Македонија
ДЗС : Граѓаните да се однесуваат повнимателно, да не дојде до пожари

Граѓаните да бидат повнимателни во шумските предели, да не фрлаат отпушоци за да се избегнат шумски пожари, кои се честа појава во време на високи температури, предупредуваат денеска од Дирекцијата за заштита и спасување.
Граѓаните да бидат повнимателни во шумските предели, да не фрлаат отпушоци за да се избегнат шумски пожари, кои се честа појава во време на високи температури, предупредуваат денеска од Дирекцијата за заштита и спасување.
„Особено треба да внимаваат земјоделците и нивните машини кои исфрлаат гориво и се потенцијални жаришта за овие пожари од отворен карактер. Исто така апел до земјоделците да не ги палат стрништата“, рече Шабан Салиу, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.
Тој додаде дека Дирекцијата во изминативе две години набави три авиони специјализирани за гаснење големи шумски пожари, како и повеќе противпожарни возила и дека од Дирекцијата се подготвени доколку дојде до несакани ситуации.
На улица “Македонија“ во Скопје, Дирекцијата за заштита и спасување денеска постави два штанда на кои се делеа шишиња вода на граѓаните./крај/со/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)