Спорт
Арсенал и Челзи со пресврти, Манју со мака до три бода
Во вторникот беа одиграни првите четири натрпевари од 25-то коло на англиската Премиер лига во кои фаворитете однесоа победи, па на врвот останува статус-кво ситуацијата во која Манчестер јунајтед има предност пред противниците
Арсенал на својот „Емирати“ го совлада Евертон со 2:1, иако особено во првото полувреме се наоѓаѓе пред тешки искушенија. Гостите од Ливерпул покажаа подопадлива и поорганзиирана игра со која напаѓачите на Евертон беа почесто пред голот на „топчиите“. Таквата ирга резултираше со гол во 24. минута, иако најверојатно беа оправдани протестите на домашните фудбалери дека стрелецот Луи Саха при приемот на топката се наоѓаше во недозволена офсајд ситуација. Арсен Венгер во второто полувреме ги дисциплинираше своите играчи, но тебаше да измине доста период за да се исполната надежите на домашните навивачи, но и одбраната на Евертон да направи катастрофална грешка, за во 70 минута Андреј Аршавин да го изедначи резултатот. Кова веќе земаа залет, тешко беше да се спречат фудбалерите на Арсенал да јуришаат и на другите два бода, за за тоа не им беше потребно толку време зашто веќе во 76. минута Кошчиелни со удар со глава.Иако резултатот 3:1 во полза на Манчестер јунајтед против Астон вила, не говори така, не одеше се лесно „Олд Трафорд“ за „црвените ѓаволи“. По подолго време следевме настап на Јунајтед во кој главниот збор го имаше Вејн Руни кој постигна два гола (само третиот и четвртиот во оваа сезона во црвениот дрес, но треба да се има предвид дека оподолг период беше повреден) а беше асистент и за третиот погодк кој во 64. минута го постигна Немања Видиќ. Претходно Руни во првата и во последната минута од првото полувреме му донесе водствот на Јунајтед од 2:0, а во 59. минута во својот втор настап за Астон вила, Дарент Бент го постигна својот втор гол за новиот клуб намалувајќи го резултатот на 2:1.Дебитирањето на Фернандо Торес во дресот на Челзи се разбира е оствено за „Стмфорд бриџ“. Но и без него „сините“ на гостувањето кај Сандерленд остварија важна победа од 4:2. Беше тоа меч со многу итнересно и полно со пресврти прво полувреме и второ во кое се уште актуелниот англиски шампион ја докажа разликата во класите. Домашните поведоа во 4. минута со голот на Бардсли, а Челзи изедначи преку Лампард во 15. минута од пенал, за потоа во 23. минута да дојде до водствот преку Калу, кои беше анулирано од Астон вила четири минути подоцна со голот на Ричардсон. Во вториот дел Џон Тери во 60. и николас Анелка во 90. минута го поставија конечниот резултат.Во четвртиот меч од вторникот, Вест бромвич албион и Виган одиграа 2:2, во натпревар во кој повторно имаше пресврти. Домаќините поведоа преку Одемвинги во 5. минута, а гопстите преку Н,зогбиа во 20. и Вотсон во 43. минута направија пресврт, додека за домашните изедначи Фортчјун со погодокот во 79. минута. Во среда играат Бирмингем – Манчестер сити, Блекбурн роверс – Тотенхем, Блекпул – Вест хем, Болтон вандерерс – Волверхемптон вандерерс, Фулам – Њукасл и Ливерпул – Сток сити. На табелата води Манчестер јунајтед со 54 бодови, Арсенал е втор со 49. трет е Манчестер сити со 45 а Челзи е четврт со 44 бодови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рајмунд сензационален победник на малата скокалница
Германецот Филип Рајмунд ја шокира конкуренцијата и го освои златниот медал на малата сколаница на Зимските олимписки игри во Милано и Кротина.
Покрај Германецот изненади и Полјакот Каспер Томашијак, тој заврши на втората позиција.
Оценките на судиите беа пресудни, во борбата межу нив двајца. Филип Рајмунд го освои златниот медал, и покрај тоа што Каспер Томашјак имаше подолги скокови и во првата и во втората серија. Благодарение на неговиот добар стил и доскок, Германецот стана олимписки шампион и покрај тоа што нема ниту победа во Светскиот куп.
Бронзата им припадна на Грегор Дешванген од Швајцарија и Рени Никаидо од Јапонија.
Разочара Словенецот Домен Превц, победникот на Новогодишната турнеја и светски првак во ски летовите. На крајот го освои шестото место.
Следниот натпревар, мажите ќе го имаат на 14 февруари на големата скокалница, ден подцна ќе се натпреваруваат и дамите.
Foto/ EPA
Спорт
Кам-бек на Серена Вилијамс
Серена Вилијамс се враќа на тениските терени.
Оваа ексклузива ја објави американскиот новинар Бен Ротенберг на својот блог.
„До крајот на овој месец, Серена Вилијамс, ќе се стекне со право да се натпреварува, бидејќи завршува шестмесечна програма за тестирање на нејзините можности“, напиша Ротенберг и додаде:
„Враќањето на Серена сега е официјално – официјално“.
Сопственичката на 23 гренд слем трофеи во сингл не играла професионален тенис 1.256 дена, практично откако загуби во третото коло на Отвореното првенство на САД од Ајла Томљановиќ на 2 септември 2022 година.
Една од најголемите тенисерки на сите времиња има 44 години и две деца.
Серена го имаше своето професионално деби во октомври 1995 година, пред 31 година.
Во меѓувреме, таа освои 73 титули во поединечна конкуренција, вклучувајќи седум титули на Австралија Опен, три на Ролан Гарос, седум на Вимблдон и шест титули на Ју-ес Опен.
Таа има и 23 титули во двојки, од кои 14 на „главните турнири“, каде што оствари и два триумфа во микс-дубл. Освои една титула во ФЕД и две во Хопман купот, секако е важно да се споменат четири олимписки златни медали – едно во поединечна конкуренција (2012) и три во двојки (2000, 2008 и 2012) освоени со постарата сестра Венус.
Серена Вилијамс помина 319 недели на врвот на ранг-листата на ВТА.
Ова ја прави втора најуспешна тенисерка во историјата според тој критериум, зад Штефи Граф (377 недели).
Foto/ depositphotos
Спорт
„Ова е доказ зошто ВАР системот апсолутно не функционира“
Легендарниот дански голман Петер Шмајхел се приклучи на дискусиите и негодувањата по дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити, кое гостинскиот тим го доби со 2:1.
Некогаш еден од најдобрите голмани во светот не штедеше зборови кога коментираше за судењето и примената на ВАР технологијата.
Шмајхел, кој долго време јавно го оспорува воведувањето на видео асистентот во фудбалот, конкретно се осврна на ситуацијата на крајот од натпреварот на „Енфилд“.
Контроверзен момент беше поништениот гол на Рајан Шерки, со кој Сити можеше да поведе со 3:1, додека во исто време Доминик Собослај доби црвен картон, откако претходно го фаулираше Ерлинг Халанд.
Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и Сити им изјави на англиските медиуми дека не гледа логика во таквата одлука, потсетувајќи дека главниот судија Крег Посон првично го призна голот. Дури по консултација со својот колега Џон Брукс од ВАР собата ја променил својата одлука.
Шмајхел вели дека интервенцијата била целосен неуспех.
„Едноставно не разбирам. Одлуката на теренот е гол. Требаше така да остане. За мене, ваков епилог е доказ зошто ВАР апсолутно не функционира. Нема смисла да им се дозволи на судиите да прават нешто вакво… Која е целта? И Ливерпул сакаше голот да биде потврден, бидејќи кога го поништија црвен картон доби Собослај“, рече меѓу другото Петер Шмајхел.
Сличен став изрази и менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој по натпреварот оцени дека одлуката не и користи на ниту една страна, прашувајќи „каде е тука здравиот разум?“.

