Свет
Офанзива на ирските противници на Лисабонскиот договор
Противниците на Лисабонскиот договор стануваат се’ погласни и се трудат да бидат позабележителни бидејќи анкетите не одат во нивна полза пред петочното референдумско изјаснување на Ирците
Во Даблин, со цел да агитира против Лисабонскиот договор, дошол и лондончанецот Стив Ејскем кој на улиците делел летоци со наслов „Десетте причини против Лисабон 2“.„Си го платив патот, хотелот и печатењето на постерите и летоците. Во вторникот ја купив и оваа масичка. Сето тоа ме чинеше стотици фунти, но бидејќи нас никој не не’ прашуваше за референдумот, решив да ја водам кампањата тука“, рекол Ејскем. Тој рекол дека смета оти Лисабонскиот договор ќе ги принуди членките на Европската Унија во време на војна да овозможат извршување на смртната казна. Тој протестира и против британската влада, која според него го поддржува поранешниот премиер Тони Блер да застане на чело на Европа, за кого рекол дека е воен потстрекнувач. Маир Ни Биглоиш е исто така противничка на Лисабонскиот договор. Таа тоа го појаснила со тврдењето дека во Лисабонскиот договор цели 25 страници се посветени на воени прашања, а само половина страница на културата, а по една за образованието и здравството. Таа не гледа причина по минатогодишно ирско одбивање на договорот, и годинава повторно да се гласа за него. Медиумите ја опишуваат атмосферата во Даблин пред референдумот, како поларизирано спротиставена. Радикалното католичко здружение Коир тврди дека со Лисабонскиот договор минималната плата ќе падне на само 1,85 евра за час, додека спротиставените активисти тврдат дека таа ќе изнесува 8,65 евра. Даблин е облепен и со плакати со фотографија на тенк, од кои се предупредува дека договорот значи зголемување на вооружувањето. „Не сум против Унијата. Живеев во Франција и во Шпанија и мислам дека ЕУ е добра работа. Го поддржував договорот затоа што сметав дека ќе добиеме економска помош од Унијата. Но сега кога сфатив дека тоа не е вистина, ќе гласам против“, изјавила една активистка, противник на Лисабонскиот договор. Последните анкети покажуваат дека 48 отсто од Ирците сега го поддржуваат Лисабонскиот договор, а 33 се негови противници. Меѓутоа, медиумите на Островот предупредуваат дека 19 отсто од гласачите се’ уште не се изјасниле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Владејачките партии во Израел го бојкотираат гласањето за мировниот план
Владејачките израелски партии го бојкотираа парламентарното гласање за мировниот план за Газа што го поддржуваат САД. Израелските медиуми јавија дека речиси сите членови на коалицијата не учествувале на гласањето, што било и очекувано, бидејќи десничарските партнери на премиерот Бенјамин Нетанјаху се против планот.
Иако предлогот на опозицискиот лидер Јаир Лапид нема практична тежина, претставува непријатност за Нетанјаху, кој веќе се согласил со планот за завршување на војната во Газа, а првата фаза е во тек.
Лапид изјавил дека е „изненаден и разочаран“ што Нетанјаху не присуствувал на гласањето. Опозициониот арапски пратеник Мансур Абас за Хаарец изјавил: „Што ќе му каже Нетанјаху на претседателот Трамп кога за две недели ќе се сретне со него?“
Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави мировниот план во септември и го поканил Нетанјаху во посета на Белата куќа. Дел од коалициските партнери се вознемирени поради формулацијата во планот што споменува предуслови „за доверлив пат кон палестинско самоопределување и државност“.
Нетанјаху и неговата влада ја отфрлаат идејата за палестинска држава, тврдејќи дека тоа би ја загрозило безбедноста на Израел.
Свет
Објавени досега невидени снимки од островот на Епштајн: расте притисокот врз Трамп и институциите
Демократите од Одборот за надзор на Претставничкиот дом објавија „никогаш претходно видени“ фотографии и снимки од приватниот карипски остров на починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн. Во објавата на „Икс“ се наведува дека материјалите претставуваат „морничав поглед зад затворени врати“.
„Ги објавуваме за да обезбедиме јавна транспарентност и да помогнеме во составување целосна слика за неговите ужасни злосторства“, изјави демократот Роберт Гарсија, додавајќи дека „борбата за правда за преживеаните продолжува“.
Фотографиите покажуваат празни дворишта, спални соби и други простории од вилата, меѓу кои и бања со наредени перници.
🚨 BREAKING: Oversight Dems have received never-before-seen photos and videos of Jeffrey Epstein’s private island that are a harrowing look behind Epstein’s closed doors.
See for yourself. We won’t stop fighting until we end this cover-up and deliver justice for the survivors. pic.twitter.com/qXmxFISZLS
— Oversight Dems (@OversightDems) December 3, 2025
Министерството за правда на САД има рок до средината на декември да ги објави сите документи што ги поседува за Епштајн. Гарсија порача дека „време е претседателот Трамп веднаш да ги објави сите документи“.
По апсeњето на Епштајн во 2019 година и неговата смрт во притвор, јавноста со години бара целосна објава на документацијата — листи, комуникации, искази и други материјали. Притисокот расте и од демократи и од републиканци, со тврдења дека документите може да откријат нови детали за мрежата и можни вмешани лица.
Свет
ИКЕА купува шуми во Латвија и Литванија
ИКЕА купува околу 24.000 хектари шума во Латвија и Литванија од финската инвестициска компанија CapMan Natural Capital, која по повеќе од десет години активно управување оценила дека имотот достигнал „зрела фаза“ на создавање вредност.
ИКЕА соопшти дека набавката е во согласност со целите за одговорно управување со шумите и користење локални суровини, имајќи предвид дека таа е меѓу најголемите потрошувачи на дрвна маса во светот.
Трансакцијата треба да биде одобрена од регулаторите, а се очекува да биде завршена во првата половина од следната година.
CapMan по продажбата ќе управува со 215.000 хектари шума и ќе остане меѓу најголемите независни сопственици на шуми во ЕУ. Компанијата моментално управува со имот вреден 7,1 милијарди евра.

