Свет
Нема ново судење за „Бачило", парите остануваат кај овчарот Џемаили
Предлогот на Правобранителството за отворање нова постапка Судот го отфрли како неоснован
Предлогот на Правобранителството за отворање нова постапка Судот го отфрли како неоснован
Судскиот совет на Основниот суд Скопје 1 конечно пресече за „случајот Бачило" и одлучи да нема ново судење за овој контроверзен случај, кој на овчарот Иснифарис Џемаили од Тетовско му донесе над 720.000 евра отштета. Како што сме информирани официјално од извори од судот, предлогот на Јавното правобранителство за нов судски процес е одбиен како неоснован. Тоа значи дека судот не ја прифатил како валиден и нов доказ изјавата на ветеринарот од Камењане, Мухамед Арифи, кој пред надлежните органи тврдеше дека издал потврда за бројната состојба на добитокот по барање на Џемаили и тоа неколку месеци пред наводното гранатирање на бачилото. Со други зборови, најбогатиот овчар во Македонија нема обврска да ч ги врати на државата спорните 720.000 евра, иако отворено сомневање за корупција искажаа Антикорупциската комисија, Владата и Врховниот суд.
Претставникот на Јавното правобранителство, Драги Шуплиновски, вчера од нас ја слушна веста за одлуката за „Бачило" и изјави дека сж уште не добил никаков писмен допис од судот. По добивањето на одлуката, Правобранителството дополнително ќе одлучува дали ќе поднесе жалба до повисокиот суд. И адвокатот Владимир Ракочевиќ, кој е правен застапник на тужителот Иснифарис Џемаили, рече дека не е информиран за содржината на одлуката и рече дека само што проверувал во службите на судот дали има писмено решение.
Со вчера доставената одлука на судот, барем за некое време, „случајот Бачило" ќе биде затворен. Имено, доколку не уследи жалба на донесеното решение до повисоките судски инстанции, Иснифарис Џемаили ќе остане сопственик на парите кои со судска одлука му беа исплатени пред неколку години. За овците кои, наводно, му биле убиени во 2001 година овчарот Џемаили иницираше судска постапка за обесштетување. Пред судот презентираше докази дека овците му биле убиени од летала на Армијата на Македонија за време на воениот конфликт. Неговата аргументација, како таква, беше прифатена од страна на судот и по неколкугодишно докажување на Иснифарис Џемаили му беа исплатени 727.000 евра. Токму исплатата на огромната сума што беше нотирана во ревизорскиот извештај направен за работата на Министерството за одбрана ги крена институциите на нозе. Најпрво реагираше Антикорупциската комисија, која побара од Владата да го расчисти овој случај. Топката се префрли во Кабинетот на експремиерот Владо Бучковски, кој на оваа тема ч посвети цела владина седница, од која произлезе заклучокот сите надлежни служби да се вклучат во откривањето на вистината. Под притисок на јавноста, беше иницирана нова постапка со која Јавното правобранителство побара од судот да го отвори целиот случај и да го врати на почеток. Главен аргумент на Правобранителството беше една од многуте изјави што ги даде ветеринарот Муамер Арифи, а според која тој не извршил увид на местото каде што загинале овците. Токму оваа изјава претставуваше камен на сопнување, бидејќи правниот застапник на овчарот Џемаили тврдеше дека била дадена под закана и со принуда.
Во меѓувреме, судот постапи согласно со барањето на Јавното правобранителство, но беше побарано изземање на судијката Славица Героска-Попчевска. Станува збор за судијката што и ја донесе првичната одлука за „случајот Бачило". Барањето за изземање беше прифатено од претседателката на Основниот суд Скопје 1, Добрила Кацарска. По разрешувањето на Попчевска, за судија кој ќе треба да решава за бачилото на Иснифарис Џемаили беше одредена судијката Јасмина Блажевска, но тужителот и неговиот правен застапник побараа нејзино и изземање на претседателот на судот. Ваквото барање беше одбиено, а по неколку одржани рочишта судот ја донесе својата конечна одлука. Од големите зборови дека „Бачило" е школски пример на организиран криминал со многу вклучени актери од сите правосудни органи не остана ништо. (Љ.С.-Г.Д.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

