Македонија
„Павел Шатев“: Нема елементи за предвремени избори, но тие се излез од кризата
Не постои ниту еден елемент кој укажува дека треба да се одржат предвремени избори, но тие се единствениот излез од политичката криза, заклучија учесниците на трибината „За демократијата: избори и бојкот“, организирана од институтот „Павел Шатев“
Според новинарот Слободан Чашуле, не постои валиден аргумент што општеството го произвело за одржување на предвремени парламентарни избори, со оглед на тоа што владејачката гарнитура има двотретинско мнозинство во парламентот, поддршка кај граѓаните, што била потврдена на последните неколку изборни циклуси.„Само шест општини добија оние кои денеска велат дека се претставници на народот и дека се само тие родени да бараат народна власт. Внимавајте…власта што победува, односно комбинацијата на политички партии што победуваат е ненародна, а 18 пратеника кои неуспеваат да победат во повеќе од шест општини, се прогласуваат за изблик на интересот и волјата на граѓаните“, вели Чауле.Според универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски, пак, ваквата ситуација не може да трае долго и излезот го гледа во одржувањето на предвремени парламентарни избори.„Ваква ситуација, вообичаено, не може да трае долго. Ваква ситуација создава тензичност во општеството. Тоа е веќе видливо во Република Македонија. Единствена разрешница се избори и мислам дека власта тоа го детектира како опасност која се надвива над Република Македонија, над демократијата и над нејзините евроатлантски процеси кои што се случуваат и кои се во тек. Поради тоа, понуди да се оди на избори“, рече Јанкуловски.Аналитичарот Владимир Божиновски, пак, не гледа расположение кај електоратот за промена на власта, повикувајќи се на последните мерења на јавното мислење.„Суштината е дека доколку има избори, повторно ќе победи владејачката коалиција и повторно опозицијата ќе остане опозиција. Со цел да се зголеми рејтингот и да се дојде до некаков сооднос кој што повеќе би одговарал на опозицијата, се прави обид за предизвикување на политичка нестабилност и се прави обид за продлабочување на кризата, се прави обид на некој начин да се наруши демократскиот процес во Република Македонија и на тој начин да се стопираат сите социоекономски текови во државата, а со тоа граѓаните, откако ќе го почувствуваат тоа врз своја кожа, нормално ќе ја обвинат власта“, вели Божиновски.Според учесниците на трибината, една од целите на опозицијата е да ја ослабне власта до редовниот рок за одржување на парламентарни избори, кои треба да се одржат во 2012-та година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.
Македонија
Сончево со умерена локална облачност: температурата до 14 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
Македонија
Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена
Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за инфективни болести. Пациентката имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против грип.
Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти со компликации од грип, oд кои повеќето се возрасни лица со хронични заболувања и невакцинирани од грип.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, пред неколку дена кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој месец и првата половина од февруари.
„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.
Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.

