Скопје
Продолжува одличната соработка на Скопје и Нирнберг
Делегацијата на збратимениот град Нирнберг, која пристигна вчера со првиот лет од нововоспоставената авионска директна линија Скопје – Нирнберг, денеска остварија средба со делегација на градот Скопје, предводена од заменик-градоначалникот на Скопје, Борче Георгиевски.
„Сакам да Ви пожелам добре дојде во Скопје и се надевам дека за време на Вашиот престој ќе успеете да видите дел од убавините коишто ги нуди нашиот град. Нашата соработка е на високо ниво, а истата е најзастапена во областа на културата, образованието, спортот и противпожарната заштита. Во нашата долгогодишна соработка остварени се голем број средби и размени, а јас имав можност неодамна да го посетам Вашиот град, како дел на посетата на здравствените институции во Нирнберг. Вчерашниот ден и воведувањето на авионска директна линија Скопје – Нирнберг е историски во развојот на односите помеѓу нашите градови, бидејќи сега имаме можност одличното пријателство помеѓу двете институции да го прошириме на ниво на граѓаните на двата града“, кажа Георгиевски.
Заменик-градоначалникот на Нирнберг, Кристијан Фогел, се заблагодари за одличниот прием во Скопје, пренесувајќи ги поздравите од градоначалникот на Нирнберг, Улрих Мали. Тој потенцираше дека одличната соработка треба да продолжи да се развива и двата града треба заедно да работат на зближување на граѓаните.
Покрај заменик-градоначалникот Фогел, во делегацијата на градот Нирнберг беа и Герхард Кругер, Почесен конзул на Баварија за Република Македонија, претставниците на Советот на Нирнберг, Насер Ахмед, Мак Хофкес и Елке Лео, како и Норберт Шургер, Раководител на службата за меѓународна соработка на Град Нирнберг.
Соработката на Скопје и Нирнберг трае повеќе од половина век, која почна во далечната 1963 година, кога овој град се вклучи во помошта за Скопје по катастрофалниот земјотрес. Скопје и Нирнберг го потпишаа договорот за збратимување во 1982 година и соработката помеѓу двата града е на високо ниво, а истата е најзастапена во областа на културата, образованието, спортот и противпожарната заштита.
Изминативе години во рамките на оваа соработка се реализирани голем број работни посети на највисоко ниво, како и голем број посети на уметници, музичари, ученици и на студенти. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟢𝟦 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 08.12. до 14.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 104 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
(Видео) Левицата: Лицата со аутизам и Даунов синдром ќе добијат бесплатен паркинг во Скопје
Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе амандмани за измена на Програмата за повластен паркинг за лицата со попреченост.
Оваа Програма опфаќа одредени категории на лица со попреченост, но лицата со аутистичен спектар и Даунов синдром не беа опфатени, велат од партијата Левица.
„Четири години од оваа говорница се бориме за измена на оваа Програма.Секогаш се наоѓаше некаков изговор да не се направи тоа.На лицата со попреченост им е доста од изговори.Родителите на деца со аутизам и Даунов синдром и онака имаат големи финансиски издатоци за лекување на нивните деца кои Фондот за здравство не ги рефундира, плаќаат приватно дефектолози и сл.така да плаќањето на паркинг простор им е дополнителен товар, бидејќи некои од нив оваа услуга ја користат секојдневно” – истакна во своето излагање Катерина Јовановска- координаторот на советничката група на Левица.
„Иако првично од страна на Градот амандманите не беа прифатени, по аргументираното излагање на Јовановска Советот едногласно изгласа Заклучок – Програмата да биде изменета и лицата со аутистичен спектар и Даунов синдром да добијат повластен паркинг.
Истово ќе важи и за лицата со попреченост кои што не живеат во Скопје, а доаѓаат во главниот град за лекување“, се додава во соопштението на партијата Левица.

