Македонија
ДУИ – победа во седум општини
Победа во седум општини објави вечерва владеачката ДУИ, а втор круг ќе има во Тетово, Гостивар и Струга
Победа во седум општини објави вечерва владеачката ДУИ, а втор круг ќе има во Тетово, Гостивар и Струга.
ДУИ освои градоначалници во Дебар, Сарај,, Желино, Теарце, Осломеј, Зајас и Студеничани, соопшти шефот на изборниот штаб Гзим Острени.
Според него, во поголемите градови Тетово, Гостивар и Струга, како и во уште шест помали општини градоначалници ќе се избираат во вториот круг.
Шефот на изборниот штаб на ДУИ на последната прес конференција за вечерва не соопшти податоци за освоените гласови на нивниот претседателски кандидат Агрон Буџаку./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец Јануари 2025 година.
Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
05.02.2025 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ
06.02.2025– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Македонија
Денес во 16.30 часот тргнува првиот воз од Скопје за Куманово, ќе се патува 41 минута
Скопје и Куманово по две и пол години прекин, повторно ќе бидат железнички поврзани. Министерот за транспорт и врски Александар Николоски извести дека од денес почнува да функционира редовна железничка линија.
„Денеска тргнува првиот воз од Скопје за Куманово. Тоа го ветивме на отворањето на железничката пруга Куманово – Бељаковце и еве од денеска е вистина. Во 16.30 часот ќе тргне првиот воз од Скопје за Куманово. Патувањето ќе трае 41 минута. Ќе оперира двапати дневно. Наутро во 06.30 ќе тргнува од Куманово за да можат сите оние на кои им е потребно да дојдат тука во главниот град, дали е за работа, дали е за други потреби кои што ги имаат и истиот воз во 16.30 ќе се враќа назад кон Куманово и секако во обратна насока кон Скопје. Значи ќе имаме четири воза дневно коишто ќе оперираат за 41 минута, што ќе се согласите сите, е навистина брзо. Од центар на Скопје до центар на Куманово ќе се патува за 41 минута што многу ќе ја олесни комуникацијата меѓу овие два града“, рече министерот Николоски.
Возот од Куманово ќе продолжи и до Бељаковце, оти само до таму во овој момент имаме железничка линија. Министерот Николовски очекува од октомври следната година истиот воз да оди и до Крива Паланка, кога ќе биде изградена пругата.
Во овој момент имаме пет активни воза кои оперираат по македонските железници за патнички сообраќај, пет локомотиви кои оперираат за товарен сообраќај и четири локомотиви. Министерот вели дека од нула возови и нула локомотиви минатиот јули сега имаме вкупно 14 на македонските пруги.
Следни железнички линии кои повторно ќе бидат воведени се оние до Тетово и Гостивар со амбиција да се врати и целата линија до Кичево,а понатаму и линиите до Штип и Кочани за кои министерот вели дека се градски линии оти сообраќаат на мали дестинации.
Редовната железничката линија меѓу Скопје и Куманово беше прекината во јуни 2022 година кога без најава и објаснување беа повлечени четирите воза што ја одржуваа.
Македонија
МЖСПП: Засилени активности од општините за почист воздух во последната недела од јануари
Согласно обврските од Акцискиот план со краткорочни мерки за чист воздух за грејната сезона 2024-2025., општините Охрид, Битола, Штип, Тетово, Прилеп, Гази Баба, Кисела Вода, Струмица и Крушево доставија извештаи за реализирани активности за периодот од 27ми до 31 јануари 2025 година.
Во Охрид, акцентот е ставен на контрола на исправноста на возилата и намалување на издувните гасови од сообраќајот, а извршен е вонреден инспекциски надзор на две градилишта при што не се забележани недозволени емисии од загадувачки супстанции, информираа од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Инспекциските служби на Општина Битола во втората половина на јануари извршиле контролни надзори во три инсталации со Б дозволи, и ги задолжиле да преземат мерки за сведување на емисиите во воздух во законски дозволените граници. Во моментот се чекаат резултати од нови мерења. Исто така се извршени надзори во 11 автосервиси за постапување со отпад и не е констатирано согорување на отпадно масло и со истото се постапува согласно закон: привремено е безбедно складирано и се предава на овластени субјекти. При континуираните контроли комуналните инспектори не констатирале горење на отпад на отворено.
Во општина Штип се извршени 5 инспекциски надзори кај правни субјекти кои поседуваат Б-ИЕД, од кои кај 3 се издадени решенија за постапување, односно истите се задолжени да извршат мерења пропишани во самите дозволи. Исто така, извршени се 14 вонредни инспекциски надзори кај субјекти кои поседуваат елаборат за заштита на животната средина, од кои кај 6 правни субјекти кои извршуваат дејност – преработка на дрво и дрвни производи, вклучувајќи и изработка на мебел, е издадено решение за постапување за мерења согласно Елаборатот.
Во Општина Тетово инспекциските служби извршиле инспекциски надзор. Инспекциските служби во Охрид спровеле изспекциски надзор кај 5 правни субјекти со рашто поседуваат Б Интегрирана еколошка дозвола и Елаборат за заштита на животната срдина и кај истите не се забележани неправилности. Во процесот на производство два субјекта користат електрична енергија, а три огревно дрва (главно пекари).
Општина Прилеп во текот на наведената седмица, спровела 5 инспекциски надзора, од кои 4 се автосервиси, а еден е кај правен субјект што врши ископ на мермер.
Кај автосервисите се извршени мерења на емисии од стациониран извор.
Во скопскта општина Гази Баба спроведени се инспекциски надзори согласно одредбите од Законот за урбано зеленило, при кои комуналните инспектори на Општина Гази Баба изрекле 12 казни. Исто така, изречени се 7 казни согласно Законот за јавна чистота, а направена е обиколка на сите критични точки каде најчесто се случуваат прекршоци во поглед на депонирање и/или спалување на отпад и е изречена една казна за несоодветно депонирање на отпад.
Во однос на инспекторирање на правните субјекти со Б-Интегрирана еколошка дозвола, направена е обиколка на 2 автомеханичарските сервиси на територија на Општина Гази Баба, при што не се констатирани неправилности. Во текот на споменатата седмица, при редовната обиколка и контрола на загревањето на малите сервиси не е затекнато согорување на отпад. Констатирано е дека сериозен проблем за Општина Гази Баба се домаќинствата што се загреваат согорувајќи дрвен отпад (иверки, отпадни даски и слично). Опоменати се 2 физички лица по овој основ и наложено е итно отстранување на отпадот од дворните места и користење на огревно дрво за затоплување.
Општина Гази Баба постапила и во однос на мерката 8 од Акцискиот план и направила обиколка на градилишта при што е извршена проверка на спроведувањето на мерките за намалување на загадувањето (правилно депонирање на отпад, работа со посебни маневри кои нема да предизвикуваат прав и сл.). Се врши редовна контрола на возилата кои излегуваат од градилиштата и на инвеститорите им се препорачува да ги мијат тркалата на возилата пред излез од градилиштата.
Според извештајот, Општина Гази Баба спровела редовни и вонредни инспекциски надзори на правни субјекти кои имаат Елаборати за заштита на животна средина, според Уредбата за чие одобрување е надлежен Градоначалникот на Општината, Градоначалникот на Град Скопје и Градоначалникот на општините во Град Скопје, а посебен акцент при спроведувањето на инспекциските надзори ставиле на правни субјекти кои како отпад при вршење на дејноста добиваат отпадно моторно масло, отпадни гуми и друго. Извршени се 10 инспекциски надзори и изречени се 2 казни за горење на отворено. Спроведени биле 10 инспекциски надзори на активни градилишта и стоваришта и наложено е миење на гумите на камионите и други активности за спроведување на Закон за јавна чистота.
Инспекциските служби во Општина Струмица извршиле вонредни инспекциски надзори на 5 инсталации и издадени се 4 решенија (задолжување за вршење на мерења на емисии од стационирани извори, продолжување на Б-Интегрирана еколошка дозвола) и едно решение со опомена за изработка на Елаборат со потребни договори за одложување на отпад. Извршен е вонреден надзор на 2 градилишта, при што не се утврдени неправилности.
Во меѓувреме за периодот од 01 до 04. 02. 2025г. во Струмица се извршени уште шест вонредни инспекциски надзори од кои четири кај правни субјекти со дејност за производство на мебел, еден кај правен субјект за производство на амбалажа од пластични маси за пакување и еден инспекциски надзор кај правен субјект кој се бави со изработка на метални конструкции и кај сите шст се констатирани се неправилности и тоа : кај два правни субјекти ќе биде поведена прекршочна постапка согласно Законот за управување со отпадот со издавање на прекршочен платен налог со казна во висина од 9000 евра за правниот субјект и 500 евра за управителот на правниот субјект на надзор, за три правни субјекти ќе се донесе Решение за изработка на Елаборат за животна средина и преземање соодветни технички мерки за вградување на филтер со кој ќе се намали, спречи и контролира негативното влијание врз квалитетот на амбиентниот воздух, а за еден правен субјект ќе се донесе Решение согласно дејноста која ја обавува да се изработи Елаборат за животна средина. Дополнително во периодот кој следува вонредните надзори кои се спроведуваат од страна на инспекторот за животна средина на општина Струмица ќе се објавуваат на официјалната страна на општината.
Општина Крушево акцентот го ставила на зајакнати акциски контроли на техничката исправност на возилата кои учествуваат во сообраќајот на патиштата со акцент на издувни гасови, особено на оние со дизел горива, тешки товарни возила и нерегистрирани возила.