Македонија
Странска компанија го злоупотребила името на македонски министер
Македонски министер најави мерки против британска компанија, која го злоупотребилa неговото име и барала котизација за фиктивна средба со премиерот
Министерот за информатичко општество Иво Ивановски најави мерки против британска компанија, за која тврди дека го злоупотребилa неговото име барајќи енормно висока котизација за фиктивна средба со премиерот
Министерството за информатичко општество реагираше по информацијата во Форум дека фирмата „Британски Издавачи“ деновиве до една македонска компанија испратила понуда за учество на тркалезна маса.
На ова следело и телефонско убедување, на раководството на фирмата му се укажувало дека е „пожелно за финансиска котизација во висина од две илјади фунти“ да ја искористат можноста и преку нив да остварат директни средби со кој и да е министер од Владата, почнувајќи со премиерот, наведе Форум.
„Министерот Иво Ивановски остро го демантира публикувањето на веста за негово присуство на конференција за е-Стратегија организирана од страна на фирмата Британски Издавачи “, се наведува во демантот од министерството.
„Заради непрофесионалниот пристап на компанијата, која со злоупотребата на неговото име преку неавторизирано објавување на негово учество во конференција ги прекрши важечки законски прописи, Министерот ќе биде приморан да преземе корективни мерки со цел сторителите на оваа злоупотреба да сносат одговорност за преземените недозволени дејствија.“, соопшти министерството за информатичко општество./крај/макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

