Македонија
Политизацијата – клучен проблем на администрација, сметаат експерти
Политизацијата на јавната администрација е клучниот проблем со кој се соочува јавната администрација, смета дел од експертската јавност.
Политизацијата на јавната администрација е клучниот проблем со кој се соочува јавната администрација, смета дел од експертската јавност. Проблем, според дел од нив, е што ова прашање не е дел од Нацрт-стратегијата за реформа на јавната администрација, изработен од експерти ангажирани од Европската Унија во рамки на ИПА-проект. „Прво, концептот е погрешен. Со оваа стратегија немаме гаранција дека државната управа ќе биде професионална, ќе биде непартизирана и ќе може да одговори на потребите на граѓаните, затоа што немате никакво објаснување како тоа ќе се постигне. Не се ни третира делот на политизација. Чисто како информација, неодамна Европската Комисија објави извештај против дискриминација. Македонските граѓани, вкупно 80 отсто од нив во делот на дискриминацијата, сметаат дека најмногу се дискриминирани по политичка припадност. Тоа овде го нема. Ниту еден збор нема за политизацијата“, вели Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование. Според Слаѓана Тасева од Транспарентност – Нулта корупција, Македонија има прегломазна јавна администрација, што е неефикасна. Токму политизацијата ја смета како главна пречка за нејзината професионализација. „Би рекла дека тука е клучна политичката волја. Да не заборавиме дека недостатокот на професионализација во нашата јавна администрација се должи на високата политизација. Значи, многу политички влијанија во работата на администрацијата и начинот на обработувањето и напредокот, наградувањето во администрацијата мора да се подобри и да се сведе на јасни, транспарентни процедури и објективни критериуми“, вели Тасева. Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски, смета дека нацрт-стратегијата ги има вклучено најдобрите европски практики. Тој рече дека сите забелешки на невладиниот сектор, доколку се корисни и позитивни, ќе бидат земени в предвид. „Една од целите на Владата на Република Македонија е токму намалувањето на политичкото влијание во администрацијата. Усвојувањето на законските прописи за државните службеници, за јавните службеници и нивното влегување во сила има токму за цел да ја намали можноста од политичко влијание во администрацијата. Оваа Влада нема никаква цел да ја злоупотребува администрација за своите политички цели. Напротив, тоа сме го повториле повеќе пати претходно, ќе го повториме и денес дека секоја влада која што ќе ја зголемува администрацијата за политички цели, тоа ќе и се врати како бумеранг на таа политичка елита кога таа ќе биде во опозиција. Оттаму, ние имаме интерес Република Македонија да има една целосно деполитизирана и професионална администрација“, изјави Наумовски. Денешната дебата за нацрт-стратегијата одржана во Скопје е прва од серијата јавни дебати што ќе се организираат низ Македонија. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори, бара ЛДП
По информацијата на Владата дека наредната недела ќе назначи повереници во општините кои поради немање цензус не успеаја да изберат градоначалници, Либерално-демократската партија (ЛДП) ја информира јавноста дека ќе бара да се измени Изборниот законик.
Измените во Изборниот законик кои ќе ги предложи ЛДП се однесуваат на тоа владините повереници да не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Овие измени ЛДП ќе ги предложи за да нема никој нефер предност пред останатите кандидати за градоначалници, но и да се намали можноста за евентуални злоупотреби и несовесни работења на поверениците во периодот додека не се одржат повторените избори.
Оваа предлог мерка доаѓа по прифаќањето на предлогот на ЛДП за враќање на референдумското отповикување на градоначалници во Законот за локална самоуправа, кој веќе се наоѓа во Собранието и со кој после 30 години од укинувањето на референдумот, ќе се стави крај на заштитата на неефикасните и нетранспарентни функционери.
Доколку се усвојат и измените на Изборниот законик и се воведе ограничувањето за поверениците да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторните избори во четирите општини кои не обезбедија цензус во првиот круг, ќе се овозможат фер услови за коректен политички натпревар, ослободен од било какви сомнежи за дополнителни злоупотреби и политички влијанија, велат од ЛДП.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека нема да толерира незаконско постапување и девијантно однесување на поединци за кои постојат сомнежи дека ги прекршиле законските регулативи. Од партијата порачуваат дека Законот мора да важи еднакво за сите и дека секој фатен во корупција или криминал треба да понесе соодветна одговорност.
Во реакцијата се наведува дека државата не смее да се враќа во „мрачните времиња“, како што ги нарекуваат периодите кога, според нив, лица со основано сомнение или пресуди за криминал – меѓу кои ги посочуваат Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев и Рашковски – слободно се движеле без одговорност.
Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат надлежните институции целосно да го истражат случајот и да постапат до крај согласно законските прописи.
Македонија
За девет месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра
Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра).
Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава.
Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.

