Свет
Шпионот Сутјугин останал близу Лондон

Научникот Игор Сутјугин кој одлежа седум години затвор за шпионажа во полза на западни земји вчера беше разменет во големата шпионска афера на релација САД – Русија, се наоѓа во мал провинциски град близу Лондон
Оваа информација ја добила агенцијата РАПСИ еден од блиските пријатели на научникот Игор Сутјагин кои со него контактирал по телефон. „Сега се наоѓам во мал провинциски британски град. Кај мене го имам рускиот пасош, но немам влезна виза. Не знам кај кого сум на сместен. Во понеделник ми ветија редба со официјални лица на ќе се реши прашањето за визата и за мојот натамошен престој на територијата на Велика Британија“, рекол соговорникот на Сутјугин за агенцијата.Сутјагин додал дека веќе разговарал со некои свои роднини на кои им рекол дека е сместен во мал хотел. Не бил ограничен во движењето, но бидејќи немал виза тој не сакал многу да престојува на улица „Написите кои се јавија во некои весници дека може да побарам политички азил во Велика Британија се шпекулација. Сепак јас ќе ја разгледам ситуацијата меѓу Русија и Велика Британија околу мене, и ќе одлучам за местото каде што ќе го продолжам престојот, наводно рекол помилуваниот западен шпион осуден во Русија. Неговата адвокатка, Ана Савитцкаја и неговиот брат Дмитриј Сутјагин потврдиле за РИА Новости дека Игор стапил во контакт со нив и дека се наоѓа во мало место во предградието на Лондон.Како што претходно објавија медиумите, авионот со кој CIA во Виена ги презема ослободените четири шпиони на пат за САД слетал во воената база на Кралското британско воздухопловство Бриз Нортон во англиската област Оксфордшир. Веднаш потоа беше објавено дека двајца од четворицата мажи останале во Велика Британија. Покрај Сутјуги, британските медиуми пишуваат дека во Британија останал и Сергеј Скрапил.Игор Сутјагин е поранешен научник за воено-техничка и воено-економска политика на одделот за надворешни истражувања надворешна политика во Истражувачкиот институт на САД. Пролетта на 2004 г., Московскиот градски суд, го осуди на 15 години затвор за „антидржавно дејствување во форма на шпионажа“. Тој беше обвинет за издавање информации во врска со подморници и ракетни системи за предупредување на британска компанија, под чија маска според руските безбедносни служби се криела CIA.Сергеј Сркипал, пак, поранешниот полковник на воената разузнавачка служба ГРУ. Во 2006 г. беше осуден на 13 години затвор заоддавање тајни на британската тајна разузнавачка служба МИ-6, односно ги предал имињата на руски агенти кои тајно оперираат во Европа, за што му било платено околу сто илјади американски долари
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин до Западот: Купија билет и не патуваа, само за да се налутат на кондуктерот: рускиот енергетски систем работи беспрекорно

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека одбивањето на европските земји да се потпираат на руските енергетски ресурси сериозно ја поткопа конкурентноста на нивните економии и доведе до пад на индустриското производство и пораст на цените низ целиот континент.
Зборувајќи на пленарната сесија на Руската недела на енергија во Москва, Путин истакна дека постапките на западните политички елити „ја уништија глобалната енергетска инфраструктура“, нагласувајќи дека политичкиот притисок довел до ирационални одлуки во ЕУ, според западните медиуми.
„Многу европски земји, под политички притисок, одбија да купуваат руски енергетски производи. Веќе неколку пати предупредив за последиците – не за Русија, туку за самите тие земји. Гледаме пад на индустриската активност и пораст на цените поради поскапата нафта и гас од странство“, рече Путин.
Тој додаде дека, по забраната за соработка со Русија, западните компании почнаа да ја губат својата технолошка предност и да го намалуваат производството, додека руските експерти станаа „технолошки лидери“ на пазарот.
„Што направија? Купија билет и не патуваа – само за да се налутат на кондуктерот. Каква глупост.
Нашиот енергетски систем е еден од најголемите во светот. Овој огромен комплекс работи сигурно и ефикасно“, заклучи претседателот на Русија.
Свет
Кремљ: Путин го предупреди Трамп за време на разговорот

Во денешниот телефонски разговор, рускиот претседател Владимир Путин го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека испраќањето крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина ќе го загрози мировниот процес и ќе им наштети на односите меѓу САД и Русија. Веста беше потврдена од Кремљ во официјално соопштение, пренесуваат медиумите во регионот.
Според Кремљ, Путин изразил загриженост поради можноста напредното американско оружје во рацете на украинските сили да доведе до понатамошна ескалација на конфликтот. Предупредувањето јасно посочи дека таков потег од страна на Вашингтон би имал директни негативни последици врз билатералните односи на двете сили.
Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, им изјави на новинарите дека Путин во разговорот нагласил дека руските сили во моментов имаат „целосна стратешка иницијатива“ по целата линија на фронтот во Украина.
Ушаков додаде дека денешниот повик, кој траел речиси два и пол часа, бил инициран од руска страна. Тој, исто така, објави дека на планираниот нов самит меѓу двајцата претседатели ќе му претходи разговор меѓу државниот секретар на САД, Марко Рубио, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој се очекува да се одржи во наредните денови, пренесува index.hr.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан по разговорите Трамп-Путин: Голема вест за мирољубивите луѓе, подготвени сме

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наскоро повторно ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а овој пат средбата ќе се одржи во Будимпешта. Двајцата лидери се согласија за нов самит за време на телефонски разговор.
Унгарија е подготвена да биде домаќин на самитот Русија-САД, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Планираната средба меѓу американскиот и рускиот претседател е голема вест за мирољубивите луѓе низ целиот свет. Подготвени сме!“ напиша тој на X.
Трамп и Путин последен пат се сретнаа пред два месеци во Алјаска, но таа средба не донесе конкретен напредок кон мирот во Украина, по што следеше период на дипломатско затишје меѓу Вашингтон и Москва, анализираат медиумите.
Денешниот телефонски повик не беше објавен со денови, за разлика од некои претходни, а аналитичарите истакнуваат дека времето на неговото случување е исклучително значајно. Имено, Трамп утре треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Клучната тема на нивниот разговор ќе биде можното испраќање американски ракети со долг дострел „Томахавк“ во Украина, што би претставувало значително зголемување на воената помош за земјата.
Фото: принтскрин