Контакт

Економија

Пазарите на нафта поттикнати од најавата за ангажманот на ММФ

Објавено пред

Цените на нафтата во средата забележаа раст на меѓународните пазари, по најавата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) дека засилено ќе се ангажира во надминувањето на европската должничка криза.

dobivaj vesti na viber

Цените на нафтата во средата забележаа раст на меѓународните пазари, по најавата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) дека засилено ќе се ангажира  во надминувањето на европската должничка криза. Така цената на барел сирова северноморската нафта од мешан тип Brent Crude Oil на лондонската берза ICE (InterContinental Exchange Futures) беше поголема за 32 центи и изнесуваше 112,2 долари. На њујоршката берза NYMEH (New York Merchantile Exchange) цената на американската лесна сурова нафта Light Sweet Crude Oil во средата се продаваше по цена повисока за 46 центи од вчерашната и изнесуваше 101,17 долари. Во вторникот навечер ММФ испрати барање за набавување дополнителни финансиски средства со коишто ќе помогне во надминувањето на должничката криза во еврозоната. Според најновите информации на Reuters од извори во ММФ, меѓународните кредитори имаат план за соберат 600 милијарди долари дополнителни средства. Ваквата најава го поддржи и еврото во однос на доларот, што пружи дополнителна поддршка на цените на нафтата искажани во долари, имајќи предвид дека ја засили куповната моќ на имателите на другите валути и со тоа ја поттикна побарувачката. Во меѓувреме, меѓународните кредитори се подготвуваат за состанокот со претставниците на грчката влада за да се продолжат прекинатите разговори за каматите кои Грција ќе ги понуди за купување на нејзините нови државни обврзници и за планот за отпишување на грчкиот долг. „Цените на нафтата ги поддржува комбинацијата од приближувањето на крајот на трендот на јакнењето ан доларот и засилениот апетит за ризичен капитал, а и базичните стопански показатели од Кина и од САД изгледаат подобро кон крајот на минатата година“, толкува за агенцијата Хари Тчилингуирјан од „BNP Paribas“.Притоа тој укажува на податоците објавени во понеделникот коишто покажаа дека зголемувањето на потрошувачката на горива во Кина бил главен придвижувач на растот на побарувачката на нафта во светот во 2011 година. Прогнозите, пак, укажуваат на послаба побарувачка на нафта, па така Меѓународната агенција за енергија (IEA) во средата објави дека побарувачката паднала првпат од светската стопанска криза од 2008 и 2009 година. Благата зима, високите цени на нафтата и се поголемите можности за рецесија на светската економија ќе ја задушат побарувачката на нафта оваа година, проценија во Агенцијата. Организацијата на земји извознички на нафта – OPEC соопшти дека цената на референтната кошница нејзина нафта во вторникот изнесувала 112.24 долари, што значи дека за 53 центи била поголема отколку во понеделникот./крај/ро/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Објавено пред

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.

dobivaj vesti na viber

На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.

Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash

Прикажи повеќе...

Економија

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Објавено пред

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.

dobivaj vesti na viber

Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.

„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.

Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.

dobivaj vesti na viber

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.

„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Свет3 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет3 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет3 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија3 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа3 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија12 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет16 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет17 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет24 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет24 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет1 ден

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет1 ден

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет1 ден

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија2 дена

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија2 дена

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија2 дена

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија2 дена

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ2 дена

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...