Спорт
САД последен полуфиналист

Со одигрувањето на последното коло од втората рунда во групите Е и Ф познат е последниот полуфиналист на светското првенство во одбојка за жени што се одржува во Јапонија. Покрај Русија, Бразил и Јапонија, САД е четвртиот полуфиналист. САД и покрај поразот од Бразил од 1:3 сепак се пласираа во полуфиналето благодарејки на несреќниот пораз на Италијанките од Куба со 2:3 Италија водеше со 1:0 и 2:1 во сетови, но Кубанките израмнуваа, а петиот решавачки сет се играше поен за поен се до 22:22 кога Куба освои два последователни поени и го сруши сонот на противничките. Италија поради победа над САД од 3:1 доколку ги совладаа Кубанките ќе беа второпласирани во групата Ф. Италија за прв пат по 1998 година не успева да влезе межу четирите најдобри репрезентации во светот. Така во полуфиналето ќе се сретнат Русија – САД и Бразил – Јапонија. За пласман од 5-8 место ќе играат Србија – Италија и Германија – Турција Резултати Група Е: Кина Перу 3:0 (17, 22, 21), Србија – Ј. Кореја 3:0 (17, 22, 16), Полска – Турција 3:1 (23, -24, 25, 22), Русија – Јапонија 3:1 (21, 14, -23, 13) Табела: Русија 14, Јапонија 12, Србија 11, Турција 10, Полска 10, Кина 10, Ј. Кореја 10, Перу 7. Група Ф: Тајланд – Чешка 3:1 (-16, 18, 20, 23), Куба – Италија 3:2 (-16, 24, -21, 23, 22), Бразил – САД 3:1 (19, -24, 19, 23), Германија – Холандија 3:1 (12, 14, -19, 25). Табела: Бразил 14, САД 12, Германија 11, Италија 11, Куба 10, Холандија 9, Тајланд 9, Чешка 8. крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Николас Џексон се сели во Минхен

Николас Џексон е на чекор до трансфер во Баерн Минхен. Германските медиуми тврдат дека преговорите што ги водат клубовите се во завршна фаза.
Џексон веќе се согласил да се пресели во Минхен, Баерн е подготвен да ја преземе целата плата на сенегалскиот напаѓач.
За да биде финализиран трансферот Баерн и Челзи треба да ја договорат сумата за која би играл на позајмица оваа сезона.
Џексон е под договор со Челзи до летото 2033 година, а „Трансфермаркт“ го проценува на 50.000.000 евра.
Во последната сезона, сенегалскиот репрезентативец постигна 10 гола и пет асистенции во 30 натпревари од Премиер лигата.
Спорт
(Видео) Навивачите на Гримзби лудо ја прославија победата над Манчестер јунајтед

Фудбалерите на Гримзби ја остварија една од најголемите, ако не и најголемата победа во својата историја. Синоќа во втората рунда од Лига купот го елиминираа Манчестер јунајтед.
Членот на Лига 2 (четврти ранг на англискиот фудбал), го елиминира великанот не само на англискиот туку и на светскиот фудбал по 13 серии пенали.
По 90 минути беше 2:2, откако Јунајтед во последните 15 минути ја надомести негативата од два гола.
Потоа следеше изведување на пенали, каде што Матеус Куња го промаши пеналот за победа на „црвените ѓаволи“,во петтата серија, а потоа во 13-та серија, Брајан Ембумо стана трагичар, ја погоди гредата, а Гримзби оствари шокантна победа.
На теренот на „Бландел Парк“ во градот Клиторпс настана хаос, огромен број локални навивачи влегоа на теренот и заедно со играчите го прославија овој историски успех.
Гримзби Таун е клуб кој се натпреваруваше во Лига 2 и Лига 3 во последните години.
Последен пат во Првата лига овој клуб играл пред 77 години.
Што се однесува до Јунајтед, тој тоне сè подлабоко и подлабоко.
Спорт
Аморим по дебаклот од Гримзби: Само еден тим играше на теренот

Манчестер јунајтед доживеа уште еден нокаут, многумина ќе речат историски откако доживеа елиминација од Лига купот, од тимот од четвртата лига, Гримзби.
„Црвените ѓаволи“, лошо влегоа во сезоната, во првите две кола освоија само еден бод,а елиминцијата од Гримзби, по 13 серии пенали, под знак прашање ја ставија иднината на менаџерот Рубен Аморим.
По натпреварот, Рубен Аморим беше целосно депресивен и даде многу чудна изјава:
„Денес победи подобриот тим, единствениот тим што беше на теренот. Мислам дека тимот и играчите зборуваа многу гласно денес, тоа е тоа. Изгубивме, подобриот тим победи“, рече Аморим и продолжи криптички: „Мислам дека е многу јасно што кажаа играчите денес, па да продолжиме понатаму, мислам дека на сите им е јасно што се случи денес.“
🗣️ "The best team won. The only team that was on the pitch."
Ruben Amorim reacts to Manchester United's Carabao Cup exit after defeat to Grimsby Town on penalties. pic.twitter.com/Vgwpweyy0U
— Sky Sports Football (@SkyFootball) August 27, 2025