Спорт
Челзи нудел мито за Роналдињо
Претседателот на целото спортско друштво Барселона, Хуан Лапорта ги обвини англискиот прволигаш Челзи и Сандро Ресел за наговорување да прими мито во врска со трансферот на бразилскиот репрезентативец
Сандро Росел во 2004 г. кога ја извршувал функцијата потпретседател на Барселона, а сега од Жоан Лапорта во книгата „Сон за моите деца“ е обвинет за наговорување на примање поткуп од Челзи и земање процент од потенцијалниот трансфер на Роналдињо за кој клубот на рускиот олигарх Роман Абрамович навдно бил подготвен да плати 100 милиони евра. „Му реков тоа да си го исфрли од главата, бидејќи Рони не е на продажба и не сакам повеќе за тоа да зборувам, а тој ми оговори ’Хоан ни даваат провизиај од 10 отсто’. Сандро инсистираше да ја прифатиме понудата на Челзи, а се преправаше дека не сакаше продажба на Роналдињо“, било наведено во книгата на Лапорта која била промовирана во понеделникот, на што сега реагираат британските медиуми. Росели следната 2005 г. по големата кавга со Лапорта ја напушти функцијата во Барселона. Сега тој е еден од главните кандидати за претседател на клубот на изборите кои треба да се одржат кон крајот на јуни, бидејќи Лапорта нема право веќе да се кандидира затоа што му истекува и вториот мандат. Лапорта, пак, планира да се кандидира за гувернер на Каталонија а е еден од најжестоките поборници на отцепување и осамостојување на оваа шпанска покраина. Од Челзи жестоко реагирале на овие наводи, како и Росел кој се заканува со тужба.„Тоа е целосна глупост. Никогаш не сме дале таква понуда за Роналдињо“, се огласи лондонскиот клуб преку портпаролот.„По обвинувањата кои ги изнел Лапорта во книгата а кои се во врска со Роналдињо и понада од Челзи. Морам да кажам дека се сосема невистините. Тоа е напад на мојата чест и затоа сум подготвен да покренам правна постапка“, соопштил Росел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Серхио Рамос го купува својот поранешен клуб за 450 милиони евра
Серхио Рамос постигна принципиелен договор со група клучни акционери за купување на фудбалскиот клуб Севилја. Негов партнер во овој потфат е Мартин Инк од групацијата „Фајв Илевен Капитал“, објави Маноло Агилар. Со овој договор започнува период на ексклузивност во кој Рамос и неговиот тим ќе ја анализираат финансиската состојба на клубот пред да се обидат да склучат конечен договор, пишува „Кадена СЕР“.
Постигнатиот договор претставува клучен чекор бидејќи сега следи процес на длабинска анализа. Се очекува овој процес да трае неколку месеци, по што ќе биде донесена конечна одлука. Овој развој на настаните потврдува дека неодамнешните гласини не биле неосновани и дека понудата на Серхио Рамос и неговите партнери е сериозна и поткрепена со принципиелен договор.
Според дополнителни информации од Мигел Анхел Чазари, првичната понуда за преземање на клубот е 450 милиони евра.
За време на неговата кариера, Рамос играше двапати за Севилја. Првиот пат беше од 2003 до 2005 година, по што се пресели во Реал Мадрид. Тој се врати во клубот во сезоната 2023/24, по две сезони поминати во Пари Сен Жермен.
На овој принципиелен договор му претходеше состанок одржан на 15 јануари, каде што Серхио Рамос и Перез Солано ја презентираа својата понуда и проект пред акционерите. Состанокот, кој траеше повеќе од два часа, беше оценет многу позитивно поради важноста на понудата, што на крајот доведе до постигнување договор.
Foto/ depositphotos
Спорт
Најбогатата тенисерка во историјата ја елиминира шампионката на Австралија Опен
Актуелната шампионка на Австралија Опен, Медисон Кис, го заврши својот настап на првиот гренд слем во сезоната. Во осминафиналето, Кис, деветта на ВТА листата, беше поразена од сонародничката Џесика Пегула, шеста во светот, со 6:3, 6:4. Кис ја заврши одбраната на својот прв трофеј од Гренд слем по 79 минути. Ова значи дека поради раната елиминација, таа ќе испадне од Топ 10 во светот.
Пегула го отвори мечот со брејк за големо водство од 3:0, но Кис направи голем пресврт и поведе со 4:3. Сепак, Пегула најде сила за нов пресврт и освојување на првиот сет. Во вториот сет, Пегула, со два брејка стекна предност 4:1, но Кис успеа да се врати со три последовни гема, но не успеа да направи целосен пресврт.
Пегула се пласираше во четвртфиналето, каде што ја чека Аманда Асимов.
Во својата кариера, Пегула има заработено речиси 22 милиони долари од турнириските награди. Сепак, ова е ситиница во споредба со она што таа и нејзините четири браќа и сестри ќе го наследат. Тенисерката е ќерка на Тери Пегула, чие богатство се проценува на над 7,5 милијарди долари.
Тој го стекна своето богатство преку бизнис со природен гас и недвижности. Тој е сопственик на Бафало Билс, франшиза на НФЛ што ја купи во 2014 година. Покрај тоа, тој е и сопственик на хокеарскиот тим Бафало Сејберс.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Шампионот немоќен пред Торонто Репторс
Актуелниот шампион во НБА лигата, Оклахома Сити Тандер, го забележа вториот последовен пораз на домашен терен, трети на последните пет натпревари, вкупно 10-ти во сезоната. Тандери загубија од Торонто Репторс со 101:103.
Натпреварот во Оклахома го реши Имануел Квикли со поените од линијата за слободни фрлања на осум секунди до крајот. Торонто со овој триумф се искачи на третото место во Источната конференција, со скор 29-19.
Квикли го предводеше Торонто со 23 поени и 11 скока, додека Ар Џеј Барет имаше 14, а Брендон Инграм 13 поени.
Што се однесува до Оклахома, Шеј Гилџес-Александер забележа 23 поени, 3 скока и 6 асистенции, Лугенц Дорт 19 поени и 8 скока.
Резултати:
Детроит – Сакраменто 139:116
/Канингем 29 – Монк 19/
Минесота – Голден Стејт 85:111
/Едвардс 32 – Кари 26/
Сан Антонио – Њу Орлеанс 95:104
/Вилијамсон 24 – Вембањама 16/
Финикс – Мајами 102:111
/Брукс 26 – Адебајо 21/
ЛА Клиперс – Бруклин 126:89
/Ленард 28 – Волф 14/

