Македонија
Љубе Трпески не ги примал известувањата дека треба да се јави во затвор
Поранешниот гувернер на НБМ цела година не се јaвувал на петте упатни акта за издржување на затворската казна, вели портпаролот на скопскиот Основен суд 1
Според истражниот судија од Одделот за органзииран криминал и корупција при Основниот суд Скопје, Владимир Тифегџиќ, од страна на судот биле направени пет обиди на Љубе Трпески да му биде врачен упат и тоа од 20-ти нoември 2008 до 24 ноември 2009 г. при што доставниците со известијата не можеле да му бидат врачени затоа што станот во кој живее е постојано затворен. Поканите останале неврачливи, а на оставените известија Трпески не се јавувал, информира Туфегџиќ. „Од погоренаведените прицини Упатниот акт согласно законот е огласен на Огласна Табла на судот, а на ден 24.11.2009 година согласно законот е издадена Наредба до Министерството за внатрешни работи – Одделот за потраги заради пронаоѓање и спроведување на лицето за издржување на казна затвор во КПУ Затвор Идризово. Наредбата издадена од страна на судот е реализирана“, стои во писменото соопштение од Основен суд Скопје 1. Во врска со кривината постапка која се води против Љубе Трпевски пред Основниот суд Скопје 1 Скопје, пак, од судот велат дека кривичната постапка е правосилно завршена, а по правосилноста е покрената постапка за извршување на правосилната пресуда со која Трпевски се упатува на издржување казна затвор во Затвор Идризово во траење од 4,5 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

