Спорт
Ван Марвијк им дава предност на Шпанците

Холандскиот селектор пред големото финале вели дека Шпанија за нијанса игра подобро од неговата екипа, но потсетува дека досега на мундијалот „црвената фурија“ загуби еден меч, додека „лалињата“ ги забележаа сите шест победи
„Во финалето ќе настапат две екипи кои го заслужија тоа Ние го победивме Бразил, а Шпанците Германија, Двата финалиста во текот на мундијалот покажаа енормна стабилност“, изјави холандскиот селектор Берт ван Марвијк пред денешното големо финале.Марвијк вели дека Шпанија игра поатрактивно од неговата репрезентација, но потсетува дека и неговите играчи имаат иста цел – по првпат на својата земја да и ја донесат шампионската титула. Според Марвик на неговите фудбалери не им е потребна дополнителна мотивација.„За нашата историја, во 1974 и 1978 г., не зборуваме. Да се биде во финалето е нешто посебно и затоа сакаме да победиме“, вели Марвијк. На патот до денешното финале Холандија во групата Е ја совлада Данска со 2:0, Јапонија со 1:0 и Камерун со 2:1. Во осминафиналето Холандија ја совлада Словачка со 2:1, во четвртфиналето Бразил со 2:1 а во полуфиналето Уругвај со 3:2.На досегашните светски фудбалски првенства Холандија има осум настапи а нејзините постигнувања се следните: 1930 – не учествува1934 – елиминација во прв круг1938 – елиминација во прв круг1950 – не учествува1954 – не учествува1958 – не учествува1962 – не учествува1966 – не учествува1970 – не учествува1974- второ место1978- второ место1982 – не учествува1986 – не учествува1990 – елиминација во втор круг1994 – четвртфинале1998- четврто место2002 – не учествува2006 – елиминација во втор круг2010 –
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Легендарниот тренер јавно му се поклони на Коди Милер-Мекинтаер

Кошаркарите на Црвена звезда го победија Реал со 90:75 во петтото коло од Евролигата. Црвено-белите одиграа брилиајнтен натпревар против „кралскиот клуб“, а до победата ги предводеше Коди Милер-Мекинтаер со 18 поени и по осум скока и асистенции.
Играчите на Црвена звезда го воодушевија легендарниот Владе Ѓуровиќ. Српскиот тренер кој изненадувачки го водеше Шибеник до титулата во поранешна Југославија во 80-тите, а сензационално и Задар, сега е аналитичар за Арена Спорт.
По големата победа на Звезда над шампионот на Шпанија, Ѓуровиќ стана од масата во студиото и буквално му се поклони на играчот за кого претходно рече дека на тимот му се потребни засилувања на таа позиција.
„Фантастична победа, голема победа, фантастична публика. Борбеноста на Звезда е фантастична, како што ветија. Саша Обрадовиќ како тренер е фантастичен. Сега морам да станам и длабоко да му се поклонам на Коди Милер-Мекинтеар, морам да му се извинам. Ова е можеби неговата најдобра игра во кариерата. Одигра докторски. Но, сепак мислам дека на Звезда му е потребен уште еден плејмејкер, но сега нема да зборуваме на таа тема.“
Милер-Мекинтаер (31) беше најдобар асистент во Евролигата во 2024 година играјќи за Басконија, по што се пресели во Звезда минатото лето. Тој е Американец, но со бугарско државјанство и игра за репрезентацијата на Бугарија.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) „Гери Невил е предавник“

Дуелот помеѓу Салфорд Сити и Олдам Атлетик во Лига 2 беше кратко беше прекинат, поради инвазијата на домашните навивачи на теренот.
Неколку навивачи го „нападнаа“ теренот во текот на првото полувреме. Сите беа облечени во бели дуксери со натпис „Гари Невил е предавник“.
Навивачите носеа и знамиња, а еден од нив дури се обиде да го забоде знамето во центарот на теренот. Најмалку двајца навивачи успеаја да стигнат до самиот терен пред да бидат фатени од редарите.
Нападот на навивачите на теренот беше проследен со извици „Гари Невил е ку.ка“ и „Англија, Англија“.
Flag protests against Salford City owner Gary Neville #oafc pic.twitter.com/kO0Ikai5da
— Suzanne Geldard (@SuzanneNQNW) October 18, 2025
Навивачите се безни поради неодамнешните критики на Невил за честото прикажување на знамињата „Јунион Џек“ и „Св. Ѓорѓи“.
Невил рече дека белците на средна возраст сакаат да ги поделат луѓето во земјата на овој начин. Тој оцени дека тоа е злоупотреба на самите знамиња, но и на чувствата што ги предизвикуваат кај луѓето.
Невил е еден од сопствениците на Салфорд Сити од 2014 година, кога тој, Пол Сколс, Ники Бат, Фил Невил и Рајан Гигс го купија клубот. Сега тој и Дејвид Бекам се мнозински сопственици.
Спорт
(Видео) Педро Нето го реши Нотингем Форест

Челси ја продлабочи кризата на Нотингем Форест со победата на „Сити граунд“ (3:0), во првиот меч од осмото коло во Премиер лигата.
„Шумарите“, минатата сезона беа најпријатното изненадување во Премиер лигата, до самиот крај се бореа за четвртото место, оваа сезона како што стојат работите ќе се борат за опстанок.
Нотингем Форест го доживеа петтиот пораз, остана на само една победа и доколку Барнли и Вест Хем победат во ова коло, ќе бидат претпоследни на табелата.
На сите им беше јасно дека тимот од Нотингем не требаше да го отпушти тренерот Нуно Еспирито Санто, негвиот наследник Ангелос Постекоглу, веројатно ќе доби отказ, по само еден месец. На седум натпревари на клупата на поранешниот европски шампион, тој има пет порази и две нерешени резултати.
Неговиот тим се одржа на овој натпревар во првите 45 минути, а целосно се распдна во второто полувреме.
Во 49-та минута, Ачеампонг го постигна првиот гол во својата кариера за Челзи, а само три минути подоцна, асистентот за водечкиот гол, Португалецот Нето го дуплираше водството со гол од слободен удар.
Рис Џејмс го постави конечниот резултат во 84-та минута.
Следниот предизвик во лигата за Челзи е на 25 октомври кога го пречекуваат Сандерленд, додека Форест ден подоцна ќе гостува кај Борнмут.