Македонија
Координацијата кај Вељаноски продолжи без опозиција
NULL
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денешната координациска средба ја продолжи без координаторите и потпретседателот на Собранието од опозицијата. „Долго време ги повикувавме, но мора да продолжиме со работа без нивно присуство. Јас во секој момент ги повикувам да се вратат и да разговараме за решавање на прашањата од редот за предвремени избори“, изјави Вељаноски. На денешната координација координаторите и потпретседателите од парламентарното мнозинство одлучиле на СДСМ да им дадат рок до сабота за да достават предлог за претседател на Државната изборна комисија (ДИК). Вељаноски информираше дека предлогот ќе биде поддржан од владеачкото мнозинство. За формирањето на привремена комисија за утврдување на прочистениот изборен список, Вељаноски информираше дека е даден рок до четврток кога сите опозициски партии кои се застапени во парламентот треба да предложат член, а СДСМ како најголема опозициска партија треба да предложи претседател на комисијата. Комисијата треба да биде составена од десет члена. Овие две точки од координациската средба треба да се најадат на пленарна седница на 15 март. За Изборниот законик и измени во законот за Судски совет, како што најави Вељаноски ќе се разговара в четврток на продолжението од денешната координација. Тој уште еднаш упати апел и ја повика опозицијата да дојде на координација, за како што рече заеднички да се продолжи со работа./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Влен“: Мерко без пасош, Артан и Прпарим во бегство, ова е ДУИ
ДУИ се урива како кула од карти. Оние кои 20 години ја упропастија државата со корупција и криминал денеска се соочуваат со правдата, велат од владејачката коалиција „Влен“ додавајќи дека осомничените за криминалите во Државна Лотарија, Артан Груби и Прпарим Бајрами се во бегство, додека на струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, одземен му е пасошот.
Од партијата додаваат дека ДУИ сега е синоним за измама, кражба и предавство на албанскиот народ.
„Рамиз Мерко нон грата, познат кај неговата клика како ‘кралот’ на Струга, денес се соочува со своите злодела. Обвинителството, судовите и МВР кои некогаш го штитеа, денес не можат да го спасат. Граѓаните избраа промени и Влен носи правда!“, се додава во соопштението.
„Влен“ оценува дека ДУИ тоне, а сите Албанци ги чувствуваат промените.
Македонија
ДОМ го поддржува протестот за чист воздух
Зелената партија ДОМ ја дава својата целосна поддршка за претстојниот граѓански протест “Марш за чист воздух”, што ќе почне денес од 12.30 часот, во организација на граѓани и здруженија.
Од ДОМ велат дека игнорирањето на понудените мерки од протестот пред две седмици од страна на повиканите институции е показател за нивната несериозност кон борбата за чист воздух и преземањето итни мерки за справување со загадувањето.
„Уште еднаш ги повикуваме надлежните институции да покажат одговорност и да преземат конкретни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето – од промоција на обновливи извори на енергија и воведување на енергетски ефикасни решенија до зајакнување на инспекциските контроли и казнување на загадувачите“, велат од партијата.
ДОМ ги повикува граѓаните кои се за хумано живеење во градовите да се придружат на протестот.
Македонија
Герасимовски: Донесовме рекорден буџет за 2025 година, дури 45 проценти за капитални проекти
Советот на Општина Центар на 43. Седница со 18 гласа „За“, воздржани 2 и ниеден против, го усвои буџетот за 2025 година.
Проектираниот основен буџет е рекорден, со вкупна сума од 1.086.250.000,00 денари. Од овој износ, дури 45% се наменети за капитални проекти, додека преостанатите 55% ќе се користат за тековно и оперативно функционирање на општината.
Градоначалникот Герасимовски ја поздрави одлуката на Советот.
„Сакам да се заблагодарам на советниците и на администрацијата на општината за успешната реализација на многуте квалитетни проекти во текот на оваа година, во интерес на граѓаните. Со програмата и буџетот за следната година, верувам дека ќе имаме уште поголем број проекти што заедно ќе ги реализираме. Благодарност и за поддршката и гласовите што Советот ги даде за новиот буџет за 2025 година за да можеме да креираме буџет што ќе одговори на потребите на сите наши сограѓани”, изјави Герасимовски.
Буџетот за наредната година е развоен, реален и транспарентен, а приоритетните капитални проекти се: финализирање на реконструкцијата на спортската сала „Работнички“, изградба на нова општинска зграда со подземен паркинг, реконструкција на улиците во локалитетот Тасино Чешмиче, во населбата Капиштец и во реонот на Дебар Маало, реконструкција на улицата „50 Дивизија“, пренамена на улицата ,,Мирослав Крлежа” во пешачка зона и модернизација на јавното осветлување со воведување ЛЕД технологија и примена на современи техники за управување и надзор.
Во областа на образованието, обезбедени се средства за реконструкција на училиштата, набавка на униформи за учениците, информатичка опрема, како и за инсталирање фотоволтаични системи на три детски градинки.
Во делот на животната средина, акцентот е ставен на набавка на мерни сензори за бучава, мобилни уреди и мапирање на бучавата, а планирани се средства и за санација и поставување урбана опрема, реконструкција на игралишта, паркови и зелени површини.
Во сегментот социјална заштита обезбедени се средства за новиот проект „итно копче“ за помош во итни ситуации за повозрасни лица и пакет услуги за деца и жени жртви на насилство, како и превенција од дроги и зависности. Во програмата за култура, на барање на советниците додаден е проектот ,,Прошетка со граѓаните за запознавање на знаменитости на Центар“.
Во делот на спортот, обезбедено е финансирање на КК ,,Работнички” и организација на натпревари во рамките на Лига Центар, со цел да се поттикне спортската активност и да се создадат услови за развој на младите спортисти.
Во буџетот се предвидуваат финансии и за одржување на постоечката инфраструктура, сервисирање тековни потреби на граѓаните и редовните проекти од сите сфери кои се покажаа како успешни, меѓу нив: сервис за стари лица, еднократна помош за новороденчиња и социјално загрозени семејства, стипендии за талентирани ученици и ученици од семејства во социјален ризик, Феникс награда, награди за најдобрите наставници и негувателки, како и обезбедување средства за хигиена и тековно – оперативни трошоци во градинките и основните училишта во Општина Центар.