Свет
ЕУ воведе санкции за Унгарија
Европската унија воведе санкции спрема Унгарија поради неисполнувањето на планот за намалување на буџетскиот дефицит.
Европската унија воведе санкции спрема Унгарија поради неисполнувањето на планот за намалување на буџетскиот дефицит.Ова во вторникот го пренесува AFP повикувајќи се на неименуван дипломатски извор од Европската унија.„Одлуката беше прифатена во текот на средбата во Брисел“, го цитира агенцијата нејзиниот извор.Така Унгарија стана првата земја од ЕУ врз која се воведуваат санкции во рамките на ткн „Пакетот од шест легислативни иницијативи“. Засега нема информации на што точно се однесуваат санкциите.Унгарија, инаку, е во многу тешка економска ситуација. Во декември Европската комисија и ММФ ги прекинаа разговорите со Будимпешта за пакетот помош во износ од околу 20 милијарди долари, токму поради новите уставни реформи кои наидоа на многу критики од страна на челниците на ЕУ.Европската комисија минатиот петок ја предупреди Унгарија дека мора да ја обезбеди независност на нејзината централна банка како предуслов за добивањето меѓународна финансиска помош.Станува збор за тоа што Унгарија од почетокот на годинава на сила стапи новиот устав на земјата, а на самиот крај од минатата година беа донесени неколку закони коишто треба да го со обезбедат неговото спроведување. Еден од нив е законот за Унгарската централна банка, кој според оцената на Европската комисија ја загрозува независноста на оваа институција. Според новите одредби во унгарскиот устав, Монетарниот совет на Унгарската централна банка се проширува за уште два члена коишто ги именува владата. Се предвидува, исто така, и спојување на Унгарската централна банка со државната Агенција за финансиски надзор. На челото на таа нова институција би дошла личност којашто би била именувана од премиерот, додека гувернерот на централната банка би бил само потпретседател. Под притисок на Европската унија, се чини дека унгарскиот премиер Виктор Орбан, чијашто партија Фидеш има двотретинско мнозинство во парламентот, почнува да прави пресвртница. Во петокот Орбан изјави дека Унгарската централна банка и Агенцијата за финансиски надзор функционирале одвоено и дека така ќе биде и во иднина./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

