Свет
Функционер на Пентагон регрутирал платеници за справување со тероризмот
Висок функционер на американскиот “Пентагон“ формирал единица на платени војници кои учествувале во лоцирање и ликвидирање на екстремисти во Авганистан и Пакистан, пишува во
Висок функционер на американскиот “Пентагон“ формирал единица на платени војници кои учествувале во лоцирање и ликвидирање на екстремисти во Авганистан и Пакистан, пишува во денешното издание на весникот Њујорк Тајмс.
Според пишувањата на весникот, Мајкл Фурлонг инаку пензиониран воздухопловен офицер кој работел како цивилен функционер во Пентагон, регрутирал припадници за новоформираната единица од веќе постоечки компании за обезбедување кои често биле вработувани од страна на американските Централни разузнавачки агенции.
Платениците биле задолжени да прибираат податоци за екстремистите во делот на авганистанско-пакистанската граница.
Според пишувањата, Фурлонг пренаменувал дел од парите наменети за прибирање информации токму кон оваа единица.
Според информации на весникот, американските власти не можат да потврдат кој го одобрил ваквиот проект, а не е познато дали во акциите имало и жртви.
Операциите на платениците биле запрени, а Пентагон веќе спроведе внатрешна истрага поради сомневање дека сторил тешки кривични дела./крај/тн/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Судијата го одби барањето да се одложи пресудата на Трамп за случајот со Сторми Даниелс
Пресудата за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во случајот со актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс е закажана за петок, откако судијата ја одби жалбата на адвокатите на Трамп.
Судијата Хуан Меркан нареди пресудата да биде изречена во петок, нешто повеќе од една недела пред Трамп да ја преземе функцијата.
Трамп, кој би можел да стане првиот претседател во историјата на САД кој ќе влезе во Белата куќа со кривична пресуда, сепак може да побара од Апелациониот суд да го одложи изрекувањето на пресудата или да побара интервенција од друг суд.
Адвокатите на Трамп претходно посочија дека случајот може да стигне до Врховниот суд на САД.
Адвокатите му кажаа на судијата дека Трамп ќе присуствува на изрекувањето на пресудата преку видео врска.
Додека Трамп тврдеше дека за претседателскиот имунитет и за неговиот претстоен втор мандат е потребно поништување на пресудата, Меркан во својата пресуда од 3 јануари напиша дека само ако се стави крај на оваа работа ќе биде во интерес на правдата.
Трамп ќе има можност да зборува на изрекувањето на пресудата како и неговите адвокати и обвинители.
Откако ќе му биде изречена казната, може да се жали на пресудата, како што најави.
Случајот произлезе од исплата на 130.000 долари од поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, на актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс.
Исплатата, според обвинението, била компензација за нејзиното молчење пред изборите во 2016 година за сексуален однос со Трамп за кој Сторми тврди дека се случил пред една деценија, што тој го негира.
Поротата на Менхетен во мај го прогласи Трамп за виновен по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја за да се прикрие исплатата.
Тоа беше првпат американски претседател, поранешен или сегашен, да биде осуден или обвинет за кривично дело.
За фалсификување деловни книги се предвидува затворска казна до четири години, но затворската казна не е задолжителна.
Свет
Данскиот крал го промени кралскиот грб поради интересот на САД за Гренланд
Данскиот крал Фредерик ги изненади историчарите со промената на кралскиот грб, кој сега во поголема мера ги истакнува Гренланд и Фарските Острови, што многумина го толкуваат како одговор на изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд.
Помалку од една година откако ја наследи својата мајка, кралицата Маргрете, која абдицира на 31 декември 2023 година, кралот Фредерик јасно ја кажа својата намера да ги задржи Гренланд и Фарски Острови во рамките на Данска.
Имено, сега е променет претходниот дански кралски грб на кој се користеа три круни, симболот на Калмарската унија меѓу Данска, Шведска и Норвешка.
I didn’t know you could just change heraldry like this, assumed there was some kind of archaic system, with councils and so forth. https://t.co/vrTbPcuY1h
— Gregory Brew (@gbrew24) January 7, 2025
Трите круни се отстранети и заменети со поларна мечка и овен, симболизирајќи ги Гренланд и Фарските Острови, пишува Гардијан.
Промената дојде во време на зголемени тензии околу Гренланд, кој сè уште има автономија, но Данска ја контролира неговата надворешна и безбедносна политика.
Denmark’s king changes coat of arms with a message for Trump in his bid to buy Greenland https://t.co/TzHTTKDCFL
— Daily Mail Australia (@DailyMailAU) January 6, 2025
Трамп минатиот месец повторно рече дека сака САД да го купат Гренланд, додека премиерот на Гренланд, Муте Егеде, ја обвини Данска за геноцид поради истрагата за задолжителната употреба на контрацепција во 1960-тите и 1970-тите.
Исто така, синот на Трамп, Доналд Трамп Јуниор, планира да го посети Гренланд денеска, а официјалните лица рекоа дека посетата ќе биде приватна и дека Трамп помладиот ќе се фокусира на снимање материјал за подкаст.
Свет
(Видео) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 95 лица, над 130 повредени
Бројот на загинати во земјотресот што утринава го погоди Тибет се искачи на 95, додека бројот на повредени достигна 130, пренесе „Ројтерс“.
Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина.
Повеќе од 1.000 куќи се уништени, а екипите трагаат по преживеани под урнатините и им делат ќебиња и други материјали на погодените, објавија кинеските државни медиуми.
Според кинеската метеоролошка управа, моменталната температура во областа е минус осум, но до вечерва ќе се спушти до минус 18.
Луѓето останаа без вода и струја.
Влезот во Националниот парк Монт Еверест е затворен.
Тројца посетители кои биле на разгледување биле преместени на безбедно, објави кинеската државна телевизија.
(Видео) Луѓето панично бегаат, на улиците хаос – снимен моментот од силниот земјотрес на Тибет