Македонија
Алфа телевизија на тапет за необјективност
Коалицијата на невладини организации „Право и правна држава денес на прес конференцијата во Бест Вестерн хотелот ги презентираа резултатите од анализата која тие ја направиле во непрецизиран временски период.
Телевизијата Алфа е посочена од коалицијата на невладини организации „Прави и правна држава“ дека е злоупотребена од сопствениците на шпедицијата Фершпед во своето известување. “За прв пат се појавува тенденција за целосна злоупотреба на еден медиум во лични, бизнис и политички цели. Таква е ситуацијата кога сопствениците на шпедицијата Фершпед се обидуваат целосно да влијаат врз уредувачката политика на телевизијата во нивна сопственост, претворајќи го информативниот простор во поле за пренееување интересни и политички пораки. Ова е особено зголемено со последните случувања поврзани со Царинската управа“ изјавија од “Право и правна држава“. Од Право и правна држава не сакаа да прецизираат кои други телевизии освен Алфа се жртви на злоупотреба од сопствениците, бидејќи ид други телевизиски куќи како А1 или Сител сопственици кои се бузнисмени ниту дали анализата е правена само од прилозите или од останатите емисии кои се во етерот. И покрај тоа што во истражувањето биле вклучени и печени медиуми од „Право и правна држава не потенцираа кои дневни или неделни весници исто така се необјективни и непристрасни во исвестувањето. На Фершпед пред два месеци и беше одземена дозволата за вршење дејност во период од една година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

