Економија
Криза во еврозоната: Можеби нема да има потреба од нов „ЕУ-договор“

Поцврсти правила за справување со кризата во еврозоната можат да бидат воведени без промени на европските договори, смета претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј.
Поцврсти правила за справување со кризата во еврозоната можат да бидат воведени без промени на европските договори, смета претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј.
Во извештајот подготвен за клучниот самит на ЕУ кој треба да почне утре, а кој „протече“ во јавноста утринава, тој нуди брз фискален правилник, за кој нема да бидат потребни долготрајни ратификации од парламентите или национални референдуми.
Предлогот на Рампуј вели дека поцврстите фискални реформи можат да бидат постигнати со едноставно менување на протоколот – процедура за која е потребен национален консензус, но не бара битни промени на договорите за ЕУ.
Ова, тврди Рампуј, ќе ја забрза имплементацијата на реформите ќе ги отстрани сите потенцијални политички компликации.
Клучни ставки во предлогот на Рампуј се дека буџетите на земјите-членки ќе мора да бидат под три проценти, за задолжувањето најмногу 60 проценти од БДП, потоа воведување на „златно правило“ во националните легислативи на членки, кое ќе гарантира избалансиран буџет на среден рок.
Натаму, Рампуј предлага на фондот за спас на еврозоната да му се даде банкарска лиценца, за да може да се зајми директно од Европската централна банка, а на Европската комисија да и се дадат овластувања автоматски да им наметнува мерки за штедење на земјите кои ќе4 побараат помош.
Сепак, Рампуј признава дека за подлабоките реформи ќе биде потребна измена на договорите за ЕУ.
Истовремено, Франција и Германија продолжуваат да притискаат за примена на порадикални мерки и ако не се согласат со нив сите 27 членки на Унијата, тогаш тие се подготвени да работат на нов договор во кој би била вклучена целата еврозона и сите други членки на ЕУ кои ќе сакаат да му се приклучат на новиот договор.
Ваквиот предлог беше дочекан на нож во Британија која, бидејќи не е членка на еврозоната, стравува од поголема изолација,. Британскиот премиер Дејвид Камерон истакна дека Лондон нема да го ратификува новиот договор, доколку не обезбеди цврсти гаранции за заштита на интерестите на лондонскиот Сити (најголем финансиски центар во светот), како ина британските интереси во целост.
Сепак, кризата во еврозоната толку се продлабочи, што сега никој не размислува за солидарност внатре во Унијата, туку само на враќањето на довербата на пазарите и тоа на кој и да било начин што тоа ќе го овозможи во најкус рок.
Плановите на Германија и Франција ги поддржа и САД. Министерот за финансии на САД, Тимоти Гајтнер, кој е во текот на тридневната посета на Европа треба да одржи разговори со сите лидери на еврозоната, истакна дека е потребна посилна акција за да се поттикне економскиот раст во Европа, покрај долгорочните реформи.
Тој, исто така, истакна дека американските Федерални резерви немаат намера да му дадат пари на Меѓународниот монетарен фонд со цел од таму да се засили фондот за спас на еврозоната.
Гајтнер денеска во Париз треба да се сретне со францускиот претседател Никола Саркози. /крај/bbc/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08 % во однос на одлуката од 7.03.2025 година.
Од 11.3.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,261 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,240 ден/кг и сега ќе изнесува 42,261 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 51,432%, кај дизелот за 4,044%, кај екстра лесното масло е за 3,960% и кај мазутот намалувањето е за 2,791%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5995%.
Економија
Бојкот на американски производи во Европа поради политиките на Трамп

Движења за бојкот на американските производи добиваат поддршка во Европа како реакција на промените во американската политика, особено во однос на воведените царини за европските производи и политиката кон руската агресија во Украина.
Во Шведска, оваа иницијатива доби посебен замав преку социјалните мрежи. На Фејсбук се формирани групите „Boykot varer fra USA“ со 67.000 членови и „Bojkotta varor från USA“, која брои над 70.000 корисници. Членовите на овие групи повикуваат на бојкот на американските брендови како „Мекдоналдс“, „Кока-Кола“, „Најк“, „Левис“, „Нетфликс“, „Гугл“ и „Ербнб“.
Јаник Кохинур, основачка на групата „Бојкотирам американска стока“, изјави дека овој чекор го презела бидејќи не можела директно да влијае на американските политики, но смета дека со економски притисок може да се испрати силна порака.
„Тешко е, бидејќи речиси сè е под влијание на Америка. Би требало да се бојкотира огромен број производи“, коментира еден од членовите на групата. Друг корисник нагласува дека луѓето при купување ретко размислуваат за потеклото на производите, што го прави бојкотот сложен.
Кохинур, сепак, беше критикувана бидејќи групата ја основала на платформата Фејсбук, која е во сопственост на американскиот технолошки гигант „Мета“. Таа одговори дека во моментов нема подобра алтернатива, но изрази надеж дека ќе се појават нови платформи што ќе им овозможат на активистите поголема независност.
Економија
Трипуновски: Нема да дозволам фантом земјоделци да профитираат

Земјишната политика е основен фактор за враќањето на производството во земјоделскиот сектор и враќање на производствените капацитети на нивото каде што некогаш биле, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување во емисијата „Аграр“.
Трипуновски истакна дека неговата прва задача во функцијата е да направи ревизија на земјоделското земјиште кое било поделено во претходните години. Целта е да се провери дали земјиштето во државна сопственост се користи согласно со договореното.
„Нашиот фокус е да ги контролираме големите корисници, особено оние правни субјекти кои добиле големи површини земја, а кои можеби не ги исполнуваат обврските. До сега имаше два такви случаи каде земјиштето се користело бесправно, а истовремено биле искористени и државни субвенции“, објасни Трипуновски.
Контролите, како што најави, ќе продолжат и во иднина, а целта е да се ослободи земјиштето и да се додели на вистинските земјоделци кои ќе ја користат земјата со цел да ја подобрат производството.
„Не ќе дозволиме фантоми земјоделци да профитираат на сметка на државата“, нагласи министерот.
Во однос на јавните повици, Трипуновски информираше дека лани завршија јавни повици за распределба на земјиште кои беа објавени за време на техничката Влада. Со овие повици се потпишани 967 договори. Во текот на новогодишните празници беа објавени и нови повици кои беа барање на земјоделците, а тие завршија со пристигнување на над 2.000 апликации.
„Нашата следна фаза ќе биде оглас за распределба на земјиште, со точно дефинирани парцели. Планираме да се поделат парцели не помали од 10 хектари, бидејќи сакаме да ги охрабриме земјоделците да размислуваат за окрупнување на земјиштето“, изјави Трипуновски.