Свет
Ураганот „Томас“ го пустоши Фиџи
Повеќе од 5.000 луѓе беа евакуирани, а илјадници живеалишта оштетени како последица на силниот ураган кој утринава го погоди северниот дел од островот Фиџи, соопшти локалната Канцеларија за природни катастрофи и несреќи од островот.
Ураганот Томас што ја погоди островската држава ја достигна четврта категорија и беше проследен со ветрови од 175 км/ч, а се очекува во наредните 12 до 24 часа нивната брзина да се зголеми и да достигне неверојатни 270 км/ч, соопштија тамошните метеоролози.Силните ветрови предизвикаа и бранови високи до 7,2 метри, па бродскиот сообраќај беше забранет за сите видови пловни објекти во близина на архипелагот. “Својата најголема сила ураганот треба да ја достигне во текот на ноќта или во вторник наутро“, изјави локалниот шеф на метереолошката служба, Рејендра Прасад.
Од живеалиштата досега се евакуирани повеќе од 5.000 лица, а за нивното сместување се погрижиле локалните власти. Засега патиштита се блокирани од урнати дрвја и далноводи а прекинати се и сообраќајните врски со останатите острови. На најголем удар е изложен островот Вануа Леву, а ураганот се движи кон Вити Леву. На Архипелагот Фиџи живеат околу еден милион жители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.