Свет
Двајца потомци на келнер од „Титаник“ меѓу патниците на „Конкордија“
Двајца лондончани, потомци на момче кое на почетокот од дваесеттиот век работело на легендарниот „Титаник“ како келнер и се удавило во неговото тонење, биле меѓу патниците на брод „Коста Конкордија“, кој доживеа хаварија ноќта на 14-ти јануари
Двајца лондончани, потомци на момче кое на почетокот од дваесеттиот век работело на легендарниот „Титаник“ како келнер и се удавило во неговото тонење, биле меѓу патниците на брод „Коста Конкордија“, кој доживеа хаварија ноќта на 14-ти јануари, во Тиренското Море во близина на островот Џиљо, крај крајбрежјето на италијанскиот регион Тоскана.Како што пишува во вторникот италијанската новинска агенција Ansa, 30-годишната Валентина Капуано од јужниот италијански град Авелино, во регионот Кампања, ја преживеала несреќата на италијанскиот луксузен туристички крстосувач заедно со нејзиното момче, неговиот брат и неговата девојка.Валентина и нејзиниот брат се правнуци на емигрант во Лондон кој се викал Џовани, којшто на 25-годишна возраст пред сто години добил работа како келнер на во тоа време најголемиот патнички брод на светот – „Титаник“, а загинал на 14-ти април 1912 година, заедно со повеќе од 1.500 патници и членови на екипажот на бродот кој во тоа време се сметал за најсовременото достигнување на бродоградежништвото. За разлика од нивниот несреќен предок, тие успеаја навреме да го напуштат бродот „Коста Конкордија“ и да ја избегнат судбината на роднина. Сепак, спомените на баба им за несреќната судбина на Џовани, веднаш го заживеле сеќавањета на братот и сестрата, пишува агенцијата.На бродот „Коста Конкордија“ во моментот на несреќата се наоѓале 4.200 патници и членови на екипажот. Досега е потврдена смртта на 11 лица а како исчезнати се водат 24 лица. Бродот налета на подводен грбен и три дена со десната страна е потонат речиси три четвртини во морето близу островот Џиљо.Речиси точно пред сто години, „Титаник“ потона за два часа и 40 минути по судирот со санта мраз./крај/ан/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.