Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ја пофали сопствената влада за визната либерализација
ВМРО-ДПМНЕ е задоволна од вчерашниот заклучок на Министрите за надворешни работи на државите членки на ЕУ со кои се препорачува укинување на визите за граѓаните на Македонија, соопштија од партијата.
„Добивме едена исклучително позитивна препорака, која ги потврдува напорите и искрената посветеност за развој и просперитет на Република Македонија. Ова е дополнителен мотив Македонија да продолжи со зацртаните реформи и предвидената динамика за нивна реализација, на патот кон целосно интегрирање во Европската Унија и НАТО алијансата“, изјави Андреј Лепавцев, Секретар за меѓународна билатерална соработка на ВМРО-ДПМНЕ.Според него укинувањето на визите ќе значи интензиварање на економската соработка со земјите од ЕУ, размена на искуства и слободно патување на македонските граѓани.„Вчерашниот одлука на Советот претставува дополнителна потврда за заложбите, реформите и политиките на ВМРО-ДПМНЕ. По само три години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ започна, ги имплементира, и комплетно реализира 5-те барања на Европската Унија кои беа услов за визна либерализација“, се пофали Лепавцев.Тој ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека Владата го предимензионира успехот за визната либерализација.„Жално е што секој успех на Македонија, опозицијата сака да го претстави како неуспех, но тоа е нивниот стил на работење. Опозицијата се обидува да гради атмосфера на малодушност. Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата ’За Подобра Македонија’ и ДУИ ги исполни сите критериуми. Ова е голем факт, како што е и факт дека во време на СДСМ единствена работа за која слушавме во поглед на оваа тема беа безбројните афери за сомнителни набавки на пасоши“, коментираше Лепавцев.Според него нема шанси за одложување на процесот.„Министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ ја реафирмираа поддршката за визна либерализација за Македонија истакнувајќи дека тоа е процес кој ќе се базира врз патоказите, што ги содржат одредниците, како и врз индивидуална оценка на достигнувањата на секоја од земјите, односно државите се оценети според нивните сопствени заслуги. Република Македонија е предводник во реформите за визна либерализација“, објасни Лепавцев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

