Контакт

Свет

Саркози го повика Гбагбо да ја предаде функцијата

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Францускиот претседател, Никола Саркози денеска изјави дека Лоран Гбагбо, кој тврди дека победил на неодамна одржаните избори во Брегот на Слоновата коска, треба власта да ја предаде до крајот на неделава, или во спротивно ќе се соочи со меѓународни санкции. На крајот од самитот на ЕУ во Брисел, Саркози рекол дека земјите членки на Унијата се едногласни во ставот дека Гбагбо треба да ја напушти претседателската функција. Според него доколку тоа не се случи, тој ќе се соочи со меѓународни санкции и можноста да биде обвинет пред меѓународниот суд, пренесуваат светските агенции. Саркози вели дека, Гбагбо е одговорен што  една од најстабилните африкански држави се претворила во земја каде што подржувачите на претседателот по улиците убиваат недолжни луѓе. Гбагбо и лидерот на опозицијата Аласан Уатара тврдат дека победиле на изборите кои се одржаа на 28 ноември, и двајцата ја положија претседателската заклетва. Гбагбо одбива да ја предаде функцијата и покрај тоа што мисијата на Обединетите нации објави дека Уатара победил со предност од најмалку 10 проценти. Гбагбо не ја предава функцијата, а во тоа го подржува и Уставниот суд. Уатара има подршка од ОН, Франција, САД, ЕУ и Африканската унија. Во вчерашните насилства во Абиџан помеѓу приврзаниците на двајцата претседатели загинаа три лица.   крај/ро/ н.ц

Свет

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Објавено пред

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во серија израелски напади низ Газа, соопштија локални извори.

dobivaj vesti na viber

Локалните служби за итни случаи и жителите објавија дека висок член на Исламски џихад, Ашраф Ал-Хатиб, е убиен во Нусејрат, а полицаец на Хамас во Газа. Извор на Хамас изјави дека локалниот командант Мохамед Ал-Холи е убиен претходно во Деир ал-Балах во четврток.

Хамас ги осуди нападите врз неговото семејство, но не го спомена директно Ал-Холи или неговата улога во движењето во соопштението. Израел се обвинува за кршење на прекинот на огнот што е во сила од октомври и за обид за повторно разгорување на конфликтот.

Во нападите загинаа и цивили
Здравствените власти во палестинската енклава соопштија дека во нападите загинало и 16-годишно момче.

Нападите доаѓаат еден ден откако САД го објавија почетокот на втората фаза од договорот за прекин на огнот. Израел и Хамас се обвинуваат меѓусебно за кршење на договорот и остануваат во несогласувања околу клучните прашања.

Повеќе од 400 Палестинци и тројца израелски војници се убиени откако прекинот на огнот стапи на сила во октомври, според Ројтерс. Израел сруши згради низ поголемиот дел од Појасот, а речиси целото население на енклавата од повеќе од два милиони луѓе сега живее во импровизирани засолништа или оштетени згради, на дел од територијата од која израелските сили се повлекле.

УНИЦЕФ во вторникот соопшти дека повеќе од 100 деца се убиени откако прекинот на огнот стапи на сила, вклучително и во напади со беспилотни летала.

Прикажи повеќе...

Свет

Белата куќа за Иран: Трамп ја следи ситуацијата, може да има сериозни последици

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп внимателно ја следи ситуацијата на терен во Иран, изјави денес портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

dobivaj vesti na viber

Таа додаде дека Трамп и неговиот тим го предупредиле Техеран дека ќе има „тешки последици ако продолжат убиствата поврзани со владината репресија“, пренесува Ројтерс.

Трамп вчера изјави дека му било кажано дека убиствата како дел од иранската репресија на протестите низ целата земја се намалуваат и дека верува дека во моментов нема план за масовни егзекуции, иако тензиите меѓу Техеран и Вашингтон остануваат високи.

„Ќе бидеме многу вознемирени ако егзекуциите продолжат“, рече Трамп.

Тој не ја исклучи воената акција на САД, велејќи дека ќе „следи како се одвива процесот“, истакнувајќи дека американската администрација добила „многу охрабрувачка порака“ од Иран.

Протестите во Иран започнаа на 28 декември 2025 година поради девалвацијата на локалната валута, иранскиот риал, а на 8 јануари, по повикот на Реза Пахлави, син на шахот на Иран, кој беше соборен во 1979 година, протестните маршеви се интензивираа низ целата земја.

Истиот ден, интернетот беше исклучен, а во неколку ирански градови протестите се претворија во судири со полицијата и беа придружени со скандирања против иранскиот политички систем.

Беше објавено дека имало жртви и меѓу безбедносните сили и меѓу демонстрантите.

Иранските власти, обвинувајќи ги САД и Израел за организирање на немирите, на 12 јануари објавија дека ситуацијата е ставена под контрола.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Мерц: Русија е европска земја, стабилните односи со неа се клучни за иднината на ЕУ

Објавено пред

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Русија е европска земја и изрази надеж дека Европската Унија ќе успее да постигне рамнотежа во односите со Москва.

dobivaj vesti na viber

Зборувајќи пред бизнисмени на новогодишен прием во Хале, Мерц рече дека стабилноста во односите со најголемиот сосед на Европа е клучна за иднината на Европа и Германија, пренесуваат медиумите.

„Ако успееме да го вратиме мирот и слободата во Европа, ако конечно најдеме рамнотежа во односите со нашиот најголем европски сосед, зборувам за Русија, ако владее мир и ако се обезбеди слобода, ако успееме во сето ова, тогаш Европската Унија, а со тоа и ние во Германија, ќе го положиме следниот тест и по 2026 година ќе можеме да гледаме кон иднината со доверба“, рече Мерц.

Канцеларот, според написите, нагласил дека неговата изјава не е поврзана со фактот дека се наоѓа во источниот дел на Германија.

„Го велам тоа каде и да сум во Германија“, рече Мерц, додавајќи дека „Русија е европска земја“.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет12 часа

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија15 часа

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија17 часа

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија18 часа

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија18 часа

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ19 часа

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија19 часа

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...

Македонија21 час

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија...

Свет23 часа

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Во услови на високи тензии, Израел и Иран тајно разменија пораки, со посредство на Русија, уверувајќи се едни со други...

Свет23 часа

Иранско судство: Демонстрантот Ерфан Солтани не е осуден на смрт

Иранското судство ги негираше извештаите дека демонстрантот Ерфан Солтани е осуден на смрт, објавија иранските државни медиуми. Солтани претходно беше...

Свет24 часа

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани е одложена, велат семејството и групата за човекови права

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани не е извршена вчера, потврдија член на семејството и Хенгав, група за човекови права...

Свет24 часа

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани веднаш да го напуштат Иран

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани да избегнуваат патувања во Иран или веднаш да ја напуштат земјата поради задушувањето...

Свет1 ден

Трамп: Зеленски е главната пречка за постигнување договор

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека лидерот на иранската опозиција Реза Пахлави „изгледа многу пристојно“, но изрази неизвесност...

Македонија1 ден

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет1 ден

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија2 дена

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија2 дена

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ2 дена

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...