Свет
Во поплави во северна Индија загинаа 50 лица
Најмалку 50 лица загинаа, а 160 се повредени во поплавите предизвикани од силните дождови во планинската област Ладах, во северна Индија – соопштуваат локалните медиуми.
Најмалку 50 лица загинаа, а 160 се повредени во поплавите предизвикани од силните дождови во планинската област Ладах, во северна Индија – соопштуваат локалните медиуми.
Најтешко е погоден најголемиот град во таа област, Лех.
Од поплавите оштетени се телефонски столбови и аеродромот – изјавил портпаролот на локалната полиција.Погодената област се наоѓа на надморска височина од 3.500 метри, каде вообичаено ретко има врнежи.
Во тек е голема операција за спасување во која ќе учествува и индиската војска.
Ладах е планинска област, населена со будисти./крај.б/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Активистите го обвинија папата Франциско дека не направил доволно за да се искорени сексуалното насилство
Папата Франциско не направи доволно за да се искорени сексуалната злоупотреба од страна на свештенството и прикривањето на овие злосторства, изјавија активисти и жртви на митингот во Рим.
Римокатоличката црква долго време се соочува со обвинувања за сексуална злоупотреба, а овој протест беше организиран пред утрешниот фестивал на Светскиот ден на детето во Ватикан, пренесува Ројтерс.
„Сакаме да ги заштитиме младите луѓе кои присуствуваат на фестивалот“, изјавија дел од организаторите.
Свет
Русите денеска 15 пати го нападнаа Харков, убиени 6 лица
Гувернерот на областа Харков во Украина, Олег Синегубов соопшти дека во напад на руската армија врз тој регион загинале шест лица, а 16 се ранети.
Руската армија употреби ракетни системи С-300 во овие напади, напиша Синегубов на платформата Телеграм како што пренесува Униан, Харков денеска бил цел на 15 пати.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски напиша на платформата X дека руските сили го искористуваат недостатокот на украински системи за воздушна одбрана и нејзината способност да уништува ракетни фрлачи во близина на границата.
Зеленски додаде дека тоа не е слабост на Украина, туку на меѓународната заедница „која три години не се осмели да се справи со терористите на начин на кој тие заслужуваат“.
Свет
Песков: Како наследник на СССР, Русија ја задржува својата позиција за независна Палестина
Русија, како наследник на СССР, останува на ставот дека ја признава независноста на Палестина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Гледаме во контекст дека Палестина беше призната како независна држава уште во времето на Советскиот Сојуз. Русија, како наследник на Советскиот Сојуз, ја задржува оваа позиција“, истакна Песков, пренесува ТАСС.
До денес, Палестина е призната од девет земји-членки на ЕУ.
Осум земји – Бугарија, Кипар, Чешка, Унгарија, Малта, Полска, Романија и Словачка – го презедоа овој чекор во 1988 година, пред да влезат во ЕУ, а Шведска во 2014 година.