Свет
Пропадна обидот за договор за целата ЕУ
Обидите да се убедат сите 27 членки на ЕУ за промена на договорите за Унијата со цел справување со должничката криза во еврозоната пропаднаа по 10-часовни преговори.
Обидите да се убедат сите 27 членки на ЕУ за промена на договорите за Унијата со цел справување со должничката криза во еврозоната пропаднаа по 10-часовни преговори.
Вето на таквата одлука стави Велика Британија, која смета дека договорот би бил против нејзините интереси.
„Им посакуваме ( на членките на еврозоната) се најдобро, затоа што сите сакаме секој да си ги реши своите проблеми, затоа што економскиот раст ни е итно потребен на сите. Но, на крајот ја проценив дека не е во интерес на Британија да се вклучи во тоа и го активирав правото на вето“, изјави утринава британскиот премиер Дејвид Камерон.
И Унгарија го отфрли договорот, а Шведска и Чешка соопштија дека ќе се консултираат со своите парламенти.
Во обраќањето по неуспешните преговори, францускиот претседател Никола Саркози истакна дека 17-те членки на еврозоната и уште најмалку шест, а можно е и осум, други членки на ЕУ, ќе работат на посебен договор кој ќе важи само за нив. Франција и Германија се залагаат за драстично поцврсти буџетски правила, кој би биле вметнати во новиот договор.
Во обраќањето Саркози истакна дека главна пречка за постигнување на општ договор било британското инсистирање на протокол кој би и овозможил на оваа земја опција да се исклучи себе си од предложените промени на финансискиот сектор, што останатите не сакале да го прифатат.
Францускиот претседател соопшти дека новиот договор ќе биде договорен во март, но ги негираше информациите дека со него се добива „Европа со две брзини“.
Земјите-членки на еврозоната веќе почнаа да преговараат за новиот меѓусебен договор, кој предвидуваат многу поцврсти буџетски правила и автоматски казни. Тие исто така се договорија плафонот на фондот за спас на еврозоната да биде 500 милијарди евра.
Според првичните информации, Европската комисија и Европскиот суд на правдата во иднина ќе имаат многу поголеми овластувања во поглед на примената на новите правила.
„Еврото го изгуби кредибилитетот и тој мора да биде повратен“, истакна германската канцеларка Ангела Меркел.
Според некои аналитичари, одлуката да се продолжи без опромени на договорите за ЕУ може да има и позитивна страна за земјите од еврозоната, затоа што за новиот договр ќе биде потребно многу помалку време и процедури. /крај/bbc/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сијарто предупредува: На економијата на ЕУ ѝ се заканува колапс во случај на конфискација на руски средства
Конфискацијата на замрзнатите руски резерви може да предизвика колапс на економијата на Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Руската национална банка ja чува својата имовина и средства во Белгија.
Сосема е очигледно дека ако ЕУ ги конфискува своите резерви, глобалната доверба во белгискиот пазар ќе исчезне, а преку него и целиот финансиски пазар на ЕУ.
Ако довербата во европската инвестициска средина исчезне, тоа може да доведе до колапс на европската економија“, рече тој во програмата „Час Правде“.
Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно потврдија за време на разговорите дека таков чекор од Брисел нема да помине без одговор од Москва.
Ова ќе зависи од ставот на поединечните земји во Европската Унија, истакна Сијарто.
„Конфискацијата на руски државен имот е една од најсериозните ескалации на ризикот во последните четири години, а запленувањето на резервите од страна на ЕУ е решение кое се заканува со ескалација на војната“, нагласи дипломатот.
И покрај фактот дека се чини дека дипломатското решение за украинската криза се приближува, Европејците всушност се обидуваат да ја продолжат и влошат војната со целосно непотребно присвојување на руски средства, резимираше тој.
На 12 декември, Советот на Европската Унија усвои одлука за трајно замрзнување на суверените руски средства, пренесува Спутник.
Европската комисија се надева дека на самитот на 18 и 19 декември ќе обезбеди одлука од земјите на ЕУ за експропријација на 210 милијарди евра руски средства, од кои 185 милијарди евра се блокирани на платформата „Јуроклир“ во Белгија.
Фото: депозитфотос
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.

