Свет
Со дрога и алкохол професорка купувала секс од ученик
Во САД почна судењето на 33-годишната учителка Кармина Лопез која четири години на основец во замена за секс му давала пари, алкохол и марихуана
Учителката од основно училиште од Сан Диего воедно му била и кума на момчето кое почнала сексуално да го злоставува кога имало 11 години. Момчето кое сега наполнило 16 години во четвртокот сведочело пред судот дека учителката Кармина Лопез за сексуални услуги му давала пари, алкохол и марихуана, а му купила и велосипед. Злоставувањето било вршено во училницата по завршувањето на часовите, во автомобилот или во домот на учителката.„Ако побарав превоз до дома или што и да е друго, морав да имам секс со неа“, рекол ученикот пред судот.Обвинителството ја товарело дека таа се вработила во друго училиште за да го прикрие односот со ученикот. Момчето најверојатно се навикнало затоа што иако се заканило дека ќе ја пријави на полицијата, откако Лопез му рекла дека ќе се убие се откажал. Но во летото 2008 г. кога кумата почнала да зборува за деца и за брак, момчето се исплашило и злоставувањето го пријавило кај училишниот советник. Лопез вкупно е обвинета за 80 различни точки за сексуално злоставување, за сексуални напади и за повеќе други кривични дела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон за нападот во Франција: Правдата ќе ја утврди вистината
Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека има целосна доверба дека правосудниот систем на земјата ќе ја утврди вистината и ќе реагира со најголема цврстина откако возач на автомобил намерно удри неколку луѓе на островот Олерон во средата.
„Сите сме шокирани од нападот. Изразувам најдлабоко сочувство до повредените и семејствата на погодените. Им се заблагодарувам на нашите безбедносни и спасувачки сили кои беа мобилизирани за да го заштитат францускиот народ“, изјави Макрон, кој моментално е во Бразил, каде што учествува на климатскиот самит.
Возачот, 35-годишен маж кој живее на островот, намерно прегазил пет лица вчера, соопштија обвинителите.
Градоначалникот на Сен Пјер д’Олерон ја потврди намерата на возачот да удира во случајни минувачи.
Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека осомничениот покажувал експлицитен религиозен став и бил предмет на саморадикализација.
Сепак, во оваа фаза од истрагата, не е јасно дали религиозните мотиви биле причина за нападот, објави Ројтерс. Две лица повредени во инцидентот се уште се во сериозна здравствена состојба.
Регион
38-годишен маж претепан до смрт во Белград: „Жртвата има ужасни повреди на лицето“
Припадници на белградската полиција ги уапсија С.Р. (40) и В.С. (46) под сомнение за сторено тешко убиство, додека интензивно се бара уште едно лице. Тие се осомничени дека претепале до смрт 38-годишен маж во напуштена зграда во Белград. Телото беше пронајдено вчера наутро, објавува Нова.рс.
Според првичните информации, мажот починал од повеќекратни удари нанесени со тапи предмети по целото тело. Се сомнева дека жртвата била претепана со стап и шипка.
„Жртвата има ужасни повреди на лицето, главата и телото, кои најверојатно се нанесени од тврд предмет. Во куќата се пронајдени метална шипка и дрвена палка, кои форензичките експерти ги зедоа од местото на настанот за испитување. Се сомнева дека човекот бил претепан до смрт со овие предмети“, вели извор запознаен со случајот, додавајќи дека убиството веројатно се случило 24 часа пред да биде пронајдено телото.
На уапсените осомничени им е одреден притвор до 48 часа.
Свет
Политико: ЕУ дополнително ги заострува визите за Русите
ЕУ се подготвува да престане да издава повеќекратни шенгенски визи за руските граѓани, а во повеќето случаи ќе им се издаваат само еднократни визи, изјавија тројца европски претставници за „Политико“.
Новата политика, која се очекува да биде одобрена оваа недела, е најновата во серијата санкции против Москва поради нејзината војна во Украина. Исклучоци ќе бидат направени за хуманитарни случаи и за руски државјани кои имаат и државјанство на ЕУ.
Брисел веќе ја ограничи можноста за добивање шенген визи за руските граѓани.
Процесот стана поскап, побавен и со ограничени опции.

