Свет
Пријави за 19 полицајци од граничниот премин Делчево
Нови кривични пријави против полицајци вработени на граничните премини. Според МВР, станува збор за 19 полициски службеници од граничниот премин Делчево за кои е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување.
СВЕТЛАНА УНКОВСКА
Нови кривични пријави против полицајци вработени на граничните премини. Според МВР, станува збор за 19 полициски службеници од граничниот премин Делчево за кои е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување.
Внатрешна контрола на МВР веќе подолго време имала сомневања дека 16 полицајци пропуштале камиони во земјава со поголема тежина од дозволената, додека тројца без никакво одобрение издавале службени магацини под закуп. Се претпоставува дека за направената услуга земале одреден паричен надомест, но за тоа полицијата нема докази.
За ниту еден од овие 19 гранични полицајци не се води дисциплинска постапка и тие не можат да бидат суспендирани, бидејќи според законот делата им се постари од 6 месеци. Засега само се прераспоредени на друго работно место.
Полицијата имала сознанија дека нивните колеги на преминот Делчево веќе подолго време пропуштале камиони да влезат во земјава кои ја надминувале максимално дозволената тежина од 40 тони, а притоа не им наплатувале мандатни казни. Постојат индиции дека им земале одредена сума пари која на крајот од смената си ја делеле, но за тоа нема докази.
Полицијата вели дека задоцнила со прибавување на доказите за земање поткуп, бидејќи по последното големо апсење на полицајци и цариници од неколку гранични премини во земјава, кои се осомничени дека земале мито, вработените почнале да работат според сите прописи. Оттогаш наваму ниту едно возило не било пропуштено без да ја плати мандатната казна или да ја обезбеди потребната документација за вонреден превоз, тврдат од полицијата.
Што се однесува до новите кривични пријави, од МВР информираат дека по извршената контрола било утврдено дека во 25 случаи полициските службеници ги пропуштале камионите со над дозволената тежина. При увидот во документацијата на камионите кои ја преминале македонската граница со над 40 тони тежина, било утврдено дека во ниту еден случај не е наплатена мандатна казна од 2 илјади денари, ниту, пак, била побарана вонредна дозвола за превоз на стоката. Со ова постои сомнение дека полицајците за одредена сума пари ги пропуштале камионите, но за тоа МВР нема докази.
„Доколку ги фатевме како земаат пари, кривичната пријава ќе беше и за кривично дело земање поткуп, но бидејќи ги немаме доказите, поднесена е само кривична пријава за злоупотреба на службената положба“, изјави вчера Воислав Зафировски, помошник-министер и раководител на Секторот за внатрешна контрола. Утврдено е дека со пропуштените 25 камиони била направена штета од околу 165 илјади денари.
МВР поднело кривична пријава и за уште тројца полицајци на истиот граничен премин. Поранешниот началник на Регионалниот центар, неговиот заменик и раководителот на Одделението за административна и логистичка поддршка на АД „Палтекс“ од Делчево му овозможиле да користи два магацина во вкупна површина од 280 квадратни метри за складирање текстилна стока. Магацините биле издадени на користење без никој од МВР да биде запознаен. За ова, најверојатно, си наплатувале месечна кирија, пари кои никаде не се евидентирале. Тројцата полициски службеници ќе одговараат за злоупотреба на службената должност, затоа што без ничија согласност ги издавале магацините на користење.
Минатиот месец МВР спроведе акција на граничните премини Деве Баир, Табановце, Меџитлија и Богородица, при што беа приведени 41 лице, осомничени за примање поткуп и за помагање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте не сакаше да ги коментира тензиите меѓу САД и европските сојузници околу Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека нема јавно да ги коментира тензиите меѓу САД и нивните европски сојузници поради барањето на американскиот претседател Доналд Трамп — САД да го преземат Гренланд.
„Можете да бидете сигурни дека работам на ова прашање зад сцената, но не можам тоа да го направам јавно“, рече Руте за време на панел-дискусија на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, пренесе „Ројтерс“.
Тој додаде дека претседателот Трамп и другите лидери се во право кога велат дека Арктикот мора да биде заштитен од руско и кинеско влијание.
„Мораме да сториме повеќе таму. Мораме да го заштитиме Арктикот од руско и кинеско влијание. Работиме на тоа — да обезбедиме колективна одбрана на арктичкиот регион“, изјави Руте.
Регион
Црна Гора ќе затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување кон ЕУ следната недела
Црна Гора би можела да затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување со Европската Унија (ЕУ) следната недела, а тоа е Поглавје 32, финансиски надзор, изјави црногорската министерка за европски прашања, Маида Горчевиќ.
Таа истакна дека поглавјето 32, кое е под надлежност на Министерството за финансии на Црна Гора, било технички подготвено претходната година, но неговото затворање било одложено поради внатрешните процедури на Европската комисија и земјите-членки.
„Од наша страна, беше испратена јасна порака дека ќе ги исполниме сите обврски што се очекуваат на европскиот пат. Од друга страна, Европската комисија очекува посилна борба против организираниот криминал и корупцијата, зајакнување на граничните премини и дополнително зајакнување на судството“, изјави Горчевиќ во изјава за Радио и телевизија на Црна Гора.
Според неа, брзото затворање на Поглавјето 32 би претставувало важен чекор во амбициозниот план на Владата да ги затвори сите преостанати поглавја до крајот на 2026 година, што би го отворило патот кон полноправно членство на Црна Гора во Европската Унија до 2028 година.
Црна Гора ја поднесе својата апликација за членство во ЕУ во декември 2008 година, а преговорите за пристапување започнаа во јуни 2012 година, и досега затвори 12 од 35 поглавја.
Во декември, Црна Гора затвори пет поглавја, од кои клучни се оние за јавни набавки, слободно движење на капитал и рурален развој, што беше оценето како пресвртница пред влегувањето во нова фаза од преговорите и трансформирањето на земјата од кандидат во сериозен кандидат за членство. Во последните две години, темпото на преговорите на Црна Гора за членство во ЕУ се забрза, но 2026 година е клучна година во која земјата се соочува со предизвици, особено во поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на владеењето на правото, независноста на судството и борбата против корупцијата.
Постои поглавје 31, кое ги опфаќа надворешната, безбедносната и одбранбената политика, чие затворање беше блокирано од Хрватска.
Иако Загреб во тоа време изјави дека не ја блокира Црна Гора, веќе постојат „отворени прашања“ што треба да се решат, меѓу кои бродот Јадран, демаркацијата, исчезнатите лица и гонењето на воените злосторства.
Свет
Италијански медиуми: Мелони бара начин да се извлече од мировната иницијатива на Трамп за Газа
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, се двоуми дали да го прифати повикот од американскиот претседател Доналд Трамп за учество во новоформираниот „Одбор за мир“, објави италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.
Весникот наведува дека Мелони на почетокот го поздравила повикот, но сега се обидува „да се извлече од таа ситуација“. Причината е Членот 11 од италијанскиот Устав, според кој Италија може да биде дел од меѓународни организации што работат за мир, но само врз основа на рамноправност со другите држави — нешто што не се однесува на одборот на Трамп.
Уредникот Симоне Канечиери објаснува дека Одборот што го замислил Трамп наликува на приватна верзија на Обединетите нации, во кој САД имаат водечка улога и каде учеството подразбира „влезна такса“ од една милијарда долари.
Според Канечиери, Трамп сака лично да го реши конфликтот во Газа, но неговата иницијатива сè повеќе наликува на „приватна влада на светот“, каде што членовите и правилата би ги одредувал тој самиот, дури и по напуштањето на Белата куќа.
Повеќе западни сојузници реагирале воздржано на планот, а дипломати предупредуваат дека таков одбор би можел да ја поткопа работата на Обединетите нации.
Според „Ројтерс“, Трамп треба да ја предводи церемонијата за основање на одборот во четврток, за време на Светскиот економски форум во Давос.
Фото: ЕПА

