Спорт
Четврта победа за Мичелис на SEAT León Eurocup 2009
Тој немаше многу успешен старт поради инцидентот кој се случи во првиот круг беше резултат
Норман Мичелис беше вратен на петтата позиција, зад Матејовски, Хатвани, Ларини и Фулин. Додека се опоравуваше од новиот тек на работите, изненадување приреди унгарскиот возач Балинт Хатвани кој не само што заврши како второ пласиран на втората трка, туку ја имаше и лидерската позиција во текот на четвртиот круг. Во наредните три последователни круга, Мичелис ги престигна Ларини и Матејовски, приредувајќи спектакуларна трка и заземајќи ја лидерската позиција во текот на тринаесеттиот круг, притоа користејќи ја предноста пред Хатвани, кој кого во текот на трката дојде до проблем на неговиот екран. Од тој момент се случија неколку измени во текот на трите наредни круга, овозможувајќи му на Мичелис да ја понесе четвртата победа во текот на ова сезона.Наредната трка од SEAT León Eurocup 2009 шампионатот ќе се одржи во Имола, Италија на 19 и 20 септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Пеп Гвардиола изгребан и крвав се појави пред новинарите
Во натпреварот од 5. коло на Лигата на шампионите, фудбалерите на Манчестер сити загубија три гола предност против Феенорд на „Етихад“, а менаџерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола тешко го издржа шестиот последователен дуел во кој неговиот тимот не успеа да победи.
По пет порази во низа, следеше реми со тимот од Ротердам, што остави последици по физичкиот изглед на трофејниот шпански тренер. Гвардиола се појави пред ТВ камерите со расекотина и крв на носот и гребаници на неговата глава.
„Сакав да се самоповредам“, одговори Пеп, а снимката брзо стана виралена.
Манчестер сити е на 15.место во Лигата на шампионите со осум освоени бодови, а во следното коло му гостува на Јувентус. „Граѓаните“ се на втората позиција во Премиер лигата со осум бода помалку од водечкиот Ливерпул на кого му гостуваа викендов.
Pep Guardiola ‘I want to harm myself’ pic.twitter.com/wICatn2jZq
— SleeperFootball (@SleeperFooty) November 26, 2024
Спорт
Белингем: Ја загубив насмевката по Европското првенство
Англискиот репрезентативец и напаѓач на Реал Мадрид, Џуд Белингам изјави дека се чувствува како „жртвено јагне“ откако неговата репрезентација во јули не успеа да го освои Европското првенство.
„Морам да бидам искрен, ја загубив насмевката по Европското првенство. Се чувствував како да ме малтретираат неправедно во однос на она што го дадов. Почувствував остра критика упатена кон мене. Се чувствував малку како „жртвено јагне“. Можеби тоа е самосожалување“, изјави Белингам.
Белингем пред почетокот на Европското првенство со Реал ја освои титулата во Шпанија и Лигата на шампионите, а беше прогласен за играч на сезоната во Шпанија.
„Мислам дека придонесов за репрезентацијата во некои важни моменти, а на крајот како цел свет да ми се сруши, особено три дена по финалето на ЕП. Не се чувствував добро“, заклучи Белингам.
Спорт
Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ: Плутократо е.и се
Фудбалерите на Баерн, во Минхен го победија Пари Сен Жермен (1:0) во петтото коло од Лигата на шампионите. Пред почетокот на натпреварот на мета на домашните навивачи беше претседателот на „светците“, Насер Ал-Келаифи.
Навивачите на Баерн на една од трибините истакнаа транспарент со порака:
„Министер, сопственик на клуб, сопственик на ТВ права, член на извршниот комитет на УЕФА, директор на Европската клупска асоцијација сè во едно?“, пишуваше на еден транспарент.
На вториот истакнаа уште една порака:
„Фудбал, тоа сум јас? Е.и се плутократо Ал-Келаифи“.
Арапскиот милијардер на чело на ПСЖ, исто како и сопствениците на Манчестер сити и некои други новоформирани богати клубови, не се по вкусот на навивачите на клубовите со голема традиција.