Македонија
Започнаа уписите за новите студенти
Првиот уписен рок на петте јавни високо образовни установи во Македонија каде за оваа студентска година има предвидено вкупно 27.046 ќе се одржи денеска и утре.
Првиот уписен рок на петте јавни високо образовни установи во Македонија каде за оваа студентска година има предвидено вкупно 27.046 ќе се одржи денеска и утре.
„Од оваа бројка 16.089 слободни места се во државна квота за редовни студенти, 7.305 слободни места во квота за редовни студенти со кофинансирање и 3.652 слободни места за вонредните студенти,“ рече на вчерашната прес конференција, Министерот за образование и наука, Никола Тодоров.
Тој извести дека од овие слободни места за новите студенти, само на Универзитетот „Кирил и Методиј“ има вкупно 12.143 места. Од нив, 6.698 се резервирани за редовни студенти во државна квота, 3.896 за редовни студенти со кофинансирање и има 1549 слободни места за вонредните студенти.
„Основен услов за градење на успешна економија и просперитетна држава е високо образувана и квалитетно образована нација, и ние како министерство и како држава својот дел од работата со ова го завршивме. Од оваа година знаете дека имаме сериозно зголемени квоти за студирање и сериозно намалена партиципација, која ќе изнесува 200 и 400 евра, и очекувам проодноста оваа година да биде рекордна и огромен број на граѓани да одлучат да го продолжат своето образование,“ извести Министерот ТодоровВо државниот универзитет во Тетово има слободни места за 2.890 редовни студенти, 1.095 со самофинансирање и 480 вонредни или вкупно 4.465. Во универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип има 3.991 место за во државна квота, 892 места со кофинансирање и 980 места за вонредни студенти или вкупно 5.863 места.
На битолскиот универзитет има 2.290 места за државната квота, 1342 места со самофинансирање и 643 места за вонредни студенти. Во универзитетот во Охрид има слободни места за 220 редовни студенти, 80 со кофинансирање или вкупно 300, извести Министерот за образование и наука, Никола Тодоров./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на култната фонтана „Лотос“ во Градскиот парк
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, објави видео во кое вели дека култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај.
„Започната е целосна реконструкција на фонтаната која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое за жал со години беше запуштено.
Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставува нова урбана опрема и современо осветлување, со што просторот ќе добие нов, модерен и достоинствен изглед, соодветен на значењето што го има за градот и граѓаните.
Ова култно катче, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје, повторно ќе стане место за средби, прошетки и споделени моменти. Простор каде што генерации скопјани ќе се собираат, ќе создаваат спомени и ќе уживаат во уреден и квалитетен јавен простор, онака како што Скопје заслужува.
Градот го обновуваме чекор по чекор, со јасна визија и конкретни дела. Скопје го правиме заедно. По скопски!“, изјави Ѓорѓиевски.
Македонија
Општина Центар и Амбасадата на Чешка му оддадоа почит на Роберт Гајдик
Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба.

Со полагање свежо цвеќе, Н.Е. Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му оддадоа почит.

Исто така, во чест на празникот Василица, во Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ се вртеше паричка, а среќниот добитник беше Владе Левковски, претседател на пензионерскиот огранок „Невена Георгиева Дуња”.

Преку овој симболичен настан, секоја година му се оддава почит на интернационалниот борец, симбол на истрајност и борба за слобода против окупаторот.

Општина Центар со години го чествува и негува споменот на Роберт Гајдик и неговото дело.

Македонија
Ако СДС се сомнева за некаков вид на криминал или корупција нека се јават на нивните судии и обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации, велат од партијата на власт.
„Кога во нивно време, тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција, и по „дифолт’’ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така.
Сите тендери и јавни набавки кои се спроведуваат се законски, отчетни и транспарентни.
Ги прашуваме СДС, дали човек смее да има фирма/бизнис, да учествува на тендер/набавка и да биде член/симпатизер на политичка партија? Дополнително, дали има некаков вид на криминал или корупција во тендерите? Ако се сомневаат во нешто, нека се јават на нивните обвинители и судии, сигурни сме дека ќе им помогнат“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

