Свет
Немири во Ерусалим на најсветиот еврејски празник
Израелската полиција, вчера, со шок бомби се обидела да растера 150 Палестинци кои фрлале камења на верниците во стариот дел на Ерусалим, пред почетокот на најсветиот ден за Евреите, Јом Кипур
Во немирите двајца полицајци се полесно повредени, соопштува портпаролот на полицијата, а палестински доктори тврдат дека извлекле палестинец со повреди на главата. Полицијата успеала ситуацијата да ја стави под контрола, по што го затворила комплексот, јавува Ројтерс.Инцидентот се случил пред почетокот на Јом Кипур во комплексот познат за Евреите како Ридот на храмовите, а за муслиманите е познат како Ал-Харм ал Шериф. Во комплексот се сместени Златната џамија и џамијата Ал Акса, кои се свртени накај Ѕидот на плачот, главното молитвено место на Евреите. Израел го освои Ридот на храмовите во 1967 година и го анексира со останатиот источен Ерусалим, но потегот не е одобрен од остатокот од светот.Израелската полиција секогаш за време на празникот Јом Кипур е спремна за реакција во мешаните арапско-еврејски градови, вклучувајќи го и Ерусалим, плашејќи се од немири, кога Евреите не возат.Лани, на истиот ден Евреите нападнаа еден Арап кој возел за време на овој празник низ претежно еврејска населба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

