Македонија
Минофрлачи од Прва светска војна пронајдени во Охридското езеро
Два минофрлачи кои потекнуваат од периодот на Првата светска војна пронајде нуркачката екипа од Охрид во рамките на акцијата за чистење на Охридското езеро од неексплодирани.
Два минофрлачи кои потекнуваат од периодот на Првата светска војна пронајде нуркачката екипа од Охрид во рамките на акцијата за чистење на Охридското езеро од неексплодирани.
Според кустосот од охридскиот Завод и Музеј, Никола Целакоски, орудијата се произведени во Нирнберг, Германија во далечната 1916 година.
„Првични претпоставки се дека тоа се орудија кои и припаѓале на бугарската армија која после капитулацијата во септември 1918 година ги исфрлила во водите на Охридското Езеро, а тука непосредно отпочнува и македонскиот фронт на Галичица кој се протегал до Егејското Море во должина од 450 километри“ изјави Целакоски.
Покрај овие орудија пронајдено е и едно ѓуле кое потекнува од 15 век. Согласно законот за културно наследство, орудијата ќе бидат преземени од Заводот и Музеј Охрид каде ќе бидат конзервирани и ќе служат како експонати.
Според претпоставките на научните работници во непосредна близина на Охридското Езеро постоела касарна од каде пред налетот на другите војски, орудијата и муницијата биле фрлени во езерото за да не паднат во раце на непријателот. /крај/охридњус/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

