Свет
Мубарак се состана со економскиот тим на владата
Египетскиот претседател Хосни Мубарак денес одржа состанок со економскиот тим на министри од новата влада, соопшти државната агенција Мена, додека илјадници антивладини демонстранти протестираат против него на главниот плоштад Тахрир во Каиро
Претседателот Хосни Мубарак во саботата наутро се сретнал со министрите во претседателската палата во предградието Хелиполис во Каиро, кое е оддалечено неколку километри од центарот на градот.Ова е прв состанок на претседателот на Египет со министрите откако минатата недела беше распуштена старата влада и беше назначен нов премиер и потпретседател на државата со цел да се смират граѓаните кои протестираат веќе 12 дена.Мубарак се состана со премиерот Ахмад Шафик, како и со министрите за нафта, земјоделство, финансии, социјална солидарност и со гувернерот на централната банка, пишува агенцијата Mena.Политичката криза која изби на 25 јануари според некои проценки досега е проценета на 3,1 милијарди долари со што ја доведува земјата до раб на хаос.Мубарак кој 30 години е на власт рече дека нема да се кандидира на новите претседателски избори во септември, и додаде дека дотогаш нема да поднесе оставка за да не се загрози стабилноста на земјата
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Пукање во Цетиње: Убиени неколку лица, напаѓачот во бегство
Во ресторан во Цетиње денеска во попладневните часови А.М. со употреба на огнено оружје им ги одзеде животите на неколку лица, пренесува „Побједа“.
Вооружен го напуштил објектот и побегнал.
„Апелираме до граѓаните на Цетиње да останат присебни и да останат во своите станбени објекти, додека сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат активности од нивна надлежност со цел да ја стават ситуацијата под контрола и да ги гонат сторителите“ соопшти полициската управа.
„Ја информиравме јавноста дека се работи за ситуациски настан, кој не е резултат на разбивање на високоризични организирани криминални групи.
За решавање на оваа кризна состојба на терен се испратени специјални полициски единици“, соопшти Управата на полицијата.
Беше соопштено дека најпрвин дошло до тепачка во кафеана на периферијата на Престоница, по што бараниот извадил оружје и пукал.
Радио Цетиње пишува дека неколку лица, меѓу кои и две деца, загинале во крвавиот напад што се случил денеска попладне во кафеана во Цетиње, кога осомничениот чиј идентитет и е познат на полицијата убил четворица мажи, ранил двајца, а потоа побегнал.
Радио Цетиње пишува дека недолго потоа било објавено дека во друга населба убил две деца и ранил една жена. Полицијата наведува дека се работи за А.М. од Цетиње, по што трагаат.
Свет
Три лица загинаа од експлозии на пиротехнички средства во Германија
Три лица загинаа на новогодишната ноќ од експлозии на петарди и пиротехнички средства во Германија, јавија денеска медиумите.
24-годишен маж загина од експлозија на рачно изработена петарда со голема моќност во германската покраина Северна Рајна Вестфалија, објави весникот „Билд“.
Вториот инцидент се случил во покраината Саксонија, кога 45-годишен маж активирал пиротехничка бомба од категоријата Ф4, која може да ја добијат само лица со специјална дозвола.
Тој се здобил со тешки повреди на главата и набрзо починал во болница, потврдил портпаролот на полицијата.
Уште еден млад човек загина во Хамбург во експлозија на рачно изработена експлозивна направа.
Свет
Папата Франциско во својата новогодишна порака ги повика верниците да го отфрлат абортусот
Папата Франциско ја започна 2025 година со обновување на својот повик до верниците да го отфрлат абортусот, повикувајќи на цврста посветеност за заштита и почитување на животот од зачнување до природна смрт.
Во средата папата отслужи nовогодишна миса во базиликата Свети Петар, посветена на Богородица, пишува АП.
Во својата проповед, тој се молеше сите да научат да се грижат за секое родено дете и да го чуваат скапоцениот дар на животот: животот во утробата, животот на децата, животот на страдалниците, сиромашните, постарите, осамените и оние што умираат“.
„Барам цврста заложба за почитување на достоинството на човечкиот живот од зачнувањето до природната смрт, за секој човек да може да го цени својот живот и секој да гледа кон иднината со надеж“, рече тој.
Тој се пожали во првите месеци од неговото назначување во 2013 година дека црквата станала опседната со „малкуумни правила“ за контроверзни прашања како што е абортусот.
Сега отворено го споредува абортусот со некој што вработил убиец за да „реши проблем“, пишуваат медиумите.
Неодамна, во Белгија, тој го критикуваше тогашниот закон за абортус како „смртоносен закон“.
За папата, кој страда од респираторни проблеми, овогодинешната сезона беше уште поголем предизвик бидејќи 2025 година ќе биде јубилејна или света година во Ватикан. Станува збор за прослава на верата што се одржува во Рим еднаш во четвртина век, а која се очекува да донесе 32 милиони аџии во Рим во текот на 2025 година.