Компании
Apple очекува пад на приходите и продажбата на iPhone
Приходите и добивката на Apple во изминатото тромесечје достигнаа рекордно ниво, сепак цената на акциите на тој технолошки гигант значително падна бидејќи компанијата најави пад на приходите и продажбата на iPhone во тековниот квартал.
Според бизнис извештајот објавен во вторник, Apple во изминатиот квартал остварил чиста добивка од 18,4 милијарди долари, додека во истиот период година дена претходно забележа добивка од 18 милијарди.Приходите на компанијата порасна во изминатиот квартал за 1,7 отсто на годишно ниво, на рекордни 75,9 милијарди долари.Притоа Apple вкупно продаде 74,8 милиони телефони, што е само 0,4 отсто повеќе во однос на истиот квартал претходната година и најбавниот раст од 2007 година, кога овој најважен производ на компанијата се појави на пазарот.Последица на тоа е забавувањето на продажбата на пазарите во Кина, Хонг Конг и Тајван. Во изминатото тромесечје приходите на Apple на тие пазари достигнаа18,4 милијарди долари. Тоа е 14 отсто повеќе од претходната година, но во претходните квартали растот беше значително поголем.Забавениот раст на приходите на компанијата се припишува и на високиот курс на доларот бидејќи заради тоа паѓаат приходите на американските компании на странските пазари. Изминатата година вредноста на доларот наспроти најважните светски валути порасна околу 9 отсто.Apple проценува дека заради тоа приходите во изминатото тромесечје му се намалени за пет милијарди долариИ покрај рекордната добивка и приходите, цената на акциите на Apple, кои од почетокот на годината загубија пет отсто, падна во вторник во продолженото тргување на Волстрит за уште два отсто.Тоа е последица на разочарувачките прогнози за идниот раст. Apple, имено, во првото тромесечје оваа година очекува приходи меѓу 50 и 53 милијарди долари, додека во истиот период лани забележа приходи од 58 милијарди.Ако се остварат овие проценки, ќе биде тоа прв квартален пад на приходите на оваа компанија од 2003 година.Apple, притоа, очекува и пад на продажбата на iPhone во тековниот квартал на 50 до 52 милиони уреди, додека во истиот период лани продаде 61 милион од овие уреди.Компанијата ни овој пат не ги објави бројчаните податоци за продажбата на Apple Watch, нејзин прв целосно нов производ од 2010 година, но аналитичарите велат дека малку е веројатно дека тој производ станал толкав погодок како iPhone во првата година кога се појави на пазарот. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

