишуваа дека Халими, Арачиново го водела со стручно медицинско средно образование, додека во нејзините биографски податоци стоело дека студирала Педагошки факултет, но без да биде наведено кога дипломирала. Подоцна од нејзиниот кабинет објавија дека директорката има завршено економски факултет, но не беше прецизирано кога ги завршила студиите и на кој Универзитет.
Тогашниот премиер, Димитар Ковачевски, јавно ја поддржа изјавувајќи пред една година: „Новата директорка на Аеродроми Миликие Халими е избрана од Надзорниот одбор врз основа на исполнети критериуми“. Ковачевски додаде дека Халими приложила универзитетска диплома, како и многу други функционери.
Македонија
Претседателката Сиљановска-Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2024 година
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2024 година на авторите Методи Хаџи-Андов, Сашо Андријевски, Игор Сугарчев и Димитар Стефановски, од проектантското биро „Параметар студио“, за проектот Мултинаменски комплекс во општина Петровец, Скопје.
Големата годишна награда традиционално ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, под покровителство на Претседателот на Републиката.
„Македонските архитекти и архитектурата имаат длабоко наследство и оставштина која многумина ја почитуваат, како што е тоа на пример Меѓународната академија за архитектура која истакнува дека ние имаме повеќе истакнати архитекти, но не само во дизајн или градба, туку и како професори. Тоа значи и школа, наш стил. И по нашата извонредност во градбата треба да бидеме препознатливи и во иднина, а секако не по урбанистичките ловци на профити, занемарувајќи ги човечките потреби, оставјаќи хаос и неодржливи градови или станбени блокови во кои секојдневието е барикадирано со архитектонски пречки“, кажа Сиљановска-Давкова.
„Денешнава награда потврдува дека имаме блескави архитекти и архитектура, и токму тие треба да бидат пример како да се однесуваме понатаму. Да пронајдеме одговор за грешките, да ги примениме принципите на хуманизмот во архитектурата, да се вратиме на македонската мера, на нашиот златен пресек. Тоа значи и почитување на основните човекови права. Ако се потсетиме на Едгар Морено, ќе истакнеме дека и архитектите се втмелени и го креираат духот на времето, но не само како гола фраза или кич производ, туку како суштина во која е обмислена човечноста.
Да цитирам и еден од најпознатите говорници, Винстон Черчил, во својот чувен говор во британскиот Парламент рекол: „Прво ние ги обликуваме зданијата, а потоа тие не обликуваат нас“.
Јас пак би сакала да се навратам на еден архитект, којшто го познавам, и кога врвам по „Орце Николов“, сакам да ја видам неговата куќа, зборовите на уважениот професор Борис Чипан:
„Архитектурата е сè заедно. Познавање и живеење на животот. Магија на хуманистичката алхемија. Потрага по каменот на мудроста. Напор да се открие досега неоткриеното. Архитектурата се раѓа и се создава“, додаде Сиљановска-Давкова.
Македонија
Лимани: Буџетот на општина Гостивар за 2025 година е околу 27 милиони евра, најголемиот досега
Општина Гостивар денес одржа јавна дебата за креирање на буџетот за 2025 година. Предлог-Буџетот на општина Гостивар е планирано да биде 27 милиони евра, што претставува најголем буџет во историјата на општината.
„Денес организиравме јавна дебата во врска со буџетот на општина Гостивар за 2025 година, дебата на која сите граѓани, невладини организации и заинтересирани страни можеа да дојдат и да ги споделат своите предлози и идеи за планирањето на буџетот на Општина Гостивар“, изјави Валбон Лимани.
Градоначалникот на Гостивар нагласи дека буџетот за следната година е околу 27 милиони евра, што е најголемиот досега.
„Оваа година буџетот на општината е околу 27 милиони евра, најголемиот буџет досега, и се надеваме дека ќе биде буџет кој ќе го обезбеди развојот на нашиот град, ќе обезбеди средства за животната средина, за развојот на спортот и за сите други области со единствена цел – да го направиме животот на граѓаните на Гостивар подобар“, изјави Лимани.